Креаторот на мапата од економист тврди – 95 % сум на македонска страна
Апсурдниот спор за името е причина зошто Македонија треба географски да се премести на косовска територија. Авторот на новата европска мапа од угледниот Економист за Канал 5 зборува зошто решил да си поигра со Македонија и Грција. Изненаден е од големата популарност и заинтересираноста за проблемот кога економист објави статии за двете земји.
Зошто ја преместивте Македонија?
- Ако Македонија не е сосед на Грција, ќе го нема големиот грчки спор за името Македонија и некаквите територијални барања за трите грчки региони така наречени Македонија. Ако Македонија се премести тогаш Грците нема повеќе да го спорат тоа. Тогаш ќе немаат причина да бараат да престанете да се нарекувате Македонија, вели Едвард Лукас новинар во Економист.
Аналитичарот на Економист смета дека Грција мора да попушти и да и дозволи на Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО. Спорот му е нелогичен.
- На практично ниво, моите симпатии се на македонска страна 95 проценти. Македонија мора да се влезе во ЕУ и НАТО, а тоа би требало да биде во интерес и на Грција. Не разбирам зошто Грците ја ризикуваат стабилноста на север и ја пролонгираат интеграцијата на западен Балкан, само поради, според мене, еден апсурден историски спор, вели Едвард Лукас новинар во Економист.
Во вчерашниот број на британскиот Економист излезе симулација со идеална слика како треба да изгледа Европа без скарани соседи и без изгледи за нови конфликти.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=60060
Англиска смисла за хумор ! На еден ироничен начин ја исмева ЕУ , а посветува и погами доста големо внимание на грчката демократија и целокупната нејзина улога во ЕУ.