Toastmasters во Македонија!

Член од
9 ноември 2020
Мислења
19
Поени од реакции
25
Здраво на сите, со огромно задоволство сакам да споделам со вас дека конечно го донесовме ToastMasters во Скопје!
ToastMasters е ланец на клубови кој што постои во 145 земји во светот! Овој клуб е наменет за луѓе кои сакаат да си ги подобрат комуникациските способности (на Англиски) и лидерските вештини. Повеќе информации можете да најдете на нивната страна: https://www.toastmasters.org/
Доколку сте заинтересирани да се зачлените во новиот клуб во Скопје пополнете го овој формулар: http://bit.ly/2MjBlbw
Заследете ја нашата нова страна на фејсбук за понатамошни известувања: ToastMasters Skopje
Ви стојам на располаѓање за секави прашања на форумов.

Поздрав!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Мило ми е што не сум единствениот што помисли дека некоја франшиза што веќе ја има во Грција, Бугарија и Амстердам и прави луди комбинации со тостови (нешто као преку 30 вида, кои гарантирано ќе го задоволат вашиот апетит!) доаѓа во Македонија. Си викам, гарант пошто сме Вукојебина каква што сме и што сме ненашетани како што не сме, не сум чул за франшизава - али со задоволство би пробал.

Кога, тоа да ти било клуб за лидерски вештини и комуникација на англиски јазик :(


 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.448
Поени од реакции
4.282
Ја мислев дека се работи за барови. Toast значи здравица(она при чукање од чаши)
И не е говор, него е англосверскиот еквивалент за
“на здравје , за многу години, на свадба да ти идат, здравје , среќа дрн дрн дрн„
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.458
Поени од реакции
47.320
Жан Мари кај Мајчин дом беа последните прави Тостмастери :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom