T-Mobile во Земјата на чудата

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Во продолжение следува еден набрзина скоцкан текст во кој главни актери се T-Mobile,Земјата на чудата и јас. Верувам дека сите знаете кои се T-Mobile и знаете која е Земјата на чудата, а јас и не сум многу важен.

Се почна пред 3-4 години кога за прв пат скучив договор со T.M. И се беше пријатно и монотоно се до пред 2 месеци кога изненадно пристигна абнормално висока сметка. Кога ја прегледав сметката забележав дека во истата бесплатните минути кои ми се вклучени во претплатата не се пресметани.
Културно си се обратив во продажниот салон и бев посоветуван да поднесам приговор. После недела дена ми пристигна одговор дека приговорот ми е одбиен и дека со сметката се е во ред. Повторно отидов на консултација во продажниот салон и по посочувањето на грешката вработениот таму (кој во исто време е и шеф на салонот) го прифати приговорот и ми ја наплати сметката по сумата која реално треба да ја платам и воедно се извини за пропустот.
Со сметката за следниот месец случајот беше ист како погоре но за неа не реагирав. И се повторно почна да тече пријатно и монотоно и почнав да ја враќам довербата до нив се додека денес не ми стигна порака дека телефонот ми е исклучен поради не платена сметка за месец март.
Веднаш отидов до салонот да им соопштам за пропустот кога таму ме дочека непријатно изненадување.За жал не ме понудија со чај туку ми соопштија дека сметката за месец март е платена половина, а другиот дел не е платен и дека ако сакам да бидам вклучен морам да платам уште половина сметка. И покрај тоа што имав потврда за платена сметка ме убедуваа дека треба да платам уште половина за да го исчистам долгот.
Неможејќи да испаднам на крај решив да се обратам до пазарна инспекција. Но таму ме дочека разочарување кое ја сруши и последната ронка надеж која ја имав за Земјата на чудата. Ми беше соопштено дека и покрај тоа што сум во право и тоа што во никој случај несмеело сметката да биде поделена на пола, тие неможеле да сторат ништо поради тоа што големите фирми се заштитени од државата. Бев посоветувам да поднесам преписка но не ми гарантираа ништо.
Од таму гневен и разочаран се вратив во T-Mobile и си го платив останатиот дел од сметката и сега со радост чекам да дојде денот кога завршува договорот со нив.

Заклучокот е повеќе од јасен но жалното е што нема решение, а нема ни кој да ти помогне. Каде и да одиш ќе бидеш силуван од фирми кои што се заштитени и единствено што може да се стори е да се стави повеќе вазелин.

Искрено ваш наскоро бивш корисник на T-Mobile.
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
845
????????????????????
Човекот си ја кажува маката,а ти демек се чудиш?Те предупредува тебе и сите кои сакаат да вклучат пост-пеид договор.А ти прашувај се до утре ако сакаш...Не само за т-мобиле и банки и струи и води и секакви пост-пеид трошоци што ги имаме,сите до еден крадат на големо и никој ништо не им може...Сите се прават мутави.Е тоа е таа чудесна земја и во иднина можеш ТИ да бидеш тој што не е многу важен.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Човекот си ја кажува маката,а ти демек се чудиш?Те предупредува тебе и сите кои сакаат да вклучат пост-пеид договор.А ти прашувај се до утре ако сакаш...Не само за т-мобиле и банки и струи и води и секакви пост-пеид трошоци што ги имаме,сите до еден крадат на големо и никој ништо не им може...Сите се прават мутави.Е тоа е таа чудесна земја и во иднина можеш ТИ да бидеш тој што не е многу важен.
По грешка ја испратив темата само со првиот дел.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.334
Поени од реакции
38.962
Затоа јас по завршувањето на тие две години сега си терам без договор кон мобилен оператор. Две години е многу да бидеш обврзан со вакви преваранти. Ако сакам да купам нов телефон ќе си платам таму колку е за само телефонот да се купи и мирна глава. :D

T-Ograbivme :LOL:
 
Последно уредено:
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.663
Поени од реакции
2.618
Чудно, од 98 татко ми е на Т-мобиле- македонски телеком како и да се викал, и до сега еве нема дојдено повеќе сметка колку е претплата толку, со исклучок еден месец ме заебоа за интернетот. Активирам јас Бејсик пакет и ми стига порака дека е активиран, јас си седам на интернет мислам активиран ми е, кога се уклучувам на нивната страна има шо да видам интернет ми го пишува во мб и цена колку сум потрошил, добро не беше многу околу 300 денари.
Сега си имам посебна картичка само за интернет и знам колко ќе си ставам толку неможе повеќе да ми зема.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Чудно, од 98 татко ми е на Т-мобиле- македонски телеком како и да се викал, и до сега еве нема дојдено повеќе сметка колку е претплата толку, со исклучок еден месец ме заебоа за интернетот. Активирам јас Бејсик пакет и ми стига порака дека е активиран, јас си седам на интернет мислам активиран ми е, кога се уклучувам на нивната страна има шо да видам интернет ми го пишува во мб и цена колку сум потрошил, добро не беше многу околу 300 денари.
Сега си имам посебна картичка само за интернет и знам колко ќе си ставам толку неможе повеќе да ми зема.
Си имал среќа.Јас до скоро бев голем симпатизер на T-Mobile.3-4 години сум нивен корисник и првпат се случува вакво нешто и за среќа е последно.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
577
АЕК мора да раегира! Во случајот со големите фирми и судски одлуки тоа мора да е голема лага има паѓано Т-мобиле и тоа многу.

Добро Анализирај ги членовите во договорот ако е се легуларно со бесплатните Аек,Тужба и оштета!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.058
Како тоа големите фирми се заштитени од државата? Дали тоа е муабет демек "не пробувај да ги тужиш зашто ќе изгубиш бидејќи се јаки" или стварно има парче закон што ги штити корпорациите? Ако е тоа вистина тогаш тоа е стварно заебана ситуација. Колку и да е корумпиран системот барем на хартија треба да стои дека сите де еднакви пред Законот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.628
Поени од реакции
5.678
апаши тешки се, поготово ако сакаш да раскинеш договор уште 3 месеци ќе те влечкаат со комисии дали се било регуларно подмирено и др глупости, па и ако не им го однесеш рутерот во кутијата како што ти го дале има да се налутат. Ебате фирмата апашка. За истите пари сега што ги давам има 3 пати побрз интернет, плус неограничен во споредба со нивните 30 гига, којзнае колку канали и минути на телефон
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Јас имам договор со T-Mobile повеќе од 6 години сигурно, ниедна грешка до сега...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.685
Поени од реакции
4.556
Јас не знам зошто воопшто сеуште има приватни корисници т-мобиле. Остај ги таму само со фирмите и со бизнисмените нека се дружат, копилиња корпорациски. Златна конкуренција...
 

zabiste

Ако не ааа ако не...
Член од
8 октомври 2013
Мислења
196
Поени од реакции
525
Пред 2 години летото бев USA на work&ravel, и скоро секое сабајле девојками ме будеше со звонење на мобилниот (кој го чував под перница) за да се уклучам тоа време на skype а јас и спуштав за таа да не троши, затоа што рано на сабајле пред работа имав време од 10-15 мин. да се видам со неа. Но да се префрлиме да главното. Едно сабајле како и претходните, таа ми звонела и некој американец и кренал, и девојками така збунета почнала да го прашува за мене, дали може да го добијам и сл. а додека од него и од позадина се слушале звуци на смеење. Но без разлика, девојками после тоа спуштила и уште два пати пробала пак да ми звони и уште два пати истата приказна. Кога следниот ден се слушнав со девојками за тоа зошто не ме разбудила на телефон за да се видиме таа ми кажа за сето ова, и јас проверив на мобилниот и немав никаков пропуштен а ни примен повик во историјата на телефонот(телефонот беше НОВ кој го зедов пред да тргнам за Америка). После тоа проверив на страната од Т-мобиле за детална сметка и си имав сметка од 500 и нешто денари за три повици од девојками на кои јас не сум одговорил а ни постојат во телефонот. Иако сумата не беше голема, сакав да ги контактирам во врска со ова, па сестрами ги контактира за мене и откако им објасни за целава ситуација, тие и кажале дека е активирано пренасочување на повици од моја страна, но им беше објаснето дека телефонот е нов, и дека такво нешто јас не сум активирал, па и да беше активирано, нели тоа пренасочувањето е во случај кога си веќе зафатен на линијата, или немаш мрежа па во тој момент некој сака да те контактира. Но без разлика на сето тоа, тие и одговорија на сестрами, НЕ Е НАША ГРЕШКА И НЕ МОЖЕМЕ ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ.

Многу "ефикасна" корисничка помош
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.675
Поени од реакции
1.805
10 години на тмобиле ниеднаш не сум имал сличен проблем....
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.774
Поени од реакции
5.749
мене вакви испади не ме чудат више, пред некое време на еден познаник кој го изгуби моб у странство му стигна сметка 280 000 ден.
тој што го нашол си вртел и си вртел дур да го исклучат, еве и тука има грешка од страна на т-мобиле зашто нели послем надминување на одредена сум у роаминг они се должни да го блокираат за понатамошни услуги мислам ако надминеш 200е ова беше ма и нека е 500е лимитот ама 2.500е? и никој да не реагира а должни се и сеа исто никој грешката да не ја признава?

@*phoenix* од инат ке киднеш али немој да мислиш дека и другиве оператори се сјајни, мене лично од вип на 2 пати ми има стигнато сметка поголема и нема кај не отидов за да се тргне грешката али џабеееееее
 

Kajgana Shop

На врв Bottom