American Crime Story

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас искрено, појма немав ни за човеков, ни за случајов, се додека не прогуглав за серијата и дознав скоро сѐ, и пак ме држи еуфорија, баш како што викаш ти - знам што ќе се случи, ама се прашувам како е можно да се случи тоа, у к****!
Јас многу се интересирам за вакви случаи, не знам, секогаш ме интересирале вистинските криминални приказни, судења и слично, затоа и го знаев од претходно, ама морам да признаам прилично површно. Знаев само главни црти и моменти од случајот и судењето и дури и по тоа ми делуваше дека човеков е крив.

Откако ја почнав серијава, земав ги изгледав сите документарци, се што е поврзано за случајот, дури и последниве ден и пол поише гледам документарци отколку серијата. :D А бе да рече човек ЕДНА работа или ЕДЕН доказ да беше онаков да речеш: А бе можда не е крив. Ама нема. Буквално нема. Еден од детективите кои работеле на случајот, рекол дека има луѓе кои се осудени со третина од доказите кои тие ги имале за него.

Инаку има еден интересен документарец, каде што даваат снимки од испрашување на О Џеј за граѓанската парница (која ја изгуби), снимките тек сега излегоа на површина и таму го прашуваат за чевлите за кои се претпоставува дека ги носел таа вечер затоа што тие шари одговараат на тој конкретен модел. Пази го моментов:


Првите 30-40 секунди се за тепањето, вториот дел е за чевлите...

Значи НЕ МОЖАМ! :вонзем:

Ако те интересира и имаш време, погледни ја целата емисија, интересна е:

Инаку, поим немав кого го глуми Рос од Friends, па беше и тоа по малку mindblowing кога дознав, по крајот на првата епизода. Мислам дека го избрале оти си личат, мора да признаете. А овие маливе Кардашијани уште се претставени како лигави суштества, баш онакви во какви што створења имаат израснато. Не ги можам, уште од мали. :sick:
Инаку Роберт Кардашијан генерално бил стварно срце човек. Религиозен, воспитан, го мразел тоа што се нашол во центар на внимание, посветен скрос на семејството... Навистина бил многу почитуван од сите. И на почетокот навистина ќе си ставел рака во оган дека О Џеј не го направил тоа, сепак 25 години му бил најдобар другар и соработник, ама како што поминувало време се помалку бил уверен во тоа. После судењето цел живот му се превртил. Скрос се оддалечил од Симпсон и кога умирал, буквално кога бил на смртна постела, О Џеј Симпсон се јавил за да го чуе демек за последен пат и човеков одбил да се слушне со него.
Некое време после судењето го има ова интервју:
http://abcnews.go.com/2020/video/robert-kardashian-longtime-friend-oj-simpson-doubts-innocence-33841201
Мислам дека ќе ти го отвори линкот, ако не ти успее од прва, рефреширај го. Интервјуто трае околу 11 минути. Искрено така ме стресе некако. Делува како искрено добар човек. Слушни го цело интервју...

А кога ги спомна Кардашијан, јако ми беше сестрата Клои се жалеше во едно интервју (да, дури и тоа гледав :D) дека некои работи се сменети. Вика на пример сцената каде што се дереме сите 4: „КАРДАШИЈАНС“ никогаш не се случи, ама сфаќам, морале малце да преувеличат за да привлечат помлада публика која не го знае случајот. ВТФ??? :pos::pos::pos::pos::pos:

А за поврзаноста на сезоните - не знам дали си гледала AHS и дали знаеш на каков начин се „поврзани“ сезоните таму?[DOUBLEPOST=1459376353][/DOUBLEPOST]http://www.cinemablend.com/m/television/What-American-Crime-Story-Season-2-About-109797.html
Па не сум сигурна за што зборуваш. Јас ги гледав до трета сезона, после некако забаталив, ама не бев некој голем обожавател, единствена поврзаност што вака ми текнува е тоа дека се истите актери, само нели во различна констелација, нормално плус/минус некој...
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Гилти, ама ослободен од формално правни причини, некој грешки при сослушувањето и при собирање докази... Правда нее исто со ПРАВО
Обвинителството го посра случајот тотално, на чело со фамозната сцена со ракавиците.
Имало крвави дамки од местото на злосторот до домот на ОЏ Симпсон и пак не успеале да го осудат.
Целиот случај е една морбидна комедија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.728
Поени од реакции
33.412
Па не сум сигурна за што зборуваш. Јас ги гледав до трета сезона, после некако забаталив, ама не бев некој голем обожавател, единствена поврзаност што вака ми текнува е тоа дека се истите актери, само нели во различна констелација, нормално плус/минус некој...
Тоа, и плус некои актери во различни сезони ги глумат истите споредни ликови: пр. Пепер ја има во втора и четврта сезона, тој нацистичкиот доктор во втора и петта... па од таму има и некои fan made теории дека станува збор за истиот универзум и дека и главните ликови се истите, само со променет идентитет. Мене ми е многу јак и моментот што Сара Полсон глуми и во AHS и во ACS и ептен не ми е јасно што изведуваат од FX (се надевам дека ова е само случајност).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.728
Поени од реакции
33.412
Го изгледав и финалето. Одлична сезона, морам да признаам. Се надевам дека до година нема да ја усерат како што им успеа на HBO со True Detective.

А за исходот на судењето, што да се каже... Сепак, убаво беше претставено тоа: О Џеј Симпсон можеби добил ослободителна пресуда од поротата, но дефинитивно сите пријатели го прогласија за виновен. Затоа и остана сам на крајот. Кардашијан :bravobe:. Многу ми беше мило кога прочитав дека по ослободувањето на ОЈ, сѐ до неговата смрт не прозбореле ни збор.

Се надевам дека копилево ќе скапе во затвор и дека нема да го пуштат во 2017.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Како и повеќето од вас и јас пред да почнам да ја гледам серијата имав гледано емисии и документарки за случувањата со судењето на векот. Можеби и поради тоа одолговлекував дали ја да гледам или не. Сепак серијата е одлична. Приказната е возбудлива и со 1000 пресврти. Особено ми се допадна портретирањето на главните ликови и нивната агонија во и надвор од судницата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.728
Поени од реакции
33.412
По цели 2 години пауза, втората сезона ќе ја гледаме во првите месеци од 2018. Продуцентите се одлучиле за промена на редоследот на сезоните па така, планираната втора сезона за последиците од ураганот Катрина ќе биде трета сезона. Втората е насловена The Assassination of Gianni Versace, наслов кој опишува која ќе биде темата. Пуштен е и првиот тизер:


Ако некогаш успеат да ја снимат, сезоната за ураганот Катрина е планирана да биде трета, а четвртата ќе се фокусира на секс скандалот помеѓу поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Моника Левински.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ми излезе на Нетфликс на препорачани и ја откопав темава за да пишам, да си олеснам :mad: :mad: како може ѓубрево да не е осудено, is it cause I'm black?? срања итн, море требал татко му на дечкото со секира по глава да го реши :mad:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.728
Поени од реакции
33.412
Ми излезе на Нетфликс на препорачани и ја откопав темава за да пишам, да си олеснам :mad: :mad: како може ѓубрево да не е осудено, is it cause I'm black?? срања итн, море требал татко му на дечкото со секира по глава да го реши :mad:
Имаше и документарец за него: OJ: Made in America, лани зеде Оскар за најдобар документарец, ако сакаш пореално да видиш зошто не бил осуден, иако и серијава прилично добро ни покажува.[DOUBLEPOST=1515142831][/DOUBLEPOST]За една недела Season 2: The Assasination of Gianni Versace. :vozbud:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имаше и документарец за него: OJ: Made in America, лани зеде Оскар за најдобар документарец, ако сакаш пореално да видиш зошто не бил осуден, иако и серијава прилично добро ни покажува.[DOUBLEPOST=1515142831][/DOUBLEPOST]За една недела Season 2: The Assasination of Gianni Versace. :vozbud:
Еден куп документарци имам изгледано, само ќе се нервирам уште повеќе :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.661
Okej start na vtorava... ne sum bas NAJ zainteresiran ali ke se gleda.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Катастрофа сезона, не сум сигурен зошто ја гледам
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јас се мислам дали да ја гледам, малце ме нервираат овие несфатениве од модниот свет :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Каква очајна геј романса е оваа сезона
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.728
Поени од реакции
33.412
Јас конечно ја завршив. Да, почна ветувачки, првата епизода беше ОК, ама се останато ми беше баш ко што рече некој погоре: досадна геј романса. И насловот на сезонава, не да го утнале, врска нема со убиството на Џани Версаче. Две епизоди видовме за Џани, се останато, во фокусот беше Ендрју Кунанан. Така и требало да се вика. Башка, најдобрата епизода сезонава, четвртата, која според мене одлично би функционирала и како stand-alone епизода, или краток тв филм, воопшто не го ни спомна Версаче. За потсетување, тоа е епизодата со второто убиство на Кунанан, на тој плавиот дечко, Дејвид мислам дека се викаше. Значи освен таа епизода која навистина ме измести од патики, ептен ми се допадна, и ете, првата, и петтата, се останато, вклучително и финалето, беше лошо. Не знам, може јас имав превисоки очекувања заради квалитетот на првата сезона, па затоа толкаво е разочарувањето. Но верувам дека и мало дете (ако му е дозволено да гледа ова) би се сложило дека квалитетот на вторава сезона беше нивоа послаб од првата. (n)(n)(n)

BTW, секоја чест за некои од актерите: младичов Ендрју што го глумеше - ѕвер, иако мислам дека актерот кој го глумеше Џеф (тој од AHS, Фин Витрок мислам беше) има далеку попсихопатско нешто во очите. Може и подобро би одглумил, да личел малку повеќе на Кунанан. Пенелопи Круз исто убаво го долови ликот на Донатела, ептен ги совладала некои од движењата, единствено требало да и вбризгаат повеќе ботокс во усните. :coffee: Исто и дечкото што го глумеше Дејвид одлично изглуми. Дури и Рики Мартин беше изненадувачки добар. Само Џани ко да не го видовме никаде. До душа, го скинаа уште на почеток, па може затоа. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom