T-Mobile - Генерална дискусија

Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.692
Поени од реакции
4.567
Korisnik sum 8 meseci na telekom, sakam da zemam telefon na rati.
Koja e procedurata? sakam xs max...
Ke te košta kako sv. Petar što go koštala kajganata
Vkupnite rati što treba da gi platiš...na kraj ke iznesuvaat 30-40% poveće nego da go zemiš od nekoja mobilijara
Ako ne si pri pari....podobro zrpni nekoja kreditna kartička....poeftino ke ti ispadni i od kamatite
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.173
Ke te košta kako sv. Petar što go koštala kajganata
Vkupnite rati što treba da gi platiš...na kraj ke iznesuvaat 30-40% poveće nego da go zemiš od nekoja mobilijara
Ako ne si pri pari....podobro zrpni nekoja kreditna kartička....poeftino ke ti ispadni i od kamatite
Не е проблем, и 50 % да е поскапо ако.
 
Член од
26 декември 2017
Мислења
944
Поени од реакции
365
Не е проблем, и 50 % да е поскапо ако.
Али пак де Телеком, де од Мобилара, ист квалитет само различна цена.
Немора од Ледиком, имаш Мобилекс (или како и да се викаше) , кај кисела вода, онаа новата зграда на Адора, флатон (или како и да се викаше).

Пребарај, види и одлучи. Мое е да ти кажам.
 
I

INFECTED

Гостин
чекај малце, Mi Store држат и Ајфони????
Грешка, видов ми макс. Сум избрзал.
Штом ајфон, отиди си до istyle.
Ќе имаш мака од телеком во секој поглед. Океј се тие само за припејд и само за нокиа 3310.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
38
Поени од реакции
53
Korisnik sum 8 meseci na telekom, sakam da zemam telefon na rati.
Koja e procedurata? sakam xs max...
Претпоставувам дека договорот ти е склучен на две години. Во старт во зависност од избраниот пакет имаш одреден буџет. Доколку го имаш искористено ќе склучиш договор за купување на уред на рати и ќе го отплаќаш во месечните сметки. Доколку го немаш искористено буџетот....искористи го со што ќе ти се одбие од вкупниот износ на уредот (остатокот оди на рати). Оди во било кој салон со ЛК на носителот (лично) на договорот и ќе завршиш работа. Да не заборавам.....има малку мрсна камата скапичко ќе ти дојде.
 
Последно уредено:

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.096
Поени од реакции
259
Korisnik sum 8 meseci na telekom, sakam da zemam telefon na rati.
Koja e procedurata? sakam xs max...
На уште една работа што треба да внимаваш е тоа што автоматски правиш нов договор и за услугите. Значи ако договорот ти е на 2 години тој се обновува, јас земав телефон 3 месеци од како направив договор за магента и автоматски нов договор, сакам да кажам буџетот од првиот договор се поништува (освен во меѓувреме ако не смениле нешто)

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.218
Поени од реакции
1.626
Дали на телеком имат кратки кодој за проверка уште колку интернет/кредит имат останато, или морат преку апликацијата нивна да се проверит?
 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.269
Поени од реакции
6.524
Дали имате случај за анкета од Програма за лојалност од Телеком со наградна игра како оваа?
 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.269
Поени од реакции
6.524
Превара.....лично прашав во Т Мобиле
И јас се консултирав. Проблемот е што од нивниот сајт дури вртев ми излезе прозорче, како и вообичаено. Ама кога се јавив, имале и други слични пријави во текот на денот и ќе сределе.

Благодарам и до двајцата;)
 
Член од
26 декември 2017
Мислења
944
Поени од реакции
365
Не бе овие отидени...
Едно што ова новите тарифи, туку и се друго ни се измеша буквално. Ама ќе им турам к*рац веќе преку глава ми е.

Отидовме до салон да земеме телефон за малиот пошто тој што го имаше (Ј5 2017) ненамерно му паднал и екранот почна да халуцинира, еве сега скрос исцрне (не е пукнат само внатрешно заебан).
Од мобилната 4,500 бараа, па се одлучивме нов да земеме. Сакаше Samsung, имаше еден A20e не беше лош, али после се одлучивме за Redmi 7 пошто доста подобар.
Арно ама кога отидовме таа таму ни рече дека прво тој е само онлајн попуст. Океј, не е проблем ќе го нарачам онлајн. (Ако некој знае до колку им траат тие онлајн попусти нека пише). После тоа ми вика, другите 2 броја на Татко ми и на Брат ми на Magenta S. Океј тоа неможе ништо, а и тие се по старата магента. Јас сум на Cool 4GB, што таа тарифа не е сменета. Е сега мајка ми е на Magenta M ама старата тарифа. Татко ми мораше да ја смени пошто еднаш овие у City Mall кога отворија даваа J3 2016 за 1 денар, па пошто мајка ми имаше еден LG од 2014-та кој што редно беше да се замени. Зема што зема татко ми телефон тогаш, ама мајка ми мораше на Magenta M да ја префрли.
Е сега оваа ми вика, не неможе со старата магента, мора со новата.
И згора на тоа вика ако ги мењавате (продужувате) договорите, автоматски ќе мора и тој за Max TV, и домашен интернет (оптика) да се обноват, бидејки се во 6 месеци пред истек.
Па нели може да не се обноват Max TV и домашниот интернет? Она ми вика, не као демек системот автоматски мењавал.
И ајде се вративме дома, израчунавме, пресметавме, видов како е кај други Оператори. Иии сега кај Телеком, пошто ние сме на Max TV L, ако одиме по новата тарифа со Max TV L, ќе треба да плаќаме околу 200 денари поскапо. Да, може за вас не е ништо 200 денари плус, али сепак мајками...многу скапа била сметката да се намали...
Реално и така и така никој не ги гледа тие бонус канали што ги имаме па така да тоа може да се намали.
Но сега приметив за домашен интернет пишува само 100/100 и гигабит. Каде е 60/60.Напишале само стабилен интернет а брзини?
Идеш у секторот само за TV и домашен интернет и ти дава еден друг пакет со 300/300 а кај Magenta 1 сосема друго дава. Значи работиве им се измешани. Или намерно прават така за да земат некоја пара повеќе.
И да, сега 100/100 им е иста цена со Неотел 50/50,ама пазете, само во првите 2 месеци. После тоа испаѓа 100~200 денари поскапо. Кои мафијаши...
Али на крај ќе им е*ам маме, ќе ги раскинам за Max TV, и Домашен интернет, и ќе се врзам Неотел, иста цена ќе плаќам ама барем 100 канали загарантирано, и ваљда ако имаат Неотел некоја понуда, еве на пример за 50/50 претходниот месец се плаќаше исто така само брзините беа дуплирани. А и плус Neo TV е Android, знаете Open Source, Play Store, APK фајлови па така да можам и преку IPTV да гледам повеќе канали (тоа со MARCELLO ќе средам). А за Мобилна, ќе си останат сите други на новата Magenta S, а јас ќе бидам префрлен на Magenta M, а и така треба само 1 на поголема тарифа од Magenta S, за цената од 599 да стане 499.Не им ја сваќам финтава, али очигледно со новите тарифи гледаат да испобунат луѓе, и да земат повеќе пари. Чисти лопови.
Не сваќам зошто едноставно не ги остават тарифите какви што се, а не да ги менуваат на секоја година - две.
Е дури после ќе можам Redmi 7 да го земам за околу 2 бона, и тоа од нивниот сајт.
Телекабел неможеме да се префрлиме, поради броевите на моите, пошто нема да бидат 070, 071 или 072, туку 074, а тоа они не сакаат да им се сменат броевите заради работата.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
1.707
Поени од реакции
760
Е дури после ќе можам Redmi 7 да го земам за околу 2 бона, и тоа од нивниот сајт.
Телекабел неможеме да се префрлиме, поради броевите на моите, пошто нема да бидат 070, 071 или 072, туку 074, а тоа они не сакаат да им се сменат броевите заради работата.
Можеш да се префрлиш на друг оператор и да направиш портирање на број. Го задржуваш и префиксот и бројот. Мислам дека треба барање и се плаќа 150-200ден ако не се лажам. Би требало да имаш точни информации на site-от на било кој оператор.
 
На врв Bottom