Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Се изненадив што нема ваква тема, или можеби има, ама сум ја промашила.
Оваа серија е базирана на „судењето на векот“ како што е наречено во САД, во коешто О. Џеј Симпсон, познатиот рагбист беше обвинет дека ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов дечко. Ова судење е едно од најпознатите судења во историјата на САД, коешто и ден денес предизвикува контроверзии. Пред некоја недела излезе сомневање дека можеби е пронајдено оружјето со кое се извршени убиствата.
Главните ѕвезди во серијата се: Куба Гудинг Џуниор како О. Џеј Симпсон, Дејвид Швимер како Роберт Кардашијан, Џон Траволта како Роберт Шапиро, Сара Полсон како Марша Кларк и други.
Јас се уште немам мислење за серијава, затоа што чекав да излезат неколку па да си ја гледам на раат. Денес ќе ја почнам, а досега имаат пуштено 8 епизоди, а мислам дека ќе има вкупно 10 или така нешто.
Ја гледате ли серијава?
Дали сте запознаети со случајов?
Ако сте, дали мислите дека верно е претставено судењето во серијата?
И најважното прашање, дали мислите дека е виновен?
Намерно изоставив во воведот каква била пресудата да не излезе дека спојлеришам, но со оглед на тоа колку беше популарното судење не верувам дека некој не знае како заврши целата работа.
И најинтересниот момент е дека О Џеј во моментов е во затвор, само не за овој случај.
И дури има напишано книга насловена како: „If I did it", во кое прилично до детал објаснува како би го направил он убиството, што рака на срце и не се разликува многу од тоа како се убиени и двајцата.