TotalTV Македониjа Сателитска DVB-S телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Супер е Тотал тв но едно нешто му е мана што ги нема сите македонски тв канали, ги нема Арена спорт, нема додатоци како кај Макс тв Тв тека, HBO OD видеотека.
Е па не е IPTV, туку DVB-S2 да е. Arena Sport не ги нуди бидејќи е конкурент на Телеком Србија, односно е член на Јунајтед Груп (SBB, Telemach, TotalTV, NetTVPlus, Sport Klub, Ultra, Cinemania, Grand, N1 и уште некој бренд). Македонските канали ги нема не по своја вина, туку по вина на каналите. Ако самите канали си обезбедат место на сателит, тогаш TotalTV ќе го понуди, но не ми е сфатливо како може национална телевизија на пример како Телма, да не обезбедила сигнал за сателит, но нема врска, тоа е.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750
SBB и другиве не се трпат, така да Арена на Тотал нема шанси, мада СК уште ЛШ и ЛЕ да земе, Арена ќе може клуч на врата да си стави. Еве се силеа Арена дека Премиер Лига ќе земат но ништо и од тоа.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
SBB и другиве не се трпат, така да Арена на Тотал нема шанси, мада СК уште ЛШ и ЛЕ да земе, Арена ќе може клуч на врата да си стави. Еве се силеа Арена дека Премиер Лига ќе земат но ништо и од тоа.
Со оглед на тоа дека Телеком Србија е рудник во државниот буџет на земјата, а воедно и сопственик на Arena Sport, тешко дека ќе дозволи некој да им ги откупи правата во однос на тоа што го нудат, евентуално ќе се борат до крај да си ги задржат. Нивниот концепт е да се нудат со доплата, нешто налик на HBO, со тоа што првиот канал е само бесплатен. Еве, отворија 6 канали, но искрено не знам што се нуди на сите канали. Знам и дека италијанската Сериа А ја имаат, но други спортови и слично, не сум сигурен дека се толку примамливи, бидејќи остатокот е на Sport Klub, но и на Eurosport да не заборавиме.
И да, Arena Sport еден период била во понудата на TotalTV, но изгледа откако се промениле сопственичките права (ако не се лажам, на почетокот ниту AS била во сопственост на Телеком Србија, ниту пак TotalTV била во сопственост на United Group) се „скарале“ и не се нудат.
 
За арена не знам но да ТоталТВ не бил постојано под United Media. Но и тие прават огромен профит, посебно од СББ и Тотал бидејќи имаат огромен број корисници и многу добра понуда. Србите се луди по СК, имаат огромна гледаност, пошто овие имаат 7 канали, сега кога ќе почнат сите фудбалски лиги, тие постојано нешто пренесуваат, овие Арена само за ЛШ и ЛЕ се гледани (Вторник и Среда) , овие СК сите викенди и цел викенд. Едноставно се милијарда пати подобри од Арена.

А да не зборам за квалитетот на преносите, тоа што ние го следиме хрватскиот СК е друга приказна (а еве ќе кажам дека и треба да бидеме среќни што и тој го следиме пошто имаме луда агенција), бидејќи тие имаат само коментаторски студија во Загреб. Српскиот СК има целосни студија по саат време секој викенд, коментаторите им се супер, многу преноси и репортажи од лице место на спортски настани имаат направено. Да не зборам кога играат Партизан и Ѕвезда, тенис особено Вимблдон секогаш од таму ги коментираат, и со интервјуа скоро на сите познати тенисери, еве МотоГП направија скоро 10-15 емисии по саат време се од лице место снимано. Епа поради агенцијата гледајте хрватски СК каде што коментирањето личи како на погреб да си, се дава гол, овие Фб си гледаат, Автомото преносите коментаторот пола саат ќути, 5 минути збори, а србите пак кои се полни со информации и интересни новости немаат време да се доискажат. Ама важно на Канал 5 цел ден ќе ја слушаме Цеца. Океј, тоа е Македонија.
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.019
Поени од реакции
1.278
Total tv нуди и оптички интернет сега
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Дами и господо, знам дека е мало спамирање, но ми треба помош.
Бидејќи некои од Вас можеби се корисници на SunWireless интернетот преку TotalTV, сакам да Ве запрашам, да не знаете кој е Username-от и Password-от од овој оператор, бидејќи имало Wi-Fi во студентскиот дом „Пелагонија“, но не можел колегата да пристапи.
Па постои ли некое решение да ми / му искочите во помош?
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Нека се јави во контакт центарот, ќе му кажат. Јас до лани користев од ОНЕ. Проклетите од ко се споија не го продолжиле договорот.
 
Член од
17 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
40
Од 15,12,2016 до 15,01,2017 промотивно на тотал може да се следат бесплатно НВО каналите и уште
неколку хд канали.
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.862
Поени од реакции
7.243
Како да ја инсталирам антената односно под кој агол треба да биди и во кој правец да го најдам сателитот ?!
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
607
Поени од реакции
491
Како да ја инсталирам антената односно под кој агол треба да биди и во кој правец да го најдам сателитот ?!
Па тие од кои што си ја купил нели ти кажале под кој агол или во кој правец да биде!!!!!
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.862
Поени од реакции
7.243
Па тие од кои што си ја купил нели ти кажале под кој агол или во кој правец да биде!!!!!
Не ја купив јас друг ја зеде за мене за Германија ако знајш кажи ако не кажвај многу приказни

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.862
Поени од реакции
7.243
Ми кажаа дека треба да е свртена на исток ама за степени и сеталит не знаат секоја помош е добредојдена...

Послато са F3111 уз помоћ Тапатока
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
909
Поени од реакции
588
Па нели ги обновуваат на некое време содржините?

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
оооооо у недела у 8 саат филмче ново
у понеделник е обновување...ама се тие се вртат, по месец дена пак ќе го протнат како ново
Ми кажаа дека треба да е свртена на исток ама за степени и сеталит не знаат секоја помош е добредојдена...

Послато са F3111 уз помоћ Тапатока
vo sekoj grad imaat po nekoj covek sto im gi montira.zosto ne gi kontaktiras da dojdat i da ja namestat? javi im se vo skopje na tel i ce ti kazat broj za kontakt
 
Kajgana Shop

На врв Bottom