The X-Files

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
The X-files

Научно-фантастична криминалистичка серија која беше хит во деведесетите,основната тема е за завера од страна на власта со цел да се прикрие постоење на вонземјани но подоцна се развива во многу правци.
Дејството е најмногу во типични криминалистички епизоди каде одделот на ФБИ задолжен за случаи кои не можат да се решат со стандардни методи и кои други оддели ги избегнуваат - работат на откривање на случаите, се состои од двајца агенти, Фокс Мулдер (Дејвид Духовни) и Дејна Скали (Џилиан Андерсон) кои се разликуваат во пристапот, тој е отворен за алтернативнен пристап кон случаите, а таа не баш,се потпира строго на научни докази што се совпаѓа со тоа што е патолог...
Добро изградени ликови/карактери кои се развиваат низ серијата како истражувачи но и во меѓусебниот однос и односот кон системот, губат многу илузии а многу пати се цел за ликвидација на разни интересни групи ...

Се на се 9 сезони, 202 епизоди и 2 филма, како и 2 спин-оф серијали, The Lone Gunmen и Millennium.
Главните глумци релативно непознати, но затоа како guest stars голем број познати актерски имиња...

Многу интересни теми и ситуации кои случајно или не се покажаа како валидни во годините по емитувањето на серијата.

Мислење,лајк,хејт...?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Супер серија, ама малку затупеа на крајот, посебно последните две сезони. Инаку едно големо лајк, оваа серија и Стар Трек ми го отворија патот кон сф.
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Ке ја зирнам прва сезона ке и даам шанса..Бидејки го гледав филмот и и ај лајк ит.Мада не сум многу по научна фантастика верувам дека ке ми се бендиса.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.391
Поени од реакции
21.943
Сум ги гледал сите сезони на Хрватската телевизија кога секој ден имаше по една епизода..Се мислев тие денови дали да ги симнам сите сезони па пак да си ги гледам..
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ја гледав турбо серијата, и поради обврски ги баталив последните две сезони :S Криво ми е што не ја догледав до крај, сега ќе треба пак од почеток.
Инаку серијата е фантастична.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ај да ја оживам малку темава, онака хипстерски. Не се прајте на Тошо и да викате дека нема добри sci-fi серии за гледање. Ова е врвот.
Кој не ја гледал, топло му ја препорачувам, ја сум 1 сезона на средина и сум одушевен од серијава.
Сакаш добра глума? Имаш. Духовни и женцката рокаат.
Сакаш добри кадри? Имаш. У први неколку епизоди ќе ги видите.
Сакаш интересни дешавки? И тоа имаш.
Сакате добра слика? Е тоа е реткост, јас ја симнав ХД 26 гига, totally worth it!:love:

Кој сака добра sci-fi, a после Фринџ и Супернатурал, навистина е реткост добра серија од овој жанр, кој ја нема гледано, пиво и пуцки во рака, и мрш. <3
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Supernatural е серија за мали деца. Една конфузна приказна во која се испомешани баби и жаби. Греота е да ги ставиш X-files и Supernatural во иста реченица. Fringe не е лоша, добро започнаа, но се заплеткаа во приказната за паралелните универзуми, и некако изгуби серијата на гледливост.
 
G

garthok

Ја почнав и јас прва сезона до седма еп. сум, малце ме нервира Скали што е толкав скептик али ваљда со тек на време ќе ја прифатам.
 
H

HoT IcE

Гостин
Supernatural е серија за мали деца. Една конфузна приказна во која се испомешани баби и жаби. Греота е да ги ставиш X-files и Supernatural во иста реченица. Fringe не е лоша, добро започнаа, но се заплеткаа во приказната за паралелните универзуми, и некако изгуби серијата на гледливост.
Ye right. Види, серија за мала деца била. Како не. Се работи за вкус. Нели? Мене ми е топ, и освен првата и втората сезона дур да се развие е малце тапа, признавам. Ама четврта и петта сезона се ремек дело и како е обработена приказната за Луцифер и Мајкл. После овие 2 сезони признавам дека се натрупани многу работи ама далеку од неквалитетна серија е, има страшни моменти со одличен саундтрак, реченици, заебанции. Не е серија како ББ левел за да седнеш и да бараш симболика, двојна игра и да го предвидуваш следниот чекор. Ама Дин и Сем, особено Дин се едни од најдобрите дуа кои некад заиграле на ТВ Шоу, нешто налик Џои и Чендлер, и само вистински фан кој и пружил шанса и бил трплив со првата и втора сезона го знае ова и ќе ти го потврди. Така да, peace brother, ама се работи за вкусови и за мене Супернатурал е топ серија, и секад би ја ставил у ист контекст на epicness со X-Files. Детски за мене се Vampire Diaries или True Blood, ама некој очи ќе ми извади ако му го речам ова. Значи се работи за вкус.

@gathok
I feel you bro. Истото ме нервира и мене, ама сепак знам дека е увертира за тоа што следува, сепак нејзината улога во почекот на серијава како што можам да забележам е да биде скептик и да ја оспорува работата на Мулдер преку извештаите. Како што видиш сакаат да му ебат матер зашо троши ресурси на државни тајни кои се чуваат во тајност и страдаат луѓе заради да не настане масовна паника.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Кога ја гледав 1 та епизода на X-Files, неможев на себе да дојдам, бев многу многу возбуден, перферкна серија по мој терк, како сега ја памтам епизодата :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ye right. Види, серија за мала деца била. Како не. Се работи за вкус. Нели? Мене ми е топ, и освен првата и втората сезона дур да се развие е малце тапа, признавам. Ама четврта и петта сезона се ремек дело и како е обработена приказната за Луцифер и Мајкл. После овие 2 сезони признавам дека се натрупани многу работи ама далеку од неквалитетна серија е, има страшни моменти со одличен саундтрак, реченици, заебанции. Не е серија како ББ левел за да седнеш и да бараш симболика, двојна игра и да го предвидуваш следниот чекор. Ама Дин и Сем, особено Дин се едни од најдобрите дуа кои некад заиграле на ТВ Шоу, нешто налик Џои и Чендлер, и само вистински фан кој и пружил шанса и бил трплив со првата и втора сезона го знае ова и ќе ти го потврди. Така да, peace brother, ама се работи за вкусови и за мене Супернатурал е топ серија, и секад би ја ставил у ист контекст на epicness со X-Files. Детски за мене се Vampire Diaries или True Blood, ама некој очи ќе ми извади ако му го речам ова. Значи се работи за вкус.
Главните ликовите во Supernatural се вештачки направени улта мега супер кул, и плус се одбрани згодни дечки, тамам како за тинејџерки да се палат. Плус, испомешани се еден куп приказни и митологии, не се знае ниту кој пие ниту кој плаќа. На момент се почуствував како да ги гледам Волшебнички...

:D

X-files генерално следат една наративна линија, и користата еден експланаторен модел за натприродното (со исклучок на неколку епизоди кои немаат никаква врска со другите) кои на серијата и даваат веродостојност.
 
Значи ја сум напалена тинејџерка..:pos:
Ај да не го тупиме сега, нека остане на ова, ја сум напалена тинејџерка која ја сака Супернатурал и ужива во неа дур ја гледа уз добро пивце, друштво и пуцки. Слушам добро музиче и гледам интересни ствари за митолошки суштества.
Ти си мачо мен, кој ја нејќит Супернатурал и ја возвишува тотално оправдано Х-Фајл седејќи на фотеља пушејќи тутун од луле, со цвикери.:icon_mrgr:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Кога ја гледав 1 та епизода на X-Files, неможев на себе да дојдам, бев многу многу возбуден, перферкна серија по мој терк, како сега ја памтам епизодата :)

Не сум сигурен, но мислам дека тоа беше епизодата за тој ликот кој убиваше провлекувајќи се низ тесни отвори, и кои живееше во чаура?

:)

Можеби ми се има испомешано нешто, одамна не сум ги гледал, плус стареам...

:D
--- надополнето: 9 декември 2013 во 00:10 ---
Значи ја сум напалена тинејџерка..:pos:
Ај да не го тупиме сега, нека остане на ова, ја сум напалена тинејџерка која ја сака Супернатурал и ужива во неа дур ја гледа уз добро пивце, друштво и пуцки. Слушам добро музиче и гледам интересни ствари за митолошки суштества.
Ти си мачо мен, кој ја нејќит Супернатурал и ја возвишува тотално оправдано Х-Фајл седејќи на фотеља пушејќи тутун од луле, со цвикери.:icon_mrgr:

Не реков дека ти си напалена тинејџерка, туку дека ликовите се така одбрани да бидат бендисани од цела една старосна категорија. Од друга страна ја имаме неатрактивната Скали, и смотаниот Фокс Мoлдер, кој гo викаат spooky.

:)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не сум сигурен, но мислам дека тоа беше епизодата за тој ликот кој убиваше провлекувајќи се низ тесни отвори, и кои живееше во чаура?

:)

Можеби ми се има испомешано нешто, одамна не сум ги гледал, плус стареам...
:D

Alien abduction and stuff, ама ептен онака у прв план, тоа беше во фокус....па интеференците со радиото во колата, језиво ептен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Alien abduction and stuff, ама ептен онака у прв план, тоа беше во фокус....па интеференците со радиото во колата, језиво ептен.

Не можам да се сетам.

:(

Ги имам дома првите две сезони, само време треба да се најде да се изгледаат повторно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom