Teтово

B

Bafra

Гостин
Моабетот дека се Руси е дискутабилно затоа што сите негови луѓе што ги имаше русинот ги повлече нема ниту еден русин. Плус Васко стана генерален откако прокужеа приказни дека русите си заминале пред година и нешто. Официално беа тројца и као лани во април кога отиде под активен стечај двајца сакале да излезат за да остане еден. Официално се води како газда а кој ја крои целата политика е друг моабет.

П.С. Домаќини са тетовци остај ти тој моабет циции. Нема врска тоа и ќе ти докажем ако не веруваш во тоа. Циција и домаќин има разлика ;)
Тоа сакав и ја да кажам дека се домаќини и дека нема трте мрте со нив, да биле циции немал да му даде јајце. Поради ова и невеста од ТЕ би си барал ама слушам дека лоши биле :P (божем другиве поарни)

Ај за некоја недела кој може нека постави резултати од загадувањето да видиме дали Ali Pasha е од овците или бербер :cautious:

П.С. секоја информација за Дестани или некоја промена во сопственичка структура за Југохром е добредојдена .
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
346
Поени од реакции
165

https://mojvozduh.eu/web/#draw?location=Tetovo&type=AQI
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
А успеа да сфатиш (разбереш е поадекватен збор) ти тоа што ти напишав, оти јас не сум македонец, па сигурно имаш проблеми да дешифрираш постови на немакедонци?
И нема врска ова со Дестани, воопшто не се заинтересирани за влез во Југохром, овие се само информации од жолта штампа, чист случај на спинување на реален проблем, кон политички проблем. Ама дур има овци за стрижење, ќе има и бербер за нив...
Знам кој е најаедватен збор така да уживај си за мене.
Дали е жолта или бела штампа ќе покаже времето, но секако нема да може да го купи затоа што одма ќе наиде на блокади во бизнисот.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864

Не е одма, туку веднаш. И ти ли си „немакедонец“ :LOL:???
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Не е одма, туку веднаш. И ти ли си „немакедонец“ :LOL:???
Ова не е некој официјален документ да ти зборувам на литературен јазик, извини што имам уште дијалекти од Тетовски затоа што по потекло тетовчанец сум ;)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
ПРОСТОРНИ ИЛИ ПОЛИТИЧКИ ПРОБЛЕМИ?

Македонските гимназијалци - малцинство без права во Тетово!

Преселување од една зграда во друга, настава во бараки, настава без греење во зима, страв за безбедноста, нападнати ученици, ученици што во импровизираните училишта носат ќебиња и греалки од дома, ученици што учат во три смени со скратена настава, ученици што 15 години се селат по бараки, основни школи и импровизирани простории... се само дел од проблемите што ги имаат македонските средношколци во Тетово.

Ниту локалните ниту централната власт немаат слух за решавање на просторниот проблем на паралелките на македонски јазик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово во која 250 ученици сѐ уште наставата ја одржуваат надвор од матичното училиште. Надлежните, велат, им ветувале проширување на матичната гимназија, но тоа 15 години не се случило.

Немањето училиште за македонските паралелки - проблем стар 15 години

Сѐ почна по конфликтот во 2001 година, раскажува заменик-директорката Катерина Наумовска. „Од безбедносни причини учениците од македонска настава го напуштија објектот и вкупно 12 паралелки се преселија во ОУ Гоце Делчев, каде што се одржуваше настава во три смени, ние, средно медицинско училиште, како и основците од Гоце Делчев. Убаво се сеќавам затоа што и јас тогаш бев ученичка трета година во гимназијата Кирил Пејчиновиќ. И еве по толку години македонските ученици сѐ уште немаат свое училиште ниту простории во матичната зграда на гимназијата“, раскажува заменик-директорката Наумовска.

„Искрено, не се сменија многу работи од тогаш, еве цели 15 години се влече проблемот и се селиме. Десет години настава се одржуваше во бараките до старо медицинско, од таму ги користевме училниците на ОУ Гоце Делчев, па во Работнички универзитет, годинава на плоштадот во центарот на градот, сега во зградата на општина Тетово“, објаснува Наумовска.

Часови без табли и прибор, заеднички часови во општина Тетово

Таа потенцира дека условите за настава се далеку од достоинствени, има проблеми со греење, безбедносни проблеми, нема училишна опрема, скратени часови, протести... Тоа што сега чекаат е реновирање на двете згради во старата медицинска школа каде што учениците треба да се префрлат и да одржуваат настава додека не се прошири матичната зграда и не се отворат вратите за Македонците во „Кирил Пејчиновиќ“ како што им било ветено.

Учебната 2016 учениците ја почнаа на плоштад во Тетово

Тетовските гимназијалци првиот училиштен час оваа учебна година го започнаа со протестен марш. Тие часовите неколку недели ги одржуваа под ведро небо на градскиот плоштад. Учениците, родителите и професорите бараа од општината и раководството на нивната матична гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ да им обезбедат училници во рамките на централниот објект на училиштето.

„Наставата ја започнавме на земја, сакаме да одиме во училиште како сите нормални средношколци, да се образоваме, да имаме средношколски спомени сите заедно. Зарем многу бараме?“, вели Марија Наумовска, ученичка од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Ученици од четврта година изјавија дека е срам за општеството во 21 век да молат за училници. „Надлежните треба да ги запрат меѓусебните обвинувања и лажните ветувања и конечно да го решат проблемот. Ние не заслужуваме да бидеме без училиште“, велат учениците.

Членот на советот на родители Томислав Стојановски Бомбај ни објасни дека во почетокот на учебната година, додека протестирале, како привремено решение за следење настава им биле понудени објектите на старото медицинско.

Зградата на старо медицинско

Предлогот на градоначалничката Теута Арифи и Ахмед Ќезими бил одбиен. Советот на родители и професори од гимназијата Кирил Пејчиновиќ не отстапувале од своето барање, децата да се вратат во централниот објект на гимназијата.

Бомбај ни раскажува дека подоцна советот се премислил бидејќи било од интерес на децата, кои губеле часови и протестирале цел месец. Тие побарале реновирање на двете згради на, како што го викаат, старо медицинско, како привремено решение, а како крајно решение доградување дел за нив во матичната гимназија. До тогаш учениците, советот на родители, професорите и општината се договориле да одржуваат импровизирана настава во зградата на општина Тетово, без услови и скратени часови, каде што учениците учат и во овој момент.

„Зградите требаше да бидат завршени до почетокот на ноември. Моментално едната од двете згради е во завршна фаза и во неа ќе може да се учи, но во другата зграда општината сè уште не се почнало со реновирање“, потенцира Стојановски.

Двете згради на старо медицинско што треба да се реновираат

Од Секторот за образование велат дека учениците наскоро ќе се префрлат во реновираните простории на старо медицинско, а во меѓувреме работат и на добивање дозвола за изградба на објект во склоп на постојната гимназија, како трајно решение за просторниот проблем на тетовските гимназијалци.

Наставата во општинската зграда е невозможна!

Откако ги преместувале во импровизирани бараки, основни училишта, работнички универзитет, учениците-Македонци од тетовската гимназија ова учебна година веќе трет месец следат импровизирана настава во несоодветни услови со скратени часови. И професорите и наставниците велат дека не прифаќаат реновирање само на една од двете згради. Тие се жалат и за условите во кои се учи во моментов и бараат решение на овој децениски проблем.

Екипата на МКД.МК беше во Тетово и ги посети ветените згради на старо медицинско каде што средношколците наскоро треба да се преместат. Тука засега се работи само на првата зграда додека со втората сѐ уште не е започната реконструкцијата.

Внатре во зградата на старо медицинско

„Од октомври сме во општинската зграда, овде нема услови за настава, на почетокот часовите траеја по 10-15 минути, сега по половина час. Учиме заедно сите паралелки, па додека еден наставник предава латински, друг предава математика, а трет филозофија. Сите сме во иста просторија. Не се слуша ништо и сè се меша. Учиме три различни насоки, ужас е“, се жали Ивана, гимназијалка од трета година.

Александра, која е во четврта година во македонската гимназија без простории „Кирил Пејчиновиќ“, ни објасни дека е исплашена за својот просек и знаење. Според неа, најголемите последици од оваа голгота на крај ќе си ги сносат учениците и нивното знаење.

„Немаме услови ни за предавање ни за испрашување или тестови. Распоредот го добиваме на Фејсбук, од ден за ден. Навечер во 8 ни кажуваат која смена сме и што часови ќе имаме наредниот ден. Се случува и да заборават да ни кажат или во општината да има други планови, па да не може ни таа мизерна настава што ја имаме да биде одржана. Си ја сакаме нашата гимназија“, вели Александра.

Три различни часови се одржуваат во исто време во салата за седница

Гимназијалците се плашат да бидат префрлени во старо медицинско

Двете згради на старо медицинско се на истата локација каде што десет години се одржувала настава во бараки, пред да бидат срушени. Истата местоположба каде што еден ученик од трета година беше прободен со нож, што беше причината на оваа локација да престане да се одржува настава.

Заменик-директорката Катерина Наумовска ни објасни дека во 2014 октомври гимназијалците биле префрлени од бараките поради безбедносни причини откако на Денот на албанското знаме во дворот на старо медицинско се случила меѓуетничка тепачка, при што еден 17-годишен ученик бил неколку пати убоден со нож.

Местото каде што се случи инцидентот во 2014

„Повторно ќе бидеме на истото место и повторно ќе имаме проблеми, детето го прободеа во дворот каде што сакаат да нè префрлат да учиме, на тоа место нè гаѓаа со камења, а навечер ни беше страв да преминеме преку мостот и да си одиме дома, воопшто не е безбедно“, објаснува Ивана.

Стефанија Стојанова, родител на еден гимназијалец, вели дека најавата на локалните власти дека веднаш ќе почнат со реновирање на медицинското училиште од родителите била дочекана со коментари дека едни супстандардни простории се заменуваат со други, како и со потсетување дека само пред неколку години во медицинското што сега се нуди како решение среде час се урнал дотраениот покрив, вели Стојанова. Родителите, професорите и учениците бараат да се реновираат двете згради со тоа што наставата ќе се одржува само во една смена отсабајле.

„Ги сакаме двете згради затоа што само така ќе можеме да учиме во една смена, каде што се зградите е албански дел и секогаш инцидентите се случувале на мостот, а мораш да го поминеш за да си одиш дома. Сите инциденти се случуваа навечер“, раскажува Кристина, ученичка од трета година.

Училница во старото медицинско, каде што ќе ги префрлат гимназијалците

Заменик-директорката Катерина Наумовска објасни дека реновирањето на двете згради е работа на општината. Таа ни рече дека мора да ги направат двете згради, но во интерес на течењето на наставата на состанокот што предмалку го имала во општината заедно со родителите се договориле во првата зграда да учат 6 паралелки, а 6 да останат во општината. Со тоа што за да биде фер, ќе ротираат на една недела.

„На пример, една недела 1ва и 4та овде, наредната во старо медицинско, сè додека не се направи втората зграда. Кога ќе се направи втората, сите 12 паралелки да учат во 1ва смена“, изјави Наумовска.

Дали во Тетово македонските ученици се дискриминирани?

„Во Тетово има две гимназии на албански јазик, старата 'Кирил Пејчиновиќ' и новоизградената '7 Март'. Зошто не е преселен ниту еден клас со гимназијалците-Албанци, туку само Македонците учат надвор од нив и постојно се селат од едни несоодветни простории во други? Зошто не се нашле средства за градење училиште за Македонците? Во што се полоши нашите деца за да учат во супстандардни, 'африкански' услови, без компјутери, кабинети, фискултурна сала“, прашувале родителите кога претставникот на општината Ахмет Ќазими го образложил последниот предлог за зградата на старо медицинско и општина пред локалните власти.

На средбата што се одржала учениците и родителите ги прашале Ќазими и директорот на гимназијата Намиќемал Мустафа дали во набрзина реновираното медицинско училиште ќе ротираат сите гимназиски паралелки или таму ќе учат само македонските, но не добиле одговор.

Кога македонските ученици учеле во бараките до зградите на старо медицинско, во двете згради на старо медицинско (во кои сега ќе ги префрлаат македонснските гимназијалци) се одржувала албанска настава. Заменик-директорката Наумовска ни објасни дека таму учеле албански паралелки затоа што гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ имала 48 паралелки на албански јазик во една година во генерација. Од нив 24 учеле во матичната зграда и 24 во зградите на старото медицинско училиште.

Час во општина Тетово, просторија за седници

„Новата гимназија се вика '7 Март' и две години функционира како правен субјект. Во Тетово моментално постојат две гимназии: едната е '7 Март', другата 'Кирил Пејчиновиќ', и двете одржуваат настава на албански јазик. На '7 Март' им изградија нова зграда во населбата Дремовец“, ни раскажуваше заменик-директорката Наумовска.

Според Томислав Стојановски од советот на родители, законски поисправно ќе било да се врателе во постојната првична гимназија, но надлежните од Скопје не им дозволиле. „Можеше во три смени да се одржува и часовите на албанските паралелки би биле со скратено време во вонредни состојби затоа што поквалитетни ќе бидат часовите 30 минути во нормални училници отколку во општина! Треба да бидеме револтирани ние, Македонците од Тетово, од актуелната власт“, изјави Стојановски.

И директорката Наумовска потврди дека предложиле наместо во општинската зграда да се учи во 3 смени во матичното училиште и Албанците да имаат и скратена настава.

„Ни кажаа дека не може од технички причини, беше образложено дека квалитетот на наставата нема да биде ист и не било законски часот да трае 30 минути. Се прашуваме - а што од ова е законско?!“, изјави Наумовска.

„Се прашуваме дали беше законски по пукањето на водоводна цевка во учебната 2009-2010 година во мизерните простории на бараката во дворот на поранешното медицинско училиште да работиме како трета смена во ОУ Гоце Делчев. Дали е законски да посетуваме настава веќе пет години како номади во две згради, во понижувачки услови. Зарем не е противзаконски да се кршат основните и човекови права“, истакна Дејан Ѓурчиновски, професор во гимназијата.

Повеќе класови заедно одржуваат час во општината

Се вложува во сè, но пари за македонска гимназија нема!

Од одборот на родители го критикуваат фактот што изградбата на нов објект не била впишана во ниту еден буџет на општината. Тие заедно со професорите упатија и писмено барање за средба до министерот за образование Абдилким Адеми, заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и тогашниот премиер Никола Груевски, но ниту еден од нив не одговорил на ова барање.

Барање за средба од родителите и професорите до министерот за образование

„Додека министерот и заменик-министерот за образование се фалат дека градат и реновираат училишта, проблемот со гимназијата во Тетово останува понатаму. Повеќе од 70 училишта се реновирани во овој регион, само со гимназијата ситуацијата е непроменета. Повеќе од 10 години се провлекува изградбата на објект за учениците што следат македонска настава“, изјави советникот во општина Тетово Драган Давидоски.

Од советот на родители, пак, изјавија дека соодветното училиште е обврска на државата со тоа што средното образование е и задолжително. Тие велат дека ако сакала Владата, имала време секое лето да направи нова гимназија од темел.

„И локалната власт и централната власт се партнери во власта каде што се одредуваат насоките за развој, каде што се проектираат буџетите. Во ниту еден буџет во овие години не влезе изградба на објект за настава на македонски јазик во Тетово, а се инвестираше во сѐ и сешто. Тоа е шокантно“, изјави родителот Томислав Стојановски.

„По една тула месечно да ставале, за 15 години ќе изградеа училиште за македонските паралелки, вложуваа во споменици, а не мрднаа со прст за образованието за нашите најмлади“, вели родителот Стефанија Стојанова.

За едни општинска зграда и УЈП, за други средно училиште

Тетовската гимназија според бројот на учениците, се вбројува дури меѓу најголемите во Европа. Жртви на проблемот со недостиг од простор секогаш имаа учениците од македонска настава, кои со години учеа дислоцирани по разни објекти каде што воопшто немаат услови. По 15 години оваа учебна година решија дека за овој проблем ќе се борат до крај. Гимназијалците порачуваат дека ова е време кога мултиетничноста и разноликоста во општеството ги надминале сите предрасуди, дека сакаат проблемот да се реши и сите гимназијалци да можат да учат во нормални услови и заедно.

Професорите и родителите, пак, им порачуваат на надлежните дека децата треба да бидат приоритет и дека крајно време е по 15 години надлежните да помогнат овој проблем да се реши.
 
Ај ќе плачеме и офкаме божем Бог ќе ни помогне ...
Граѓанска НЕПОСЛУШНОСТ или Блокади пред министерство за Образование... ама ај обедини го Македонецот :tapp:
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664

Низ истото поминуваме ние во Куманово, чудно, ниту еден македонски медиум не пренесе...
Објектите кај средните што се води настава на македонски се полупразни, а албанците имаа училници со над 30 ученици во импровизирани објекти.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
Веднаш се гледа бенефитот од затварањето на Југохром.
Да, не сме веќе убедливи на прво место , туку Куманово, Лисиче и Гази баба водат сега . Лани бевме неприкосновени!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.886
Да, не сме веќе убедливи на прво место , туку Куманово, Лисиче и Гази баба водат сега . Лани бевме неприкосновени!
Ај да погаѓаме кој град е у маглава.
20161117_120316.jpg
Не е лани ова сликано, завчера е.
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
1.971
Поени од реакции
1.864
Ај да погаѓаме кој град е у маглава.
Прегледај го приврзокот 160135
Не е лани ова сликано, завчера е.
Веројатно не е Куманово (синоќа таму беше 497 µg/m3 додека во Тетово 165)???
Дека и маглата има удел никој не го оспорува и тоа, и фактот дека магла во Тетово почнала да се појави после создавањето на вештачкото Мавровско езеро, а со проектот Козјак , да се докрајчи полошката долина, каде струјите од последиците на креирањето двата езера да се рефлектираат баш над Тетово. Веројатно и за тоа има лек, ама со ваква власт и вакви луѓе, во ова долина не чека само бавна смрт...ама тоа не е битно, важно јас да имам работно место :facepalm:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834

Сам си кажа причини за загадување ама пак ти смета југохром. Значи претходно работеше немаше проблем сега има проблем кој е предизвикано од друга причина ама пак Југохром е проблемот. Во средата поминав низ јегуновце стакло времето а во тетово смрди на чад. Пак југохром е проблемот. Незнам што толку ко слепи сте запнале а се правиш ко да си засекиран. Југохром е затворен завршена приказна. Проблем уште има ама пак од уста не го вадите. Наместо да се свртат погледите кон правиот проблем Вие засегнатите за воздухот пак нешто друго Ви е проблем. И као Вие се секирате. Немож по магарето па по самарот.
 
Кој сме ние, оти цело време спомнуваш вие, вие???
Ми смета неправилното работење, не Југохром, а тоа влијае директно врз квалитетот на живот, уште не ти е јасно?
Ми смета и лошото владеење во државно и локално ниво, оти и тоа директно влиае врз квалитетот на мојот живот.
Не ми е јасно како можеш те исто да реплицираш, и да очекуваш друг одговор?!?!
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.148
Поени од реакции
3.099
Добро бе ќе се освестиме и ќе излеземе на протест или сите заангажирани сте партиски??
Немам видено побудала народ од нас овде..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom