The Forgotten

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Чекајки ја вчера, првата епизода од LOST, налетав на серијава. Па како што гледам нема сеуште тема, а мене ме заинтригира ептен.

Се работи за група на детективи кои работат откако ќе заврши истрагата за која се заклучува дека нема докази и нема обвинение (барем како што разбрав), а режисер е Џери Брукхајмер, оној на CSI.

Да не преведувам од вики, видеово говори се:


Да прашам сега, ја има ли некој гледано серијава бидеки мене ми се чини интересна?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па баш сега ја догледав првата епизода од оваа серија, иииии иако е истиот продуцент CSI MIami, Las Vegas i New York сосема различен е концептот на составување на серија. Во главната улога е Кристијан Слејтер кој е поранешен полицаец и е на чело од група на волонтери кои решаваат убиства кои што полицијата во одреден рок не можи да ги реши, односно се трудат да не ги заборават заборавените односно откријат нивниот идентитет а со тоа и убиецот. Нема скапи специјални ефекти како предходните серии што ги продуцира Џери Брукхајмер ама пак затоа има човечки приказни.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Завршив со втората епизода, добра серија приземна нема високотехнолошки глупости кои чудесно го разоткриваат случајот, ама има човечка приказна. Правена е во стилот на старите добри криминалистички серии каде што одлично се прикажани недостатоците на системот во официјалната истрага, и на местото од нив имаме посеветено ентузијастични волонтери кои што вршат одлична работа. Ни се прикажува со посветеност и упорност во истрагите до колкави чудесни резултати се доаѓа. Овие луѓе се волонтери па можете да замислите колкави пречки им се испречуваат при поставување на прашањата за жртвите, затоа што тој што го прашуваат не мора да им одговори. Дури имаме и комични ситуации со поштарот во групата, човекот толку многу се внесува во случаите па го бркаат како куче, или има чудесни теории на заговор со секој почеток на нов случај. Кристијан Слејтер тепа добро и тоа, серијава ми е фаворит за месец Март :icon_lol:.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Изгледа интересно, и 14 епизоди само излегле па паузираат. Здравје, може да се погледне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom