- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 2.815
- Поени од реакции
- 3.070
Идејава за темава ја добив од темата http://forum.kajgana.com/threads/Идеја-Погледнете.60772/
Секојдневно ни доаѓаат разни необични идеи, идеи кои се граничат со лудоста, идеи кои ни изгледаат многу прости, луди, глупави, бизарни, невозможни но сепак мислиме дека има нешто повеќе во нив. Бидејќи за нас имаат некоја смисла.
Да ја пуштиме нашата имагинација во најлудите фантазии и да ја отвориме вратата на креативноста.
Од секоја таква идеја може да произлезе уште многу други идеи и да се дојде до нешто оригинално, корисно.
Во темава можете да ги напишете сите ваши размислувања за некои работи за кои мислите дека сте единствени, можете да пишувате некои ваши идеи/философии/теории во врска со некој поим што сте ги развивале со тек на времето или случајно ви текнале додека сте чекале автобус на пример..
Исто така во темава можеме Да се консултираме и надополнуваме во врска посочена идеја/философија/теорија.
Навредување во стилот дека нечија идеја е глупа е забрането. Но затоа можеме да се надоплонуваме да се насмееме со уште побизарни и креативни работи, може и работи што немаат смисла.
Оваа идеја ја има основата на Brainstorming. Тоа е техника на креативност кои ја користат големите компании за "изникнување" на добри и квалитетни идеи. За да ја сфатите подобро целта на темава ќе ви ја објаснам оваа техника.
Брејнсторминг - мозочна бура или бура на идеи е ефикасен и многу популарен алат во деловниот свет и се употребува за брзо и исклучително креативно и радикално решавање на проблеми. Тоа е латерален процес на размислување. Од секој вклучен поединец се бара да излезе со идеја и мислење кое отпрвин може да изгледа сосема шокантно и налудничаво.
"Опушти се и биди будалест откачи се во лудо расположение и прашај што е смешното во тоа" - Роџер Фон.Ек.
"Најдобриот начин да дојдете до добра идеја е кога имате многу идеи" - Линус Полинг
Исто така за оваа техника е потребно да се ограничиме од нашето его затоа што луѓето не се навикнати на прикажување на своите идеи поради осуда и исмејување од страна на другите. (што и е забрането во оваа тема).
НАСОКИ ЗА БРЕЈНСТОРМИНГОТ (дел)
(а и ќе ги применуваме како правила во оваа тема)
1) БЕЗ КРИТИЗИРАЊЕ
2) Нема проценување на идејата. Во фаза на изјаснување (или раѓање) на некоја идеја не смее да има никакво проценување. Членовите ги охрабруваме да изговорат се што ќе им падне на ум без автоцензура. Слоганот гласи "колку полудо толку подобро!"
3) Членовите можат и ги потикнуваме да ја комбинираат или модифицираат која било од прикажаните идеи за да се добијат нови. Сопственоста на идеите е колективна.
Секоја идеја можеме да ја означиме со реден број или шифра заради полесно подоцнежно повикување на неа.
За брејнстормингот се молат членовите повеќе да ја користат десната половина на мозокот (креативното размислување) отколку логичкото.
Брејнстормингот секогаш треба да се одвива во атмосфера на разонода и смеа. Во такво опкружување се кршат менталните пречки и се раѓаат голем број идеи.
Брејнстормингот работи на тоа што некој дава правец во кој што треба да се размислува и да се добиваат идеи НО ова се разликува по тоа што секој може да пише каква што сака идеја.
Епа тоа е тоа се надевам темава нема да пропадне туку ќе се охрабрите и ќе ја препуштите вашата имагинација да протече во темава и таа да се развие како катче за читање на интересни работи.
Како за почеток. да го скршам мразот со една моја "идеја" и размислување во врска со теоријата за релативност. (иако повеќе логиката владее во ова што и не е баш тоа целта) сепак ќе ја споделам.
шифра : долг стап
Според теоријата на релативност и Ајнштајн брзината на светлината е најбрзото нешто и не може ништо да оди побрзо од неа. И сега доколку си замислиме фиктивно еден ДОЛГ СТАП 3 светлосни години (светлосна година - пат кој го минува светлината за една година) и јас го држам во раката (на планетата земја) а другиот крај е на некоја друга планета. И сега доколку тој стап јас го помрднам тој истовремено БИ се помрднал и на планетата што е на 3 светлосни години од мене. Тоа значи дека испраќам "сигнал" и тој сигнал се движи со бесконечна брзина (едновремено).
Значи ли тоа дека ја побивам теоријата на Ајнштајн ?
или можеби имам еден куп пропусти.
За тие што уште не го сфатија брејнстормингот еден пример како една компанија за патики порано дошла до нешто "ново" во тоа време. тие имале седница за брејнсторминг и давале најразлични луди идеи, без никаква логика и смисла, на пример некој погледнал низ прозорецот и видел фарма со крави и дал идеја да стават очи од крава на патиките. И од таа идеја со понатамошно модифицирање и дополнување им текнало за патиките да стават мачкино око (материјал што свети на рефлексија - што тогаш било нешто ново и интересно)

) како го замислуваш тој стап ? Знаеш дека секој материјал дури и стаклото е подложен на промени тоест е еластичен се витка,е сега околу виткањето ти го подигаш стапот на земјата тој никако неможе истовремено да се подигне и на другата планета, поради виткањето на материјалот енергијата гоја што си ја вложил за да го подигнеш ке и треба повеќе од 3 светлосни години за да го помине растојанието од едниот до другиот крај на стапот, потоа колкава на колкава висина ти ке треба да го подигнеш стапот на земјата тоест под кој агол ке треба да биде истиот за да се подигне на другата страна,тоест колку време ке ти треба да го дигнеш “ СТАПОТ“ ?