Transparent

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Кога тропнав на пребарувачот да видам дали има тема (што не ни верував дека има) и што се зборува за серијата, едини двајца типаци кои што на време дознале за серијата се @wot и @Hank Moody не знам до кај стигнале со серијата, ама верувам сега откако доби Златен глобус за најдобра комедија многумина прв пат слушнале/ќе чујат/или ќе слушнат ама содржината ќе ги одбие. Јас би ја нарекол Six Feet Under meets Arrested Development, за SFU не е случајност што се споредува со оглед на тоа што креаторот (женско е) на серијата има напишано седум епизоди за истата.



Како што реков, серијата од нигде некаде, под продукција на Амазон (од типот на netflix, наеднаш ни ги лансира епизодите од сезоните) беше прифатена од многумина критичари и некако можеше да се очекува дека ќе изненади и со статуетка за најдобра комедија. Што ни нуди серијата? Три деца на разведени родители, најстарата ќерка Сара, синот-музичар Џошуа кој се обидува да “успее“ со жените по секоја цена, и најмладата Али, која е невработена и оддржува сексуална врска со својот фитнес тренер. Тројцата добиваат повик од својот татко Мортон на вечера да им каже нешто важно. Со мисли дека нивниот татко има рак и дека е пред умирање, нивниот татко има да им каже нешто што ќе ги промени нивните погледи кон татковата улога засекогаш, a тоа е дека тој е трансексуалец и дека целиот свој живот се чувствувал во туѓа кожа. Да работите тргнат на уште полошо, се дознава дека Сара има лезбејска врска.

Одлична глума, паметен хумор и доста експлицитни серии се одликите на оваа одлична драмско-хумористична серија која ги освои критичарите и гледачите за многу кратко време од нејзината “онлајн“ достапност.

трејлер
лајкни а на фејсбук
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Серијата ја почнав баш поради Jill Soloway, таа е една од сценаристите на Six Feet Under. Инаку серијата е комбинација на драма и чил хуморче (слично на Hung и Californication)
Третира неколку теми кои дури и за една Америка се конзервативно перцепирани. Има одлични дијалози и експлицитен секс. Jeffrey Tambor е генијален, но и останатите се доста добра комбинација на екипа.
Најавена е втора сезона.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Da, mnogu ludo seriice. Hank mi ja predlozi mislam niz temive. Odlicna sezona, ja za orientacijata na Jeffrey ne znaev i pilotot mi spusti vilica. :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ја отворив темата, а не дадов подетален коментар :D

Одлична е, како што кажав прв пат слушнав за неа откако доби Златен глобус, а интересно што втора година по ред добива серија која тек започнала да се емитува, односно во својата прва сезона.

Е сеа што ми се допаѓа, што не, едина замерка имам кон најмалата ќерка, што знам некако како да ми е типична личност што дисфункционалноста во семејството ја гледа во сексот, и да и она тргне по ’лош’ пат. Во наводници, ради нели ајде да речам малку надвор од нормално и типично семејство. Џошуа ми е многу интересен лик, отпрвен не знаев како ќе прифати тоа што татко му е трансексуалец ама и тој добро го поднесе иако малку со резерва од сестрите. Е сеа, чудно ми е да гледам трансексуалец а пак заљубен во жени, што знам, толкава љубов за да се биде жена а сепак и понатаму да негуваш љубов кон нив, смешно ми беше коа збореа браќата и сестрите дека всушност само Али е склона кон мажи во семејството :pos:

Ептен беше јака исто сцената кога имаа вечера и мажот на Сара коа се отвори на масата и почна сите да ги ремети :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom