- Член од
- 17 февруари 2021
- Мислења
- 15
- Поени од реакции
- 18
Ова беше една идеја на двајца другари која се претвори во некаков производ после 4 месеци работа и многу непреспиени ноќи. Мотивот беше да направиме квалитетно ќоше за луѓе што сакаат да огласуваат техника и електронски уреди на едно место. Фокусот ни е насочен кон чист, функционален и брз производ, како и континуирана поддршка и развој на сервисот. И така испадна Техника.мк
Се одлучивме за 6 главни категории каде што корисниците ќе можат да огласуваат предмети за продажба: компјутери и делови, аудио опрема, дигитални камери, мобилни уреди, тв и видео опрема, игри и конзоли. Имаме и една мини блог секција каде што планираме поретко да напишеме по некоја интересна статија.
Огласувањето е бесплатно и сеуште не сме размислувале на финансискиот аспект и монетизација на сајтот. Досега имаме нешто повеќе од 100 регистрирани корисници и помалку од 100 огласи. Последниот месец имавме 3.2к Users и 15k pageviews според Google Analytics, од кои повеќето се органски Google search eg. "keyword: tehnika mk". Сеуште не сме лансирале некои поголеми кампањи fb/adsense/etc. но размислуваме за тој правец понатаму откако ќе бидеме задоволни со производот.
Во оваа фаза сакаме да добиеме конструктивни критики и и фидбек и дали мислите дека еден ваков сервис воопшто би имал некаква публика која ќе има корист од вакво нешто.
*Веб сајтот е базиран на osclass. Користиме php7.3, mysql, nginx на Ubuntu 18.04. Користиме GIT за контрола на верзии и код, trello за bugs/issues, Signal за комуникација.