Trent Alexander Arnold
Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
- Член од
- 30 јули 2020
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 4.144
Неофицијалното светско првенство во тенис или попознато како шампионатот на Вимблдон во 2021 година е 3ти планиран грен слем тениски турнир што е закажан да се одржи во клубот за тенис и крокети во Англија, во Вимблдон, Лондон, Велика Британија. Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп се бранители на титулата во машка односно женска сингл конкуренција од кога последен пат се одржа турнирот во 2019 година, поради КОВИД 19 (за прв пат после првата и втората светска војна). Првото издание на најпреснижниот турнир во светот на тенисот се одржал 1877 година. Оваа година е 134 издание. Првенството започнува на 28ми јуни (понеделник) а завршува со финалето во машка конкуренција 11ти јули (Недела). Нормално, се надевам дека сите сме запознаени дека овој гренд слем турнир е единствен што се игра на подлога трева, на која најмногу пехари има освојувано Роџер Федерер (8), а во 5 наврати Новак Ѓоковиќ и ја јадеше неколку минути после чемпионшип поинт-от. Тревата е висока 8 милиметри. Корисно е да се каже дека поради дождот кој е честа временска појава во Лондон, турнирот се одложува на одреден временски период и дека сите играчи мораат да играат во бела спортска опрема.
Симултано се одржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај жените.
Има и во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се одржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.
Горе споменатите настани/мечеви верувам дека не се многу гледани кај тениските фанови во Македонија, затоа што поголемиот дел имаат обврски, работа, жени, мажи, роднини, девојки, швалерки, другари, пријатели и други занимации.
Новак Ѓоковиќ е бранителот на титулата од 2019та година.
Симона Халеп е моментлниот шампион во женска конкуренција од 2019та година.
Open Era, list of Wimbledon Champions:
Бјорн Борг, 5 титули помеѓѕ 76та и 80та година.
Пит Сампрас, 7 титули во рок од 8 сезони.
Роџер Федерер, 8 пати шампион (рекордер)
Новак Ѓоковиќ, 5 пати шампион.
Последните 9 финалиња во машка конкуренција.
2011
2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020 - No competition (Ковид19)
Последните 9 финалиња во женска конкуренција.
2011 Квитова - Шарапова 6–3, 6–4
2012 Серена - Радванска 6–1, 5–7, 6–2
2013 Бартоли - Лисицки 6–1, 6–4
2014 Квитова - Бучард 6–3, 6–0
2015 Серена - Мугуруза 6–4, 6–4
2016 Серена - Кербер 7–5, 6–3
2017 Мугурза - Венус 7–5, 6–0
2018 Кербер - Серена 6–3, 6–3
2019 Халеп - Серена 6–2, 6–2
2020 No competition (Ковид 19)
Историскиот, легендарниот тај брејк, во последниот 5ти сет, на последното финале на Вимблдон (машка конкуренција), помеѓу Новак и Федекс (2019та година)
Wimbledon 2019 | Istorijski Taj-Brejk, Đoković Šampion i Pogled Koji Sve Govori | SPORT KLUB TENIS
➜ Vesti i informacije pratite na Sport Klub sajtu: https://goo.gl/F8xhURWimbledon 2019. | Istorijski Taj-Brejk, Đoković Šampion i Pogled Koji Sve Govori | SP...
www.youtube.com
Со среќа на сите играчи, кладионичари и сите гледачи покрај малите екрани ширум Македонија и светот.
Последно уредено: