The Night Of

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
OK крај мислам, со еден куп прашања оставени отворени како и што можеше да се претпостави дека не може да се затвори приказната во целост во последната епизода иако траеше 95мин. Јас лично не очекував дека ќе останеме без виновник за убиството но поентата на серијата уште од почетокот не беше самио чин на убиството.
Па не останавме без виновник, видовме кој е виновен.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
OK крај мислам, со еден куп прашања оставени отворени како и што можеше да се претпостави дека не може да се затвори приказната во целост во последната епизода иако траеше 95мин. Јас лично не очекував дека ќе останеме без виновник за убиството но поентата на серијата уште од почетокот не беше самио чин на убиството.
Па не останавме без виновник, видовме кој е виновен.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Ја изгледав цела серија во два дена. :love:

Премногу ми се допадна, совршена глума, премногу мистерија и се останато. Единствено што не ми се допадна е крајот. Значи цело време дејството е напнато, никој не знае што се случило, сите посочуваат на Наз, а никој не ни се сомнева на друго, освен детективот. И на крај после се, на глуп начин со поротата која се изјасни за да не речам нерешено, го ослободуваат.

Заслужи ваква мини-серија да има поинаков крај, да се дознае кој и виновникот и комплетно да се реши случајот. Вака се остана без виновник за случајот, а не се ни знае дали ќе има втора сезона. А и да има некои пишуваат дека нова сезона би била комплетно со нов случај, што би било уште поглупо, да се заборави на ова.

Се на се, доколку имаше поинаков крај, ќе беше серија без мана, совршенство.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Убава мини-сериичка. HBO се мајсторишта на жанрот кој очигледно зема замав (до пред 10-тина години имаше само по 2 номинирани во категоријата Мини-серија за ЕМИ наградите, потоа беа во иста категорија со ТВ Филм, а понекогаш од немање избор имаше номинирани како првата сезона на The 4400, што очигледно не е ни мини-серија, ни ТВ Филм, ни сезона на anthology серија, за сега да имаме дури и посебна категорија за ТВ филм, посебна за limited series). Ова е втората серија од овогодинешните номинирани за мене, по Big Little Lies, исто на HBO, и за нијанса ми беше послаба. И тоа послаба единствено во поглед на емоциите кои ги нуди, а отсуствуваат, или се во помала мера, за разлика од другата. Инаку - убаво скоцкана, по атмосферата ме потсети на The Killing, глумата убава, трансформацијата на Наз - WOW, имаше многу likeable ликови, breathtaking сцени, убава камера, убави сетови... Поентата исто, доволно јасна (освен во делот со егземата на адвокатот, кој не можев да си го објаснам), само, ко што реков, ми фалеше малку повеќе емоција. Го испушти глобусот, искрено, не верувам дека ќе земе ни ЕМИ, но сепак, дефинитивно би ја препорачал.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.371
Поени од реакции
21.915
Изгледав уште една одлина серија.Добро скоцкана,но крајот не беше како што очекував јас односно требаше убиецот на крајот да седне во судница и да биде новиот :цимер: на тој боксерот во затворот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom