Tour de France, Giro, Vuelta итн

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали сме свесни колкав успех е ова од спортска гледна точка што го направија Словенците. Јас овој успех го рангирам рамно со гренд слем тенис или светско фубал, дечките се маестрални топ спортисти, за жал медиумски не премногу експонирани.
Работат луѓето, ако земеш да гледаш татко ми со татковците им се родени во иста држава, каде се тие каде сме ние, ми се плачи ко ќе помислам.
Секоја чест и се надевам ќе се нижат успеси од овие деца.
 
Не знам дали сме свесни колкав успех е ова од спортска гледна точка што го направија Словенците. Јас овој успех го рангирам рамно со гренд слем тенис или светско фубал, дечките се маестрални топ спортисти, за жал медиумски не премногу експонирани.
Работат луѓето, ако земеш да гледаш татко ми со татковците им се родени во иста држава, каде се тие каде сме ние, ми се плачи ко ќе помислам.
Секоја чест и се надевам ќе се нижат успеси од овие деца.


Друг менталитет се Словенците, како друг универзум се тие за нас.
Е да, немаа толку проблеми во 90-тите кога формираа држава, ние имавме/ имаме/ ќе имаме постојано проблеми со државите од опкружувањето.
 
Трите Гранд Тур трки (Џиро д'Италија, Тур де Франс и Вуелта а Еспања)

се најголемите настани во велосипедизмот, иако сите траат по 3 недели, имаат по 21 етапа и покриваат околу 3.300 до 3.500 километри, тие се разликуваат по својот карактер, терен и престиж.

Џиро д'Италија (Giro d'Italia) се вози во мај, времето во Италија тогаш е непредвидливо, често има дожд, а на високите планински превои на Алпите и Доломитите неретко има и снег, познато е по најсуровите и најдолгите планински искачувања со многу стрмни падини, трката е тактички многу тешка и честопати е естетски најубава поради пределите.

Тур де Франс (Tour de France) се вози во јули, во средина на летото со високи температури и огромни горештини кои дополнително ги исцрпуваат возачите, комбинација од брзи рамничарски етапи во првата недела и легендарни, долги планински искачувања (како Алп д'Уез или Турмале), се вози со неверојатно високо темпо и огромен притисок во пелотонот(водечка група).

IMG_20260826_11847.jpg

Вуелта а Еспања (Vuelta a España) се вози во август/септември, позната е по екстремни горештини, особено во јужните делови на Шпанија, каде температурите редовно надминуваат 40°C има помалку рамни етапи, а е препознатлива по кратки, но екстремно стрмни искачувања со наклон и над 20-25%, каде финишот на етапата е на самиот врв.
Секоја трка има различна боја за предводникот во генералниот пласман:

Џиро со розова маичка (Maglia Rosa) – во чест на розовите страници на спортскиот весник Gazzetta dello Sport кој ја основал трката, самата трка има најголема романтика и страст меѓу љубителите на велосипедизмот поради историјата и тешките патеки.

Тур де Франс со жолта маичка (Maillot Jaune) – во чест на жолтата хартија на весникот L'Auto, ова трка е убедливо најголемата, најважната и медиумски најпратената трка во светот и победата на Тур де Франс на еден велосипедист му носи вечна слава и најголеми парични награди.

Вуелта со црвена маичка (La Roja) – ја претставува традиционалната црвена боја на Шпанија (претходно низ историјата била и златна, портокалова и бела), долго време се сметаше за „подготовка“ за Светското првенство, но денес има огромен престиж, често е највозбудливата трка за гледање бидејќи возачите возат поагресивно и поопуштено во споредба со Тур де Франс и затоа денес спортското попладне го посветив во директен пренос.

IMG_20260826_15607.jpgIMG_20260826_20760.jpg

... денес на 26ти август 2026 година, Метју Бренан победи на 5-тата етапа од Вуелта а Еспања 2026, остварувајќи доминантна победа во спринт по одличната поддршка од неговиот тим, Визма-Лиз а Бајк (Visma | Lease a Bike).

IMG_20260826_59253.jpg

... рута беше ридската патека со должина од 173,3 километри ги восеше возачите од Фалсет Коста Даурада до Рокетес Терес де л'Ебре.

IMG_20260826_53350.jpg

... имаше силен страничен ветер кој уште на почетокот ја подели главната група (пелотонот),

IMG_20260826_2417.jpg

...одржувајќи го темпото интензивно и неутрализирајќи го доцниот напад на Андреас Крон пред финалниот спринт,

IMG_20260826_23615.jpg

... со што Бренан со леснотија го преспринта Жорди Меус за да ја земе победата и победи.

IMG_20260826_21208.jpg

...возењето на рутата низ многу пејсажи, река, дворец, карпесри кривини и угорници што велосипедистите не знам колку шишиња вода испиле возејќи.

IMG_20260826_33987.jpg
IMG_20260826_223.jpg
IMG_20260826_21591.jpg
IMG_20260826_54502.jpg

... пред неколку дена во Монако, на стартната линија биле точно 184 велосипедисти кои се поделени во 23 тима (секој тим има по 8 возачи), бидејќи трката е во тек (денес се возеше 5-тата етапа), оваа бројка од 184 возачи постепено се намалува со секој изминат ден поради откажувања условени од падови, повреди или болести, на пример од претходна етапа двајца и денес се откажаа двајца до сега се активни во трката 180 натпреварувачи.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom