Не знам што им е сега моабетов со овие рутери. Колку што се сеќавам владата им даде рок до 2020 година оптика да се постави во цела македонија. Вака како што почнале...ни о од оптика нема да видиме. Од друга страна телеком сега сите корисници во исти кош ги има ставено, имал или не оптика, плаќаш исто. Во скопје на оптика даунлоадирам за минута, а овдека ми требаат 2-3 саати. Ако земеш во предвид дека сите дома се на wifi интернет, доаѓаш до заклучок дека дома ни 2мб по корисник немаш, а плаќаш месечна сметка над 50 евра. МИЗЕРИЈА. Колку и да го фалев телеком, најверојатно ќе го напуштам. Ќе земам друга мизерија за помалце пари.
Не знам од каде ти е информацијата за тој некаков рок до 2020 година од владата за цела Македонија да биде покриена со оптичка телекомуникациска мрежа.
Агенцијата за електронски комуникации во 2014 година усвои стратегија со која се предвидува до 2020 година најниската Интернет брзина низ цела Македонија да биде 30 мегабита во секунда, односно 3 мегабајти во секунда, а тоа нема никаква поврзаност со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Кабелските оператори низ Македонија од поодамна нудат кабелски Интернет со брзини и до 100 мегабита во секунда, односно 10 мегабајти во секунда, што значи дека на Македонски Телеком му останува само да ја прилагоди својата веќе постоечка бакарна телекомуникациска мрежа со VDSL технологија и ете минимална Интернет брзина од 30 мегабита во секунда, односно 3 мегабајти во секунда - и сето тоа преку постоечката бакарна телекомуникациска мрежа, а не преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
А бидејќи сме Македонија - земјата на чудата - АЕК може слободно да го помести тој зададен рок во иднина до бескрај. Монополот на Македонски Железници на железничките пруги беше бетониран откако владата донесе одлука да не го либерализира железничкиот пазар се` до евентуалното зачленување на Република Македонија во ЕУ - што најверојатно ќе биде на Свети Никад, а кога сме кај телекомуникацискиот пазар, никој од нас не знае што ќе се случи во наредните 3 (ТРИ) години.