Не бе овие отидени...
Едно што ова новите тарифи, туку и се друго ни се измеша буквално. Ама ќе им турам к*рац веќе преку глава ми е.
Отидовме до салон да земеме телефон за малиот пошто тој што го имаше (Ј5 2017) ненамерно му паднал и екранот почна да халуцинира, еве сега скрос исцрне (не е пукнат само внатрешно заебан).
Од мобилната 4,500 бараа, па се одлучивме нов да земеме. Сакаше Samsung, имаше еден A20e не беше лош, али после се одлучивме за Redmi 7 пошто доста подобар.
Арно ама кога отидовме таа таму ни рече дека прво тој е само онлајн попуст. Океј, не е проблем ќе го нарачам онлајн. (Ако некој знае до колку им траат тие онлајн попусти нека пише). После тоа ми вика, другите 2 броја на Татко ми и на Брат ми на Magenta S. Океј тоа неможе ништо, а и тие се по старата магента. Јас сум на Cool 4GB, што таа тарифа не е сменета. Е сега мајка ми е на Magenta M ама старата тарифа. Татко ми мораше да ја смени пошто еднаш овие у City Mall кога отворија даваа J3 2016 за 1 денар, па пошто мајка ми имаше еден LG од 2014-та кој што редно беше да се замени. Зема што зема татко ми телефон тогаш, ама мајка ми мораше на Magenta M да ја префрли.
Е сега оваа ми вика, не неможе со старата магента, мора со новата.
И згора на тоа вика ако ги мењавате (продужувате) договорите, автоматски ќе мора и тој за Max TV, и домашен интернет (оптика) да се обноват, бидејки се во 6 месеци пред истек.
Па нели може да не се обноват Max TV и домашниот интернет? Она ми вика, не као демек системот автоматски мењавал.
И ајде се вративме дома, израчунавме, пресметавме, видов како е кај други Оператори. Иии сега кај Телеком, пошто ние сме на Max TV L, ако одиме по новата тарифа со Max TV L, ќе треба да плаќаме околу 200 денари поскапо. Да, може за вас не е ништо 200 денари плус, али сепак мајками...многу скапа била сметката да се намали...
Реално и така и така никој не ги гледа тие бонус канали што ги имаме па така да тоа може да се намали.
Но сега приметив за домашен интернет пишува само 100/100 и гигабит. Каде е 60/60.Напишале само стабилен интернет а брзини?
Идеш у секторот само за TV и домашен интернет и ти дава еден друг пакет со 300/300 а кај Magenta 1 сосема друго дава. Значи работиве им се измешани. Или намерно прават така за да земат некоја пара повеќе.
И да, сега 100/100 им е иста цена со Неотел 50/50,ама пазете, само во првите 2 месеци. После тоа испаѓа 100~200 денари поскапо. Кои мафијаши...
Али на крај ќе им е*ам маме, ќе ги раскинам за Max TV, и Домашен интернет, и ќе се врзам Неотел, иста цена ќе плаќам ама барем 100 канали загарантирано, и ваљда ако имаат Неотел некоја понуда, еве на пример за 50/50 претходниот месец се плаќаше исто така само брзините беа дуплирани. А и плус Neo TV е Android, знаете Open Source, Play Store, APK фајлови па така да можам и преку IPTV да гледам повеќе канали (тоа со MARCELLO ќе средам). А за Мобилна, ќе си останат сите други на новата Magenta S, а јас ќе бидам префрлен на Magenta M, а и така треба само 1 на поголема тарифа од Magenta S, за цената од 599 да стане 499.Не им ја сваќам финтава, али очигледно со новите тарифи гледаат да испобунат луѓе, и да земат повеќе пари. Чисти лопови.
Не сваќам зошто едноставно не ги остават тарифите какви што се, а не да ги менуваат на секоја година - две.
Е дури после ќе можам Redmi 7 да го земам за околу 2 бона, и тоа од нивниот сајт.
Телекабел неможеме да се префрлиме, поради броевите на моите, пошто нема да бидат 070, 071 или 072, туку 074, а тоа они не сакаат да им се сменат броевите заради работата.