- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 6.134
- Поени од реакции
- 1.896
Во продолжение следува еден набрзина скоцкан текст во кој главни актери се T-Mobile,Земјата на чудата и јас. Верувам дека сите знаете кои се T-Mobile и знаете која е Земјата на чудата, а јас и не сум многу важен.
Се почна пред 3-4 години кога за прв пат скучив договор со T.M. И се беше пријатно и монотоно се до пред 2 месеци кога изненадно пристигна абнормално висока сметка. Кога ја прегледав сметката забележав дека во истата бесплатните минути кои ми се вклучени во претплатата не се пресметани.
Културно си се обратив во продажниот салон и бев посоветуван да поднесам приговор. После недела дена ми пристигна одговор дека приговорот ми е одбиен и дека со сметката се е во ред. Повторно отидов на консултација во продажниот салон и по посочувањето на грешката вработениот таму (кој во исто време е и шеф на салонот) го прифати приговорот и ми ја наплати сметката по сумата која реално треба да ја платам и воедно се извини за пропустот.
Со сметката за следниот месец случајот беше ист како погоре но за неа не реагирав. И се повторно почна да тече пријатно и монотоно и почнав да ја враќам довербата до нив се додека денес не ми стигна порака дека телефонот ми е исклучен поради не платена сметка за месец март.
Веднаш отидов до салонот да им соопштам за пропустот кога таму ме дочека непријатно изненадување.За жал не ме понудија со чај туку ми соопштија дека сметката за месец март е платена половина, а другиот дел не е платен и дека ако сакам да бидам вклучен морам да платам уште половина сметка. И покрај тоа што имав потврда за платена сметка ме убедуваа дека треба да платам уште половина за да го исчистам долгот.
Неможејќи да испаднам на крај решив да се обратам до пазарна инспекција. Но таму ме дочека разочарување кое ја сруши и последната ронка надеж која ја имав за Земјата на чудата. Ми беше соопштено дека и покрај тоа што сум во право и тоа што во никој случај несмеело сметката да биде поделена на пола, тие неможеле да сторат ништо поради тоа што големите фирми се заштитени од државата. Бев посоветувам да поднесам преписка но не ми гарантираа ништо.
Од таму гневен и разочаран се вратив во T-Mobile и си го платив останатиот дел од сметката и сега со радост чекам да дојде денот кога завршува договорот со нив.
Заклучокот е повеќе од јасен но жалното е што нема решение, а нема ни кој да ти помогне. Каде и да одиш ќе бидеш силуван од фирми кои што се заштитени и единствено што може да се стори е да се стави повеќе вазелин.
Искрено ваш наскоро бивш корисник на T-Mobile.

Последно уредено: