The Story of the First King's Four Gods (aka The Legend, Taewang Sasingi)

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Верувам дека ова е прв предлог за корејска серија на форумов па затоа решив да отворам нова тема :) Како љубител на оваа култура ќе си земам за слобода да ја промовирам преку оваа серија која денес ја догледав и сум воодушевен па сакам тоа да го споделам со вас, додека ми се свежи сеќавањата :) Значи:

The story of the first king's four gods (2007)





...е, во времето на прикажување а можда и сеуште, најскапата продукција за една серија во Ј. Кореја. Буџетот бил преку 50 мил. долари. Форматот е 24 епизоди по 60 мин. Прекрасно доживување кое ви ја доловува историјата и митологијата на Кореја претставена на еден фантастичен начин со супер актери, одлична глума, ефектите, кога се присутни, се страшни, борбени сцени во источно-азиски стил, со мечови, копја, лакови и стрели... Тимот за ефекти кој работел на The Lord of the rings, работел и на оваа серија. Пилотот е фантастично нешто. Ќе помислите дека станува за некојси холивудски блокбастер, а не за серија со повеќе епизоди. Да не ви опишувам со зборови, се е добро објаснето во пилотот и ако сакате да ја загледате серијата, само изгледајте ја првата епизода и после решете дали ќе продолжите. Морам да го спомнам и одличниот саундтрак кој се присутен во скоро 90% од времето доловувајќи ги сите чувства, сцени....а композитор е јапонецот Joe Hisaishi.
Еве за пример, ова ви е main theme:

Еве и некоја сликичка:
- Четирите митолошки суштества, слуги на Кралот:
Желката-змија


Белиот тигар:


Синиот змеј:




Фениксот:


Овие суштества се појавуваат како вакви само во првата епизода, а потоа до крајот се присутни само преку своите артефакти, кои низ цело дејствие завојуваните страни се обидуваат да ги соберат, да ги поседуваат за да ја имаат моќта на Небото.
Актерите:

Кралот Damdeok (реинкарнација на синот на Богот на Небото)


Kiha-Nim (реинкарнација на Ga-jin, Мајката на Земјата, чувар на силата на Фениксот)


Sujini (реинкарнација на Sae-oh, земската жена на синот на Богот на небото, исто така чувар на силата на Фениксот и сестра на Kiha-Nim)


Joomuchi (чувар на силата на Белиот Тигар, многу е интересно типчево :pos: )


Chu-ro (чувар на силата на Синиот Змеј)


Oh-Gwang-rok (учител/старател на Sujini и чувар на силата на Желката-Змија)



итн....

ја има на Замунда, спуштајте додека не ги прекинале торентите :pos:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Да не е бобипп ќе заборавам дека Кореја постои :)
Инаку што знам, овака интересно изгледа, е сега малку тоа јазикот ми оди на живци ама може да и дадам шанса во брзо време :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Да не е бобипп ќе заборавам дека Кореја постои :)
Инаку што знам, овака интересно изгледа, е сега малку тоа јазикот ми оди на живци ама може да и дадам шанса во брзо време :)
Хаххаам, не бе јазикот си е супер, јас се навикнав (шо да не се навикнам со 60 изгледани филмој досега :pos: ) Заедно со секоја еп. на замунда си имаш и буг. превод, ваљда не ти е проблем. Ако не пак имаш на нет се наоѓа и анг. превод, ама мене иако совршено разбирам англиски потешко ми беше следењето на филмот, а со бугарскиов мака немам :vozbud:
 
T

The Cryptkeeper

Гостин
Чуден хумор имаат, интересен у секој случај. Мада, последниов шо го глеав "Save the green planet" нешо така, ме разочара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom