џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.357
- Поени од реакции
- 25.051
http://www.imdb.com/title/tt1809362/
The Confession е мини веб серијал од 10 епизоди. Секоја епизода е отприлика 6-7 минути.
Главните улоги ги толкуваат големите легенди Кифер Сатерленд и Џон Хрт.
Доволно за воведот.
Одвојте околу 1 час за да ги изгледате сите 10 епизоди. Се работи за хитмен (Сатерленд) кој доаѓа во црква за да се исповеда. Во првиот момент му кажува на свештеникот (Хрт) дека ќе убие човек вечерва и дека дошол тука само за да се исповеда, а не било кој да го спречи.
Целата серија е конверзација и убедување дали некои луѓе заслужуваат смрт или не, затоа што Сатерленд верува дека тоа што го прави за пари и изборот на луѓе кои ги убива е за добри цели. Тука свештеникот сака да го спречи во намерата да продолжи да го прави тоа, а повеќето од епизодите се flashbacks на минатото на платениот убиец.
Јас сега завршив со гледање и добив повеќе отколку што очекував.
Онака... носталгично по Џек Бауер, затоа што оваа улога уствари му е многу слична и одлична
P.S. Епизодите ги има на замунда, по 20 мегабајти е една.