Teтово

Дискусија во форумот 'Градови и села' започната од JoCkI, 21 април 2005.

  1. warmaster

    warmaster

    Член од:
    30 јули 2008
    Мислења:
    4.147
    Допаѓања:
    2.612
    E ја фатив и постаро време од Рок и кастело и пајак. Кога почнав да излагам негде 96-97 средношколец се излагаше на улицата кај рима. Шеталиште беше од лименка до имиџ. Тогаш беа Маестро, пред маестро беше дорис ама како во сон се сеќавам на Дорис. Надоле беше имиџ и бакшиш и пина сендвичарата ама кој беше газда не се сеќавам. Многу газде се извртеа тамо. Рима била од секогаш тамо уште а каршија беше Еми само не го држеше Ранко газдата туку друг. И тогаш им беа најдобри сендвичите. Буба мара, не ни постоеше. Најголеми фраери беа тазе со возачка кои мораа да пројдат низ гузвата и сите ги пцуеа. на времете беше фраер да имаш возачка а не е битно каква кола, плус ако ти е голф 2 тогаш си ултра фраер :).

    После чаршија најпрвин беше Шкорпиус сегашно тиволи. После се отвори Позитива и газда беше Небојша газдата на поранешен Медисон а сегашно собрание. А додека беше Шкорпион се отвори и диско у кино 19 ноември сегашен маркет Оаза. Го држеше Брко кој беше претходен газда на Дориз. После тоа диско се отвори диското позитива во поранешно кино братство. Газда беше небојша кој го затвори Позитива откако газдата го продаде локалот. Искрено тој локал ми беше најдобар во тоа време па и денес нема таков локал. Имаше шанк на средина голем а околу за седење и стоење.

    Исто така тоа време работеше и кафиќот Сања поранешна кафана Антика. Тамо имаше добри журке.

    Ова е време за моите средношколски излагања. До 2000 некаде. После тоа чаршијата се повеќе се губеше и се префрли надоле накај амиго девито, моделс ефкос фламинго итн им се мењаваја имињата. Тоа време се отвори медисон и на почетокот одеа само постари ама чаршијата се префрли на тој крај откако кафиќите ги направија кладилнице. И рок се префрли после тоа.

    Времиња....
     
    На Dejan <3 Viola му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dark warrior™

    dark warrior™

    Член од:
    5 септември 2009
    Мислења:
    3.352
    Допаѓања:
    572
    Пола од тие локали веќе не ни постојат некои како Рок итн а сега се се по Борис Кидрич кафиќите
     
  3. warmaster

    warmaster

    Член од:
    30 јули 2008
    Мислења:
    4.147
    Допаѓања:
    2.612
    Само Маестро, Имиџ и Рима са останати истите.
     
  4. pain_killer

    pain_killer Invictus

    Член од:
    27 јули 2007
    Мислења:
    4.510
    Допаѓања:
    2.166
    И Пајакот :)
     
  5. warmaster

    warmaster

    Член од:
    30 јули 2008
    Мислења:
    4.147
    Допаѓања:
    2.612
    Пајак работа? Нели теретана беше едно време.
     
  6. Kornet

    Kornet

    Член од:
    29 јуни 2017
    Мислења:
    329
    Допаѓања:
    768
    Не бе, немало теретана кј Пајак. Теретаната е у подрумот под Пајак.
     
  7. dark warrior™

    dark warrior™

    Член од:
    5 септември 2009
    Мислења:
    3.352
    Допаѓања:
    572
    Работи си има биљард сони и покерите старите :D
     
  8. Hell Angel Ghost

    Hell Angel Ghost

    Член од:
    28 декември 2012
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    51
    Абе кажи за Пино и дискотеката партизан па летната на спортски ..па грне ги памтиш тија места еее па кј што е имиџ беше куќа на забава ... па египет слаткарата ...Имаше кафич бамбус кј стара пожарна па флиперницата марена кј што е она гаго сега.... па адријана слаткарата кј што е мелоди ...па у културен дом имаше дискотека доле ...па имаше дискотека кј скривницата под антика ...па кј бимбо имаше дискотека итн... убај времиња кој за жал пројдоа и никад нема да се врата пола и појќе македонци заминаја а овја новиве генерацие за кур не ги бива деца од епрувета ..да не објаснуем зашо..
     
    На Milanez` му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mambo2

    mambo2

    Член од:
    7 јануари 2015
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    97
    све сте деца брееее. на свекого младоста му е најубаа. мене младоста ми беше корзото, да се сврти кругче околу фонтаната што више ја нема, па да идеш на боза у београд или опатија....а еднаш у годината и у теќе ќе идеш на сладолед и ладно ветерче да те олади од планина озгора.....е времиња...после хит стана идење у кафиќ риц кај кино братство, па грне, 102....иако ни било убоо, на стариве им било нивното време поубооо, исто ка сеа на децава мои што им е убоо у кафиќиве на борис кидрич...а мене језа ме фаќа когај ќе ги видим
     
    На Srcee и Hell Angel Ghost им се допаѓа ова.
  10. Hell Angel Ghost

    Hell Angel Ghost

    Член од:
    28 декември 2012
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    51
    а јагода слаткарата га забрае :)
    Како се викаше една пицерија имаше кј лирија кулата ти текнуе името ?
     
  11. mambo2

    mambo2

    Член од:
    7 јануари 2015
    Мислења:
    323
    Допаѓања:
    97
    па пицерија мала карши суд грне беше.....а јагода беше мислим за бурек у 3 саат сабајле да јадеш вруќ да чади од уста.... ако беше јагода кај сегашен прокредит поранешен ловец
    у сваки случај имаше тазе бурек ноќно време туе
    сега ми текна јагода имаше и слаткарница на плоштад,лево малце од сегашно дпа...а у подрум првото диско кое саглам беше напраено, кристал мислим се викаше......ууууу кои времиња беа
     
    Последно уредено: 12 јануари 2018 во 18:01
    На Hell Angel Ghost му/ѝ се допаѓа ова.
  12. warmaster

    warmaster

    Член од:
    30 јули 2008
    Мислења:
    4.147
    Допаѓања:
    2.612
    Хехех се јавија ветераните

    Да да Египет, Бела мија беше тамо, те соро мио таке нешто. Па ројал карши општина. Едно време на чардак турбо жива музика со мелодија. Мерак кафаната најдобри чебапи имаше. Кога спомнавте диско во културен исто така и карши пошта беше БООМ дискотеката. Добра беше за мој вкус...

    А тоа шетањето кај фонтана не го фатив. Од чаршија обавезно бурек у реклама идевно.

    Порано многу и по флипернице кисневмо. Ако се сеќавате на ВИНИ за која еден од основачите е татко ми, Феникс кај кај ловец, морена ја спомнавте итн. Имаше шмек некои подруг тогаш. Послободен покомотен без секирацие со многу дружење.
     
    На Hell Angel Ghost му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    7.927
    Допаѓања:
    3.295
    Коај спомнавте флипернице мислим дека се сеќаамм на таја Феникс кај ловец одма каршија поштата у тунелчето. Знам таму беа две флипернице една лево една десно.

    Ја сум од 90 тите роден ама од поново време ги знам и Нептун кај што е сега Јупром маркетот накај Пегасус. Таму имаше компјутери, билијард, пикадо и Сони. Исто БИН кај што е Кипер Маркетот накај општина. У БИН имаше компјутери и Сони.
     
    На Hell Angel Ghost му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pain_killer

    pain_killer Invictus

    Член од:
    27 јули 2007
    Мислења:
    4.510
    Допаѓања:
    2.166
    Од пицерије, ка у малгла ја памтим Тара Голд (до денешно Тифани). Мислим дека легендарна пицерија беше тоа.
    После, дел од поставата се префрли у Барон. Туе беше и Пикасо. А Форум си постои и денеска.

    А од сендвичарете, ја пропуштив Фроги (у уличето кј Екос книжарата).
    Сендвич со 2 виршле за 50 денара. :)
     
    На Hell Angel Ghost му/ѝ се допаѓа ова.
  15. warmaster

    warmaster

    Член од:
    30 јули 2008
    Мислења:
    4.147
    Допаѓања:
    2.612
    Да тара голд и голден тара денешно грини. Тара гол ја држеше после првите газде дејан што има за мобилни лавце. Тамо работеше другар ми денес што ми е кум и нон стоп ни беше као збирно место. Многу убаво време поминавмо тамо.
     
    На Hell Angel Ghost му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: