Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
Серијата е како „порачана“ за сите оние што им е мака што заврши Gossip Girl, ама и оние hardcore фанови на култната Sex and the City.
The Carrie Diaries е серија која го следи животот на младата Кери Бредшо и би требало (?) да ни ја открие тајната за тоа како Кери станува онаа девојка што од Sex and the City ја знаеме како вљубеничка во чевли, „професионалец“ за мажи и вистинска пријателка до крај.
Многумина би кажале дека серијата е „клише“ (можеби и навистина е, не би знаел), ама како фан на Sex and the City (а посебно Саманта Џоунс, која не можам да дочекам да ја видам во младо издание!), серијата премногу ми се допаѓа, а секоја нова епизода ја очекувам со нетрпение.
Ако се двоумите дали да почнете да ја гледате, а сте биле фан на некоја од сериите кои ги споменав погоре, не мислете се повеќе. Ова дефинитивно е серија за вас!