The Weight of Chains

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Мислам дека овој документаарен филм заслужва тема. Погледнете го, и пишете мислење околу документарецот.

The Weight of Chains | Težina lanaca (2010)


 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Не заслужува тема .
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Добро да напишеше малку повеќе за документарецов, кој има да фрла два часа за гледање на нешто што незнае што е?
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Јас го имам гледано документарецов, во него се објаснува влијанието на ЕУ и САД врз распадот на Југославија,
војните во Босна и Косово, интересите на американците, нивната манипулација, создавањето на Косово итн.

Иако е очигледно про-српски документарец, сепак искрено го препорачувам да го погледнете.
Гледајќи го многу повеќе ќе ви ги отвори очите за она што и се случува на Македонија од страна на САД и ЕУ
и тоа како ги помагаат УЧК и Албанците
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
2/3 од филмов е со политички елементи, фокусирајќи се на војните во поранешна Југославија, но и тоа е ок, бидејќи политиката и економијата се неразделно сврзани во денешното општество, а една држава најлесно се уништува преку војна и економски колапс.
Но, крајот е клучен, бидејќи навистина сликовито објаснува кој се ги поседува рудниците, компаниите, хотелите, и општо, сите природни и економски богатства на екс-Ју државите.
Се е распродадено за џабе, како кило компири.
Војната на Косово не се водеше заради Албанците, туку заради неисцрпните резерви на лигнит на оваа територија. Медлин Олбрајт е сопственичка на косовскиот телеком.
Цело Хрватско крајбрежје (хотели) е продадено на Германци и Австријанци. Хрватите се чувстуваат како измеќари во сопствената земја.
Дури и Словениците кои први се отцепија, не можат да се пофалат дека живеат добро. Секоја поединечна екс-ју држава сега е многу позадолжена отколку целата поранешна Југословенска федерација!
Сума сумарум, полека но сигурно, станавме слуги на странски капиталисти. Го сакавме Западот, ете ни го. Дома.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Про-српски филм но си има моменти посебно во делот за економијата. Авторот е wannabe Michael Moore.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom