TRUTH Social - Социјална мрежа на Доналд Трамп (официјална тема)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541


Оваа нова социјална мрежа чии сопстеност е поранешниот американски претседател Доналд Трамп според најави на iOS поставени во App Store би требало првично да биде достапна на 21 фебруари но сепак сеуште не се официјални овие информации. Истата би требало да биде конкуренција на другите социјални мрежи.

Новата друштвена мрежа на Доналд Трамп е дел од неговата Trump Media & Technology Group (TMTG) компанија, која за време на најавата на TRUTH Social најави дека се спојува со Digital World Acquisition Corp. (DWAC). Со ова спојување се најавува и дека вредноста на компанијата ќе биде околу 875 милиони долари, со можност за дополнителни 825 милиони. Покрај друштвената мрежа, од компанијата се најавува и пуштање на сервис за стриминг на видео TMTG+. Како главна карактеристика на TMTG+ се истакнува содржина која нема да биде „woke“, нешто што ја преполни, посебно новата, содржина на Netflix.


Од тоа што може да се види од сликите кои се објавени од TRUTH Social апликацијата за iOS, истата е со скоро ист дизајн како што е Twitter а Twitter беше омилениот начин на комуникација со јавноста на Трамп и неговата сметка имаше повеќе милиони следбеници.

 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Не знам како не се бунат од Твитер. Исти дизајн е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom