Дечки, проблемов го имам по одамна, а и не сум се замарал да го пријавам во Телеком, пошто ретко се допишував преку SMS , а сега со ова месенџерот, вибер, дискорд, инстаграм па ич.
Прегледај го приврзокот 216488
Да, неможам да праќам SMS пораки, а сите други у фамилија можат.
Не ми е мене дојдено до праќање на SMS пораки, али за секој случај да можам да праќам.
Проблемов е уште од по одамна, на сите претходни 4 телефони што сум ги користел, исти проблем, и сим картица имам мењавано ама ништо. Еден период работеше океј, кога бев лето у село, е после тогаш пак се појави проблемот.
Бев денес у салон, проверија од таму, и немало никаква забрана за SMS пораќи. До SIM картицата неверувам дека ќе да е, бидејки еднаш ја мењавав, пред 3-4 години и тоа од тие новите што може да се местат од мали до големи.
Иначе проблемот сигурно е повеќе од 5 години. Таа таму у салон ми рече да си го проверам телефонот, у опции на Messages, а телефонот нов нов вчера купен. До телефонот нема шанси да е. Прочешлав убаво по опциите, ама ништо. А и на претходните телефони што ги користев исти проблем.
Станува збор за Samsung Galaxy A50.
Претходен телефон ми беше Samsung Galaxy J7 2016, а пред тој ми беше Galaxy Ace 4, или така нешто.
Чаре???