Tehnika.mk - нов огласник за технологија

Кое е вашето мислење за Техника.мк?

  • 1 - Вебсајтот има хендикеп и е осуден на пропаст

  • 2 - Добра идеја но не би го користел

  • 3 - Гледам некаков потенцијал и може да се доразвие

  • 4 - Многу добро работи и функционира, но фали...

  • 5 - Одлична идеја, би се регистрирал одма


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 февруари 2021
Мислења
15
Поени од реакции
18
Ова беше една идеја на двајца другари која се претвори во некаков производ после 4 месеци работа и многу непреспиени ноќи. Мотивот беше да направиме квалитетно ќоше за луѓе што сакаат да огласуваат техника и електронски уреди на едно место. Фокусот ни е насочен кон чист, функционален и брз производ, како и континуирана поддршка и развој на сервисот. И така испадна Техника.мк

Се одлучивме за 6 главни категории каде што корисниците ќе можат да огласуваат предмети за продажба: компјутери и делови, аудио опрема, дигитални камери, мобилни уреди, тв и видео опрема, игри и конзоли. Имаме и една мини блог секција каде што планираме поретко да напишеме по некоја интересна статија.

Огласувањето е бесплатно и сеуште не сме размислувале на финансискиот аспект и монетизација на сајтот. Досега имаме нешто повеќе од 100 регистрирани корисници и помалку од 100 огласи. Последниот месец имавме 3.2к Users и 15k pageviews според Google Analytics, од кои повеќето се органски Google search eg. "keyword: tehnika mk". Сеуште не сме лансирале некои поголеми кампањи fb/adsense/etc. но размислуваме за тој правец понатаму откако ќе бидеме задоволни со производот.

Во оваа фаза сакаме да добиеме конструктивни критики и и фидбек и дали мислите дека еден ваков сервис воопшто би имал некаква публика која ќе има корист од вакво нешто.

*Веб сајтот е базиран на osclass. Користиме php7.3, mysql, nginx на Ubuntu 18.04. Користиме GIT за контрола на верзии и код, trello за bugs/issues, Signal за комуникација.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
967
Поени од реакции
1.377
Добар, брз, прегледен. Блогот исто така ми фаќа око, минималистички и прегледен.

Ако би кажал техничка забелешка, тогаш можеби таговите во некоја категорија (премиум тагот на пр.), да стои на друга позиција, полево/подесно, да не го поклопува насловот.

Главно прашање е, по што ќе бидете поразлични од постоечките огласници како реклама5, пазар3....?
Сеа е пример бесплатно, ок е, ќе имаш нови објави и се тоа, но еден ден ќе треба да го монетизираш и да се наплаќа за објавување, зошто да платам кај тебе а не на пазар3?

Мислам дека 99% од огласниците што излегоа неможат да ги достигнат овие првиве 2, пред се, поради малиот пазар/побарувачка. Размислете што може да додадете како + функција што ќе биде тригер зошто крајниот корисник да почне да отвара секој ден техника.мк ако му треба некаков уред, а притоа да не троши време при пребарувања на пазар и реклама.

Но како и да е, треба да се почне од негде и без откажување да се истера идејата. Се надевам дека ќе ти успее, со среќа.

пс: Истите дечки да не сте со phones.mk? :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
12.337
Пропуштам нешто или фалат payment service и shipping options? Сега за сега само добар портфолио проект.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
418
Поени од реакции
545
Се убаво само ви фале и едно добро лого
 
Член од
17 февруари 2021
Мислења
15
Поени од реакции
18
@Morbio Inferiore од Р5 и П3 сме поразлични во корисничко искуство и таргетот на корисници кои го бркаме. Нема секако да има оглас од трактор еден до друг со оглас за графичка картичка. Постоечките сервиси немаат воопшто обрнато внимание на дизајн и функционалноста. Откако ја лансиравме Техника, Р5 излезе со нова дизајн шема и многу од фуцнкционалностите на сајтот не работат (пр. кај сите профили на продавници не се појавуваат огласите - очигледен баг, а ова е платена функционалност и сеуште го немаат решено после неколку месеци), имаат дополнителни грешки во дизајнот и еден куп други работи кој најпосетуваниот сајт за огласи во МК не смее да си го дозволи (немаат SSL сертификат).

Иако Р5 го рекламираат како „бесплатен“ огласник, наметната е т.н. годишна „верификација“ од 190 денари што всушност не е ништо освен „членарина“. Не викам дека не е ок со оглед на корисниците кои го користат сајтот и можноста да продадеш нешто таму - јас лично со години продавам и купувам од Р5 но реално ме засегнуваат многу недостатоци и проблеми кои ги има овој сајт и затоа решив да си го решам мојот проблем со мој сајт :)

Ние нема да наметнуваме никакво платено огласување, размислуваме да има „демо“ лимит од неколку огласи годишно, сепак не би било лошо да се покријат стотиците саати работа со некаков прилив, но финансиската исплатливост не е на главно место.

Се надеваме дека ќе земеме замав со SEO и Google Organic сообраќај затоа што „техника“ во други комбинации е често пребаруван збор и веќе почнавме да рангираме добро во резултати од пребарување, а и блогот дополнително би требал да донесе сообраќај.

Зошто странава би ја користел, а не некоја рандом фејсбук страна за купи-продај?
Мислам дека далеку е попрактично од аспект на пребарување и категоризација. Во ФБ група може ќе потрошиш доста време на скролање, а и кога ќе ставиш оглас ќе се изгуби во морето огласи. Сум пробал и сум добил таков впечаток.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
12.337
@Morbio Inferiore од Р5 и П3 сме поразлични во корисничко искуство и таргетот на корисници кои го бркаме. Нема секако да има оглас од
Ние нема да наметнуваме никакво платено огласување, размислуваме да има „демо“ лимит од неколку огласи годишно, сепак не би било лошо да се покријат стотиците саати работа со некаков прилив, но финансиската исплатливост не е на главно место.
И како ќе се разликувате од пазар 3 тогаш?
 
Член од
17 февруари 2021
Мислења
15
Поени од реакции
18
И како ќе се разликувате од пазар 3 тогаш?
Како што кажав, таргетираме мала група на корисници само во една област - категориите се полесни за навигација. Квалитетот и користливоста на вебсајтот ќе биде на повисоко ниво од конкуренцијата. Ќе има постојани надградби во иднина.

И за старт, вакви дизајн резили и интерпункциски грешки нема да има. Многу луѓе не го ни забележуваат ова, ама на нас ни е битно.
1615206124956.png
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
12.337
Како што кажав, таргетираме мала група на корисници само во една област - категориите се полесни за навигација. Квалитетот и користливоста на вебсајтот ќе биде на повисоко ниво од конкуренцијата. Ќе има постојани надградби во иднина.

И за старт, вакви дизајн резили и интерпункциски грешки нема да има. Многу луѓе не го ни забележуваат ова, ама на нас ни е битно.
Прегледај го приврзокот 287169
Со среќа и од мене, не ми беше у план да ви ја серам страната. Дизајн резилите брзо се средуваат, на пазар 3 не им работеше опцијата за плаќање преку картица, односно работеше само SMS опцијата, така да пред се за тоа би ги критикувал. А да, и желба ми беше да видам македонска e-commerce платформа за second hand ствари.
 
Член од
17 февруари 2021
Мислења
15
Поени од реакции
18
@zmej gorjanin tnx. тука сакаме да слушнеме конкретни критики и недостатоци, не се залетуваме никаде без да си направиме самоанализа според добиените критики :)
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.241
Поени од реакции
1.065
Najmnogu me nervira koa ima oglasi so kirilica i latinica(ne e licno za vasiot sajt, tuku site se isti. Ako koristis search ke treba i na latinica i kirilica da baras posebno,bidejki ne gi pokazuva site. Odamna bese koa se zanimavav so web design, ali mozda nesto u smisla na prebaruvanje da podobrite da bara i na latinica i kirilica vo isto vreme. Isto i angliski prevod da ima bidejki ima polno stranci vo Mk koi ne razbiraat Mk.
Prasanje, kako gi cuvate i zastituvate licnite podatoci? (GDPR zakoni)

Inace super izgleda, ednostaven i lesen za koristenje.

Ja bi go isfrlil ova podolu bidejki smetam deka ne e relevantno vo koj grad e napraven sajtot a i koja verzija e.
Направено со ♥ во Скопје
Верзија 1.5
 
Член од
17 февруари 2021
Мислења
15
Поени од реакции
18
@galaxys Искрено, не сум нешто баш упатен како GDPR функционира кај нас. Генерално, ова се нашите неколку ставки за приватност: https://tehnika.mk/info#privatnost

Сакаме да бидеме транспарентни во однос на тоа што правиме и како го правиме. Користиме open source технологии, докажани енкрипциски методи и генерално имаме стриктни процедури за заштита кои се практикуваат како стандард кај вакви системи. Не продаваме user data за профит :)
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.241
Поени од реакции
1.065
@galaxys Искрено, не сум нешто баш упатен како GDPR функционира кај нас. Генерално, ова се нашите неколку ставки за приватност: https://tehnika.mk/info#privatnost

Сакаме да бидеме транспарентни во однос на тоа што правиме и како го правиме. Користиме open source технологии, докажани енкрипциски методи и генерално имаме стриктни процедури за заштита кои се практикуваат како стандард кај вакви системи. Не продаваме user data за профит :)
Bas radi toa spomnav GDPR bidejki ima kazni. Podobro e na pocetok da se konsultirate so nekoj sto se zanimava so toa za da nemate problemi podocna. Znam deka EU ima golemi kazni, a vo MK iako ne sne vo EU, se usvoeni istite regulativi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom