The Goldbergs

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Серијава за која отварам тема, нова секако од 2013 од страна на ABC имаше толку лош трејлер на upfront неделата во мај што дефинитивно ми беше прв аутсајдер за најлоша комедија во новата сезона. Но, читав некои позитивни коментари по форумите, доста пристојна оценка на ИМДБ за комедија, па си реков ајде да ѕирнам. Ги изгледав досега емитуваните епизоди и баш се изненадив, одлична комедија, кој ја гледа The Middle, и кој ја гледал Malcolm in the Middle ќе го препознаат тој стил на серија, додуша и со самото тоа што серијата е сместена во 80-те, и е базирана навистинските семејни случки на креаторот Адам Голдберг.

Трејлерот (што не го препорачувам да се гледа)
The Goldbergs

Нараторот во серијата е малиот Адам Голдберг кој ги раскажува случките на своето лудо семејство снимајќи ги секој ден со камера. Во семејството спаѓаат таткото Мареј, вработен во салон за мебел кој едвај чека да си дојде од работа, и оптегне полугол на својата фотелја гледајќи ТВ цел ден, мајката Беверли (домаќинка) која едвај се справува со лудориите на ќерката адолесцентка, загубениот син Бери кој има 16 години и секој можен потег му е глупост, и најмалиот Адам кој заедно со неговиот дедо, се прав тим кога на дневен ред се глупостите.

Има смешки ептен, заедно со Brooklyn Nine Nine и Trophy Wife ми се најдобрите комедии оваа сезона. The Crazy Ones со Робин Вилијамс ми е исто одлична но се решив да ја гледам лето кога ќе се комплетира целосно, предобра ми е да чекам еднаш неделно.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom