Тури тешко, зависи од каде си. Можеш да прашаш по поголемите шпедиции или директно по некои фирми ако ги знаеш. Цената е посебна приказна. Голем дел од луѓето работат за без пари, не знаат што е амортизација. Затоа те советувам и тебе прво да направиш некоја анализа, пресметка....остај тоа за толку возат другите. Јас на такви и кажувам слободно да си ги ангажираат другите. Јас имам соло камиони до 9тона носивост. Цената не можеш да ја формираш само по километар, зошто не е исто да направиш тура од 300км и тура од 30км, исто треба да зависи од тежина, габарит, чекање, место на утовар и истовар (строг центар, лоши патишта по села).... Мој совет, прво направи пресметка за амортизација по Километар за да можеш да формираш цени....