Не знам дали успеа да го оправиш ова но мојата девојка го имаше тој проблем. На неа почна ова да и се дешава после исклучување на сметка поради не платени сметки. Отидовме во телеком, проверија дали има забрана за смс (немаше), и ја ставија нејзината сим картица на еден од вработените приватниот мобилен и пак не сакаше. И издадоа нова сим картичка, пробавме и повторно не можеше. Рекоа дека ќе контактираат во Скопје, и ништо не ја известија. После една недела девојками се јави во телеком (122 мислам беше) им ја објасни ситуацијата, даде ЕМБГ, тие направија нешто, тас го рестартира својот мобилен и работата се оправи. Пробај да звонеш, и биди упорен.