Time-Lapse

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Откако го баталив апаратот на скоро цела година, ми дојде желба да пробам малце Time-Lapse фотографија да видам како сето тоа оди.

Зедов апаратот едно убав триножец и право покрај езеро сликав зајдисонце како моја прва проба. Бидејќи немам ништо од опрема за да слика само на одреден периот јас сам сликав на секој 3 секунди по една слика. Цели 2 часа седев и сликав.

Финалното видео е составено од 1000 слики и трае само 15-тина секунди.

Ова ќе биде дел од поголемо видео кое го спремам, па ја чекам и зимата со снегот ... :)

Се надевам дека ќе ви се допадне, како за прво вакво нешто мене ми е доста убаво и интересно.

 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Шо се стварите шо “прелетуваа“?
 
P

Princ

Гостин
Одлично видео. И мене ми е мерак да пробам timelapse ама ме нервира чекањето башка уште немам најдено нешто за кое вреди да се чека со саати :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Јако, што нерви ќе имаше да шкрапаш на секои 3 секунди :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не моеше да го стаиш на burst и да го залепиш копчето со селотејп? :D
Добра идеа :icon_lol:. Така премногу брзо ќе слика апаратот по 2 слики во секунда, ќе ми замине и батерија и меморија а ништо нема да направам.

Второ уште побитно тогаш е во ауто мод и секоја слика ќе си ја прави апаратот како што сака.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Добра идеа :icon_lol:. Така премногу брзо ќе слика апаратот по 2 слики во секунда, ќе ми замине и батерија и меморија а ништо нема да направам.

Второ уште побитно тогаш е во ауто мод и секоја слика ќе си ја прави апаратот како што сака.
Како бе ауто мод не ме заебавај :D Глупост тропна :D
У било кој мод моеш да стаиш burst.
Шо апарат имаш?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Како бе ауто мод не ме заебавај :D Глупост тропна :D
У било кој мод моеш да стаиш burst.
Шо апарат имаш?
А јас те сватив буквално зборуваш за тоа што е на ауто :icon_lol:.

Иначе имам никон д40
 
P

Princ

Гостин
Добра идеа :icon_lol:. Така премногу брзо ќе слика апаратот по 2 слики во секунда, ќе ми замине и батерија и меморија а ништо нема да направам.

Второ уште побитно тогаш е во ауто мод и секоја слика ќе си ја прави апаратот како што сака.
Чекај, рачно сликаше на секои 3 секунди - 2 саати???? Што зборуваш бре? :icon_lol:
Немаш интервалометар на дигиталецот?
На мојот има, можам да му одредам Х слики да направи во интервал од Х секунди, пример 1000 слики на секои 5 секунди по една :P
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Чекај, рачно сликаше на секои 3 секунди - 2 саати???? Што зборуваш бре? :icon_lol:
Немаш интервалометар на дигиталецот?
На мојот има, можам да му одредам Х слики да направи во интервал од Х секунди, пример 1000 слики на секои 5 секунди по една :P
ЕЕЕЕЕЕЕ тоа е тоа што ми фали... тоа е убавина остависиго апаратот и едно пивце и семките и уживај. Ова е мачно бе :). Гледам се купуваат такви но 40$ се отприлика па че видам ќе порачам едно.
 
P

Princ

Гостин
Не знам за Никон дали има вакво нешто, ама за Канон има некои модифицирани фирмвери. Пример јас на мојот овој го ставив и ја овозможува баш таа опција (меѓу куп другите).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom