Tour de France, Giro, Vuelta итн

M

Macedon1um

Гостин
Со оглед дека велосипедизмов не е толку популарен спорт како фудбалот, кошарката а има цел подфорум за него мислам дека е добра идејата да отвориме една главна тема каде што ќе коментираме и дискутираме околу актуелните трки од светскиот тур календар. Тие што пратат велосипедизам знаат дека годинава на Џиро победи Карапас додека изненадување на Тур де Франс беше младиот Еган Бернал од тимот на Инеос екс Скај.

Моментално се вози 2рата недела од Вуелта низ Шпанија каде лидер е Словенецот Роглич со 2 минути предност пред Валверде (Мувистар), Лопез (Астана) како и 3+ пред Кинтана (Мувистар) Оваа четворка се главни фаворити за освојување на годинешната Вуелта, за пофалба е и моменталниот пласман 5то место на младиот Тадеј Погачар од Словенија кој настапува за тимот од Емиратите

1.png

Денешна етапа не би требало да биде премногу возбудлива исто какои вчерашната, но на утрешната од Билбао до Мачучос сигурно ќе има доста напади и борба помеѓу првата четворка. Победниците на предходните етапи како и следните изгледаат вака (уште 5 сигурно интересни планински етапи)

1.png


Што мислите ќе успее ли конечно Роглич да победи ваков голем тур ?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Браво за темата. (y)
Инаку мислам дека јумбо висма немаат толку добар тим за да го донесат Роглич на самиот врв. Можеби наредна сезона.
 
M

Macedon1um

Гостин
Браво за темата. (y)
Инаку мислам дека јумбо висма немаат толку добар тим за да го донесат Роглич на самиот врв. Можеби наредна сезона.

Висма не али изгледа Погачар ќе го донесе на врвот :D
Растурија Словенциве денеска убава предност и двајцата на подиум, ај за Роглич очекувано али овој со 20 години веќе втора победа :cuc:
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
:mad: Се нервирам не можам да ги следам последните километри секој ден, тоа време излегувам да возам... :(
Сега го гледав крајот. Неверојатно. Не можам ни да опишам колку сум импресиониран од словенците. Секоја чест! Роглич веќе не е изненадување, ама детиштево Погачар... немам коментар.
Инаку прееска гледав се до моментот кога Астана излегоа напред, па што се случи? Требаше да газат за Лопез.. Лопез изгуби 1 минута денес..
 
M

Macedon1um

Гостин
Ќе биде интересно и денеска изгледа, убав бег направија а во него и Кинтана кој заостануваше скоро 8 минути позади Роглич
Во моментов се на скоро 6 минути дали ќе успеат до крај ќе видиме, покрај Кинтана и Келдерман може да профитира убаво :)
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Јако било денес. Кинтана надокнадил над 5 минути па сега дури втор. Јас го имав веќе отпишано...o_O
 
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
90
Браво за темата. (y)
Инаку мислам дека јумбо висма немаат толку добар тим за да го донесат Роглич на самиот врв. Можеби наредна сезона.
Bianchi имаат, ајде веќе конечно нека победи Bianchi како бренд, доста е само Pinareloo па Pinarello :) се шалам, имаат добар тим ја би рекол ... секогаш се скоро во врвот , се надевам треба сега да освои некој од jumbo visma. Примооооож Роглич :)
Автоматски споено мислење:

Јако било денес. Кинтана надокнадил над 5 минути па сега дури втор. Јас го имав веќе отпишано...
не смееш да го отпишиш, ако не се лажам мислам дека нешто слично беше вака и во 2016 на Vuelta, а на крајот ја освои :)
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
90
Ете, заврши и Vuelta espana ... Jumbo visma докажаа дека имаат тим за големи успеси, но според мене иднината на велосипедизмот ке биде Tadej Pogacar , ѕвер е детето .
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.456
Поени од реакции
2.011
Висма не али изгледа Погачар ќе го донесе на врвот :D
Растурија Словенциве денеска убава предност и двајцата на подиум, ај за Роглич очекувано али овој со 20 години веќе втора победа :cuc:
Така и испадна. Да не беше Погачар, можеби Роглич пак ќе победеше но со сигурно многу помала разлика.
Автоматски споено мислење:

Ете, заврши и Vuelta espana ... Jumbo visma докажаа дека имаат тим за големи успеси, но според мене иднината на велосипедизмот ке биде Tadej Pogacar , ѕвер е детето .
Кога ќе му дојде Ван дер Поел има пепел да го направи. :D
 
M

Macedon1um

Гостин
Поради короната годинава изместен календар, па така денеска со трката околу Ница стартува првата етапа на Тур де Франс
Според кладилниците Роглич прв фаворит, после него следат Бернал, Пино, Домулен, Карапаз, Погачар итн
 
M

Macedon1um

Гостин
Каде има стрим за Тур де франс?
Платен или фри ? Еуроспорт пренесува на ТВ а имаш и од нив платен стрим на интернет со избор од 5-6 камери за уште подобро гледање.
Инаку денеска 191км трка и успон од прва категорија, ќе биде интересно сигурно ќе има по некој напад иако главните случувањата ќе бидат на 5 и 6 :kafence:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Словенија има прво-второ место и сите разочарани, затоа што требаше Роглич да победи :icon_mrgr:
 
M

Macedon1um

Гостин
Auu kakvo gazenje detevo Pogacar, realno imase dosta poslab tim od vozot Jumbo koi napravija se za Pogacar da osvoi ama dzabe na kraj. Iskreno krivo mi e za Rogla ama barem Slovenec e pobednik
 

Kajgana Shop

На врв Bottom