Труман шоу во живо

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Малку филозофски би ја поставил темава, но навистина не е за тој форум.

Мајкл Џексон почина, а вие сите сте го гледале The Truman show со Џим Кери. Првиот живееше живот во кој нема тајни, или барем така светот сакаше да го доживее. Постојан надзор од папараци, без приватност од своето раѓање, целиот живот ни бил достапен на дланка.

Тој беше роден да ни служи, и ни отслужи перфектно. Дали тоа што тој го проживеа може да се нарече живот, без вистинско сфаќање на реалноста, на поимите пари, задоволство, пријателство (во тој шоубиз и пари свет?!), љубов...

Што мислите, би можеле и би сакале да живеете живот како неговиот?
 
Не би. Фино ми е вака, ама од друга страна примамливо е сето тоа внимание и знаењето дека цел свет те знае и си оставил белег.

Конечен одговор: Сепак не. :) Подраг ми е среќниот, исполнет живот од бурниот на Мајкио. И онака секош пола од луѓето што те познаваат јадат гомна за тебе.

А Виктор, не знам зошто мислиш дека ги нема сфатено тие поими што ги наброа? Баш ме интересира.
 
Сите сакаме таков живот Викторе, признале ние, или не.

На суштинско ниво, славата значи прифаќање, љубов. Ултимативната човечка потреба.
И на почетокот навистина делува така. Ти си прифатен, ти си сакан, тебе целиот свет ти служи. Стануваш мало божество. Имаш толпи кои ритуално ти доаѓаат на поклонение. Живееш во рајот за сечие его.

Но, нештата се менуваат (уставри не се менуваат, но почнуваат да ти се откриваат)...Па, сфаќаш дека отплаќаш за сето тоа. Парите кои ги добиваш од толпите и корпорациите, треба да се вратат. А, затоа што ти, како личност, си нивната инвестиција, себе и треба да се продадеш. Да им "отслужиш".
Тука се и медиумите на кои, у огромен дел, им ја должиш својата слава. Тие ја создаваат сликата за тебе, како за бог. Тие може и да ти ја срушат. И го прават тоа.

И одеднаш, алелуја момент...Господарот стануе роб.

Но, тоа не е по ничија вина. Тоа е ствар на преќутна согласност. Ти се слагаш да се ставиш себе си во нивни раце. Тие ти ги даваат своите пари и своето одушевување. Едноставно, си давате едни да други она што ви е потребно. На крај, заемно си ги отплаќате сметките. Купи-продај ситуација.

Затоа и немам разбирање за ѕвездите кои кукаат за одземање на приватноста, уништување на животот од страна на медиумите и збудалените обожаватели и слични жалопојки...Човече, сам се согласуваш на тоа. Го посакуваш тоа. И дебело ти се плаќа за истото.

Да, тажно е што со сопствениот живот, со сам себе, треба да отплаќаш за она што ти е дадено. Али, сам и си се продал, in the first place.
А, како и секој договор со "ѓаволот", кога душата е она што е на продажба, така и ова, нема среќен крај.
 
Тој беше роден да ни служи, и ни отслужи перфектно. Дали тоа што тој го проживеа може да се нарече живот, без вистинско сфаќање на реалноста, на поимите пари, задоволство, пријателство (во тој шоубиз и пари свет?!), љубов...

Чувството да си славен, да те сакаат, да бидеш обожаван, луѓе да паѓаат во несвест по тебе (во буквална смисла на зборот) сум сигурна дека е божествено, но цената што ја плаќа човек е преголема. Нарушено психичко и физичко здравје, постојан штрек да не те следи некој, поимите ќе излезам на улица и ќе си шетам сам без никој да ме следи се незамисливи и невозможни. Ретки се оние кои покрај славата си го зачувале приватниот живот и нивниот сопствен приватен свет.
Тоа што Мајкл Џексон конкретно го проживеа, не може да се нарече живот. Тој во душата по мое мислење беше само едно несреќно дете, со несреќно детство, затоа што неговите го форсирале да биде она што е, тепан со каиши ако згреши макар еден чекор на пробите. Всушност, тој самиот и го нема избрано тоа, а подоцна кога го сфатил тоа веќе беше предоцна за назад.
Таквиот начин на живот не е за сечија психа, не секој човек е доволно силен за да може да го издржи целиот тој притисок.

Што мислите, би можеле и би сакале да живеете живот како неговиот?

Можеби на 5 минути би посакала да ја почувствувам еуфоријата, да видам како е толку луѓе да те сакаат, но ниту би сакала, ниту би можела да поднесам таков товар за целиот мој живот. Како личност воопшто сум помирна, живеам прилично мирен и досаден живот, не сакам многу потреси, земјотреси, гужви и хаоси околу мене, така што јас сум си сосема задоволна и вака.
 
Го имам мојот живот, го сакам животот на славните.
Славните имаат друг живот, го сакаат мојот.
Лето е, сакам зима.
Зима е, сакам лето.

Така било, така е, така и ке биде..

Од оваа перспектива, како човек со навидум нормален просечен живот, животот на славните не е толку убав како што мислиме...Сите ги гледаме само позитивните страни што ги носи славата, никој не ги гледа маните.
Да, ке ни годи press-от, следењето од фановите, статиите и трачовите во весниците, едно време, кај секого различно, но порано или подоцна ке почне да не иритира.

Секој сака да има своја приватност, своја тајна, нешто далеку од светот и очите на другите.
Сите како мали сме ги криеле играчките, сме си правеле скриени бункери и места, сме почнале да пишуваме дневник само заради фактот дека имаме нешто што не го знаат другите. Нешто интимно, со некоја замислена вредност.
Замислете некој да ви го одземе тоа, мразам кога тоа ми се случува. Мразам кога оставам траги со тоа што се регистрирам со една имејл адреса на повеќе страни, па проклетиот гугл може да ме пронајде, а камоли да неможеш да идеш во продавница сам, без некој да те познае.
Исто така никогаш не би бил сигурен дали пријателите ми се вистински пријатели...Јас сега сеуште се прашувам истото, кога имам пријателство основано на заеднички интерес а не пари. Камо ли како се чуствуваат познатите. Можеби е големо клише преправањето дека не си “царот од тунгузија“ само за да најдеш девојка, која ке те сака за самиот ти, а не за парите, но е едино нешто што е логички најдобро за нив, а неможат да го сторат поради светската слава.
Незнам, но мислам дека кога би ко мењал животот со некој познат, би го сменил на кратко, да се изнауживам во позитивните ствари, а потоа би сакал назад.
 
Не беше само животот на Мајкл - Труман шоу. Животот на скоро секоја ѕвезда е таков.Ги следат на секој чекор, со кој биле, како биле, емисии се прават за тоа, телевизии отворија за оваа тематика, веб страните редовно се апдејтуваат со нови информации и слики.

Но тоа е цената на славата. Бараш слава-добиваш слава, но со неа следи и секојдневното следење. Тоа е шоу-бизнисот.

Мајкл Џексон сепак беше голема ѕверка во тој шоу-бизнис. Тој скоро целиот живот го помина под будното око на јавноста. Во средината на 80тите кога беше на врвот, кога и нему му беше интересно да дава интервјуа на сите, беше крал на поп музиката. Кога нему му здодеа од тој живот, медиите почнаа да го потопуваат. Кралот на попот се распаѓа, белото чудовиште ова, смрдениот педофил она... Беше во сенка до пред некое, кога пак се појави со новите концерти. Секоја статија ја користеа колку што е можно повеќе да го потопат, го нарекуваа со секакви имиња. И само што се појави веста за неговата смрт, тој од највреѓаната личност веднаш си ја брати титулата Кралот на поп музиката, музичкиот гениј... Беше потребно човекот да умре за медиите повторно да почнат да го фалат.

Истото тоа Труман шоу им се случува на младите во Холивуд, Бритни Спирс едвај се спаси од тој потоп, Линдзи Лохан веќе е на работ, Никол Ричи се спаси покрај ќерката, Парис Хилтон, Миша Бартон, Роби Вилијамс... еден куп се
Според мене следна на таа листа ке биде и Меган Фокс, денес најубава во Холивуд, а утре ќе биде најголема наркоманка

Убаво кажа Ада, медиумите те ставаат на врвот, но тие и те тргаат од таму.

Секоја чест на сите celebrities кои успееја долго време да се задржат на врвот, без да дозволат медиумите да им го уништат животот.

Никогаш не би го посакала тој нивни живот. Уваво ми е кога шетам и никој не ме познава. Мирот и тишината ми се најважни во животот.
 
Малку ми беше поинаква замислата, односно целта на муабетот, ама не е проблем, одиме во кој правец сакате. Сепак, она кое сакав да го кажам е следново:
Всушност, тој самиот и го нема избрано тоа, а подоцна кога го сфатил тоа веќе беше предоцна за назад.
Труман, од филмот, не го одбра животот кој го живееше во серијата, исто како и Мајкл, кој беше ѕвезда од самото проодување. Тој не знае поинаков живот од оној пред камерите.
Б_О_Ж_И_Н_О напиша:
А Виктор, не знам зошто мислиш дека ги нема сфатено тие поими што ги наброа? Баш ме интересира.
Заради истата работа која прави ти да не можеш да знаеш што е тоа глад, или жед. Никогаш не си имал недостаток на истите. Можеш да претпоставуваш само, ама тоа не значи дека вистински ќе погодиш.

Значи, конкретно, Мајкл, и она кое сакав да го поставам како тема на муабет... што правиме кога ѕвездите не ја одбираат славата, кога живеат за нас?:nesum:
 
Малку ми беше поинаква замислата, односно целта на муабетот, ама не е проблем, одиме во кој правец сакате. Сепак, она кое сакав да го кажам е следново:

Труман, од филмот, не го одбра животот кој го живееше во серијата, исто како и Мајкл, кој беше ѕвезда од самото проодување. Тој не знае поинаков живот од оној пред камерите.

Заради истата работа која прави ти да не можеш да знаеш што е тоа глад, или жед. Никогаш не си имал недостаток на истите. Можеш да претпоставуваш само, ама тоа не значи дека вистински ќе погодиш.

Значи, конкретно, Мајкл, и она кое сакав да го поставам како тема на муабет... што правиме кога ѕвездите не ја одбираат славата, кога живеат за нас?:nesum:
Сметаш дека ако, како Мајкл, уше од пелени се присилени од страна на родителите да бидат celebrity, онда, на малку поголема возраст, не би можеле да донесат поинаква одлука?
 
Значи, конкретно, Мајкл, и она кое сакав да го поставам како тема на муабет... што правиме кога ѕвездите не ја одбираат славата, кога живеат за нас?:nesum:

Зошто ни се потребни ѕвезди , да ги пљукаме , да ги идолизираме , зошто ни е потребно тоа ?
 
Факт е дека обичниот народ сака да го искуси животот на ѕвезда, а пак ѕвездите го сакаат обратното, кога веќе увиделе што се им се уништило со славата.

Во Македонија можеби и е полесно да се живее живот на некоја ѕвезда, отколку во светот, мал народ сме и не се дига многу џева и прашина кај нас... Добро, ќе се најде и по некој „Свет“ што буквално мора да измислува и мести папарацо приказни, кои нашиве „ѕвезди“ мислат дека ќе ги дигнат горе...

Јас лично не би сакал да живеам живот на ѕвезда. Точка.
 
Сметаш дека ако, како Мајкл, уше од пелени се присилени од страна на родителите да бидат celebrity, онда, на малку поголема возраст, не би можеле да донесат поинаква одлука?
А мислиш дека тие луѓе можат воопшто здраво да расудуваат за да донесат било каква одлука? Сеедно, возрасните секако дека можат да донесат одлука, но ниту еден не сум видел дека се откажал од сета слава да стане фармер во Луизијана.
Тоа ме тера да мислам дека тие воопшто не можат да сфатат како изгледа реалноста на нивните фанови и оние кои ги фотографираат на секој чекор. Па прашувам, тоа нормално ли е?
 
Тоа ме тера да мислам дека тие воопшто не можат да сфатат како изгледа реалноста на нивните фанови и оние кои ги фотографираат на секој чекор. Па прашувам, тоа нормално ли е?

Не можат де. Како што не можеме јас и ти да знаеме каков е животот на циганчињата низ град кои се закануваат дека ќе дуваат лепак ако не им дадеш 10 денари. Нормално е. Еден огранок на еволуцијата.
 
А мислиш дека тие луѓе можат воопшто здраво да расудуваат за да донесат било каква одлука? Сеедно, возрасните секако дека можат да донесат одлука, но ниту еден не сум видел дека се откажал од сета слава да стане фармер во Луизијана.
Тоа ме тера да мислам дека тие воопшто не можат да сфатат како изгледа реалноста на нивните фанови и оние кои ги фотографираат на секој чекор. Па прашувам, тоа нормално ли е?
Ко што Марија Антоанета не можела да сфати зошто луѓето бараат леб, кога може да јадат колачи (јес да е ова, најверојатно, инсценирана анегдота, а не нејзин цитат, небитно...метафората е на место), така и тие не можат.

Политичари, ѕвезди, директори на корпорации, средна класа, бездомници...сите имаат свои, фрагментирани перцепции, кои без поголем напор, не можат да најдат заедничко стојалиште.
Јбг, социјалниот слој и статус, ствараат паралелни реалности.

Обожуваниот не ја гледа реалноста на обожавателот...но, и обратно. Помеѓу таквите паралелни реалности се губат допирните точки.

А, кога сме конкретно кај селебрити феноменот...дали од раѓање, или на 20 години ќе станеш дел од истиот, небитно, пошто приказната суштински не се менува.
Привлечната сила на илузијата дека си моќен и обожаван, ко со магично стапче ти ги брише спомените на годините кога не си бил таков.

Пак ќе речам, не се жртви...Барем не повеќе од што е изгладнетиот малолетник кој станува деликвентен и криминоген.
Некој избор, некоја алтернатива, секогаш постои. Тоа што не се гледа јасно, и што стравот од промени е еден од најсилните човечки стравови, е друг муабет.
 
Токму поентата (болдот). Таа не знаела како изгледа да се биде гладен, не и е сфатливо, као на бубашваба џакузи... обична бела површина, ништо више.

Али види, не знам како разбираат форумџиите коа некој отвара тема, у случајов ја, не бранам некого, ама па и не напаѓам у случајов. Мајкл, Марија, бубашвабата, се робови од најтешка класа. Тие се јаничари, посветени на entertainment, грабнати од нашите редови и створени универзални кловнови, и ако евентуално не работат како им е наредено и врежано од мали, ќе бидат сурово казнети со фрлање во нашата реалност која нема шанси да ја издржат. Ако ја фатиме бубашвабата, we`ll flush it, and she`s dead. А тоа за еден инсект од нејзиниот род е погубно. :)

Тие се сироти, не се благословени. :nesum:
 
болдот: Си ја читал книгата/гледал филмот "Парфем"?
Ти текнуе што се деси на крајот, кога гладната, сиромашна топлпа го начека типот со есенцијата?

Или ко шо Кобејн пее:
Teenage angst has paid off well,
now I'm bored and old.
Self-appointed judges judge
more than they have sold.

Serve the servants, oh no...

Настрана тоа...Колку што се они за жалење, толку сме и ние, и бездомниците, и политичарите...
Секој од нас си плаќа за "предностите" на својата паралелна општествена и статусна реалност.

Па, така мирот на просекот, значи и негово игнорирање и третман ко лебарка.
Моќта на политичарите, значи едновремено и нивна неверојатна подложност на слабост, односно можност да бидат срозани, како што се издигнале.
Славата на шоу бизнис боговите, значи и нивно поседување од страна на оној кој им ја дава (медимуите, шоу-биз индустријата и толпата обожаватели).

Секој, ама секој, добива по нешо, и по нешо му бива одземено. Било да е бездомник или Бритни Спирс. И сите сме у меѓусебна зависност, служејќи си едни на други.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom