Планирав и јас да отворам ваква тема, ама во воведот да имаше и кратка содржина, барем по 2-3 реченици зошто играта ви оставила посебен впечаток. Вака ако ги кажуваме само имињата на игрите ништо не сме постигнале.
Ај да не бидам премногу офтопик, да престанам со дрвењето
. Значи од кога памтам, компјутеров секогаш ми бил тешко срање, па така сум бил приморан да играм претежно постари игри. За мене зборот "омилени игри" значи и после подолг временски период, да играш некоја игра без да ти здосади, без разлика на графиката, или нејзината старост. Еве мој топ 10, игрите се рандом ставени, значи не ги оценувам од 1 до 10.
1. Crash Team Racing
Конзола: PS1
Секој што имаше ПС1, мораше да ја има и оваа игра. За тоа време, и за веќе таа застарена конзола, оваа игра беше "чудо на природата". Музиката, гејмплејот, ликовите... го имаше сето потребно играта да стане хит меѓу гејмерите. И до ден денес, со постарите братучеди знаеме да удреме со некоја партија.
2. PES 6
PC
Ова на времето беше дефиниција како треба да изгледа една фудбалска игра. Брз фудбал, правење контри на големо, отварање на classic играчи и репрезентации. И ден денес ја имам на компјутер. Играва толку ја имам усовршено што и со послабите екипи (претежно од Холандската лига) знам да ги правам парче најјаките (Интер, Милан, Барса, Челзи..)
3. GTA Vice City
PC
Оваа игра ја играв нешто подоцна, едно 4-5 години одкако беше излезена, тогаш кога го купив компјутерот. Важно кога одев по другари, оваа игра беше хит, а подоцна сватив зошто било така. Типична атмосвера од 80-те, автомобилите, а посебно ставам акцент на музиката. Затоа оваа игра ја ставам пред ГТА Сан Андреас (Нека чита ДаниБМВ и нека пати)
4. Tekken 3
PS1
Уште една одлична игра, далеку подобра од предходните два дела. И оваа како и Крашот мораше да ги има на секое Сони. Најчесто оние тешките лузери го бираа Еди, и кога ќе те тепаат, мислат дека го фатиле Господ за јајца. И се разбира одкако ќе те победат, престануваат да играат, демек ете тие ме тепале последни, значи најјаки се... а нема разлика тоа што предходно сум ги исчукал едно десетина пати
. Се на се, одлична игра, со одлична графика ако гледаме кога е излезена. После овој дел, Текен серијалот никогаш не направи барем приближно иста ваква игра, која ќе биде запамтена па еве веќе повеќе од 15 години
5. Nightmare Creatures 2
PS1
Неможеше ова набројување да помине без некоја Хорор игра. Оваа беше мое прво вакво искуство со овој поджарн на игри. Ја играв некаде 2001 година, кај братучедите. Тие имаа многу цедиња со игри, слободна проценка околу 50-на. И што се случува. Беше некаде околу 23 часот, и овие ме оставија сам во нивната куќа. И се разбира што ќе правиш, ај ќе буричкаме во нивниот пакет полн со ПС1 игри. Ја извлеков оваа, и ајде пуштаме да видиме што е.... Ефект: Мочање во гаќи
. Така ти е кога Роб Зомби ќе ти направи игра, болна игра за тоа време, музиката/атмосверата во позадина беше перфектна, а мислам дека имаше и добра приказна. Едвај издржав 20 минути првиот пат кога ја играв. Потоа како што стареев, ја свртев неколку пати, и не беше ништо посебно. П.С. Имаше стварно добро Интро играва
Крај на првиот дел.... Продолжува