The Tudors

Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
„Тудорите“ наскоро на Канал 5 телевизија
07.10.2012 15:11 |


The Tudors или „Тудорите“ е историска телевизиска серија снимена во Ирска, креирана од Michael Hirst и продуцирана од американскиот кабловски телевизиски канал Showtime. Серијата, именувана според Тудор династијата, е базирана врз владеењето на Кралот Хенри 8-ми на Англија. Оваа историска приказна наскоро ќе се емитува на Канал 5 телевизија. Во продолжение следува промото, да погледнеме за што станува збор.
http://www.youtube.com/watch?v=cQL419Hie9M&feature=player_embedded
Извор: http://www.tvpaket.com.mk
Туку, што мислите за оваа серија? Ќе има ли нешто подобро од турските или пак е некое срање?
Мое мислење, ќе биде нешто подобро. Ваше?(доколку имате и повеќе инфо за оваа серија пишете слободно)
 
M

Moon Child

Гостин
Јас ги изгледав првите две сезони. Ја почнав и третата, но тогаш почнав да одам на работа и никако неможам да најдам време да ја догледам целата серија. Она што досега го изгледав е доста квалитетно, се гледа дека е многу вложувано во серијава, но освен неколкумина повеќето глумци не се погодени за улогите кои ги играат. Џонатан Маерс ( :love: ) иако е прекрасен има многу манекенска појава и став за да глуми крал кој бил авторитетен и моќен.
Катерина од Арагон ми остави впечаток на кралица во секоја смисла на зборот, баш има кралска појава, ликот, ставот, се во комплет.
Ана Боленска морам да искоментирам дека преубаво ја облекуваа во серијава, особен впечаток ми оставија круните и шапките кои ги носеше. Мислам дека Ана и Хенри најмногу некако си одговараа, незнам како било според историјата, но мислам дека неа барем во серијава најмногу ја сакаше од сите негови жени, но желбата за син престолонаследник си го направи своето. Мислам дека Ана имаше најголемо влијание врз него, од сите други негови жени, па дури и од Џејн која му го роди долго посакуваниот син.
Кога сум кај Џејн, неможам а да не искоментирам дека глумицата е тотална утка, воопшто не одговара да глуми во историска серија, нема таков лик, нема појава, како што на пример има Катерина од Арагон, првата кралица.

Ова е нешто накратко, кога ќе ја догледам целата серија тогаш ќе го комплетирам мислењето :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Според промото, добра серерија ќе биде. Некако името ми е познато но не ми текнува од каде. :unsure:
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Првата сезона веќе ја имам гледано, ама пак ќе почнам да ја пратам од денес. Интересна е, многу добра серија, вреди да се гледа.

И не, никако не е како турските...што и да е од западниот свет, ќе биде подобро од монотоноста на која било турска серија.


Инаку, повеќе сум заинтересиран на The Borgias на Сител, се надевам дека за скоро ќе почнат да ја емитуваат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Серијата започна да се емитува на Канал 5 од понеделник. Токму сега се емитува третата епизода. Добра серија барем од тоа што го видов на пилотот. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Jaс сигурно нема да ја гледам. Во принцип не сакам серии, а посебно „ историски “ серии, каде историската заднина се користи да се направи soap opera.
Јас ја сакам историјата како наука.
За Тјудорите има на Македонска Википедија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Тјудори
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Jaс сигурно нема да ја гледам. Во принцип не сакам серии, а посебно „ историски “ серии, каде историската заднина се користи да се направи soap opera.
Јас ја сакам историјата како наука.
За Тјудорите има на Македонска Википедија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Тјудори
И јас го делам ова мислење, но сепак серијата ми беше интересна. Добра глума, добри дијалози и се останато.

Ама, врска нема со вистинската историја. Создавачите на серијата си рекле:
" There was this Henry guy, he was King a few centuries ago. He also banged a lot of women and didn't like the French. Let's make a show about that. "

Но сепак, во споредба со некои слични вакви серии, оваа е добра и вреди да се гледа.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
Малце сум разочаран. Можеби имав преголеми очекувања ама серијава се врти околу кралот и колку жени ќе легне во краток временски период.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Актерот Џонатан Рис Маерс е секси и се`, но за улогата што ја игра, и по телесна градба и по фаца и по интелигенција е слободна интерпретација на Хенри VIII.
Серија се држи прилично лабаво за историските ликови, па етикетата „вистинска приказна“ треба да се прифати условно.
Сепак, ги изгледав сите 4 сезони. Атрактивна е, правена за помладата популација и, признавам, паднав на шармот.
Кон крајот станува малку напорна, но не ми е жал што не се откажав :).
 
M

Moon Child

Гостин
паднав на шармот.
Кон крајот станува малку напорна, но не ми е жал што не се откажав :).
Same here. Не да паднав, веќе почнав да се чувствувам како тенејџерка што вреска по Џастин Бибер, еве си признавам :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom