Такси превоз во Охрид!

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Сред бел ден, топло, со еден другар, бефме негде може на километар од Туристичка, не мрзеше да идеме пешки, и викаме ај ќе идеме со такси. И се качуваме, не носи до Туристичка, не остава, и јас му давам 30 денари (толку пишуваше на таксиметарот) и он ми вика: Дечко 60 денари, толку зимаме за оваа релација. Не ми беше денот баш за карање, му оставив 60. Сега не би го направил тоа.
Не ми беше за парите, него ми беше за непрофесионалноста и некултурата. За разлика од другите градови, охрид има најлош такси превоз!
 
После 5 години каква е ситуацијата со таксистите во Охрид?
 
После 5 години каква е ситуацијата со таксистите во Охрид?
Со една реченица - имаш такси компании со име Сузуки и Бел Мерцедес ама без ниту едно Сузуки и Мерцедес возило :)
1513295_708733052479817_1116832833_n.jpg

Инаку, возилата генерално добри и понови, со мал дел исклучоци.Ама возачите се генерално контра дезодоранси, парфеми и освежувачи за в кола.Ризикуваш живот на моменти со оглед на нивното возење (ама ова ни е општа одлика во државава, кај нив е поизразено па се вадат дека таква им е работата), жмигавци не користат, ненајавено вртење полукружно на сред улица, наеднаш застанување по мерак на патниците итн.Обично и штедат клима, ама ова е веќе од газдите.Последно се возев пред 4-5 дена, а претходно не се сеќавам колку месеци уназад не се имам качено.На лето го кркаме истиот стап со луѓето дојдени од страна, по пристап и по цени.Не им е по мерак да не возат на пократка тура или негде настрана од плажите, освен по нивна тарифа.Секоја чест на возачи исклучоци.И зима поголем дел ќе стојат празни поради вакви причини.
Интересно е шо појаките фирми и со поголем број возила се склони да ти речат 5-10 минути, а да ги чекаш 20-30.Помаливе со помалку возила ќе ти речат имаме гужва, за 20 мин. дали одговарат?
Летно време имаш уште толку диви возачи (па и лиценцирани ама по некоја чудна постапка.И не користат таксиметри) па и некој дури дојдени и од поблискиве места возат, Битола, Прилеп, Кичево итн.600 легални такси возачи се премногу настрана од лето, ама сега се сигурно дупло.Предност им е само на тие со лично познанство со некој таксист...
 
Број од некое такси и цените како се движат?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom