Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Ај што ADSL Интернетот од 2008 година па наваму низ целиот свет е фиксно ограничен на максимални 2.4 мегабајти во секунда, односно 24 мегабита во секунда, но дури и кога би можел ADSL Интернетот да достигне 5 мегабајти во секунда, односно 50 мегабита во секунда, тоа сепак би останало неизводливо преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која и вака е во катастрофална состојба.

Бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком едвај успева да достигне 2 мегабајти во секунда, односно 20 мегабита во секунда - и тоа многу ретко, вообичаено брзините се помеѓу 1.2 мегабајти (12 мегабита) во секунда и 1.8 мегабајти (18 мегабита) во секунда, а камо ли па 5 мегабајти во секунда, односно 50 мегабита во секунда - под претпоставка дека тоа некогаш би било во иднина технички изводливо, а поголеми се шансите Македонци да го населат Марс наспроти ADSL техничките можности на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Секој пакет кој Македонски Телеком го нуди со брзина над 2 мегабајти во секунда, односно над 20 мегабита во секунда, мора да оди преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Тогаш логички понудава е за оптички интернет, а на страната се дава како на АДЛС. Бидејќи ми е поминат договорот понудава ми дојде како примамлива. Во нашиот град сеуште нема оптички. Рака на срце, покрај мали проблеми со рутерот (ретки) до сега не сум имал нешто посериозно со Т-ХОМЕ
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
1.399 денари месечно, поевтино за цели 100 денари, уште малку и од Македонски Телеком ќе бараат и фала да им кажеме за масовното поевтинување на цените на месечните претплати. :tapp:

https://www.telekom.mk/max-optic-start-1.nspx
ова е за договор на две години за нови корисници, за продолжување на договор за стари корисници е како што напишав 1499 ден!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
ова е за договор на две години за нови корисници, за продолжување на договор за стари корисници е како што напишав 1499 ден!
Ако корисникот мигрира од стара кон нова услуга, по логика на нештата и претплатата треба да се смени.

Но дури и да станува збор за обновување на договор, малку бесмислено е постоечкиот корисник да прифати обновување на истечениот договор под истите услови и со истата месечна претплата.

Корисникот воопшто не е обврзан да го обновува постоечкиот договор или да потпишува нов обврзувачки договор, бидејќи во постоечкиот договор јасно стои дека и после истекувањето на договорот, остануваат истите правила, услови и истата цена на месечната претплата, со разликата што после истекувањето на договорот, корисникот може кога сака да ја откаже услугата без воопшто да плаќа пенали, бидејќи договорот веќе истекол.

Ако Македонски Телеком сака да ги натера своите постоечки корисници да потпишат нови договори или во спротивно да им ја укине услугата, така само на себеси си прави штета, бидејќи корисниците можат да преминат кај друг телекомуникациски оператор.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Македонски Телеком ги заболе за постоечките корисници! (Простете на израз)

Мобилните услуги во пост-пејд им ги користам уште од времето на Мобимак, или пак Телеком како се викаа на почеток? 3 Мах пакет склучив во првите две недели одкако искочи на пазарот (секако за тоа време имаа одлична грижа за корисници и беа одлични нивните услуги). Со тек на време почнаа проблемите со интернетот и телевизијата, доаѓаа истиот ден на повик и средуваа. Договорите ги продолжував на секое истекување (Секогаш те известуваа дека се истечени и ти нудеа нешто за да го продолжиш). Но кога почнаа при пријава на проблем да доаѓаат после една недела, и на мобилните да не добиваш ништо повеќе од она што си го добивал години уназад, решив еден од трите броја кои ми беа во пакет со 3 Мах-от да го префрлам во Вип. Од тогаш никогаш повеќе не ми се јавија да ме известат дека договорите ми се истечени и да ми понудат нешто за да го продолжам. Сам се јавував да прашувам кога ми завршуваат и при продолжување добивав ист избор на уреди како некој прв пат да потпишуваше договор, но потпишав уште еден договор. Тој ми истече пред неколку месеци, повторно се јавив јас да прашам кога ми завршува и според кои тарифи да гледам кои телефони која цена ми доаѓаат. Од контакт центарот добив одговор дека претплата веќе не постои и за телефонски уреди можам да ги гледам цените на Пензионер тарифата! (Цени како од мобилара без договор да го земам нов телефонот)
Ми понуди да се префрлам на Магента и ќе сум добиел буџет, услугите ќе ми биле исти како сега, но претплатата ќе ми била 800 денари повеќе! Не се нормални.

Веќе денес Вип имаат опција каква што ми одговара, како кај телеком - телевизија, интернет, фиксен во пакет со две мобилни линии. Мобилните веќе од 12 часот ми се на Вип, денес потпишувам договор за Комбо. Добивам дупло канали, интернет 100 мегабита (во телеком 12 мегабита, никогаш не решија да донесат до кај мене оптика, реални 6 ги добивав), од фиксниот иако не зборам ќе имам неограничено кон сите домашни (во телеком секоја секунда ми ја наплаќаа +), и кај мобилните се повеќе од претходно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Македонски Телеком ги заболе за постоечките корисници! (Простете на израз)

...
На место ти е коментарот, но бесмислено е за Македонски Телеком денес да нуди, да речеме 3 Max Comfort Plus, по истата месечна претплата од 3.000 денари која ја користев јас се до 2012 година кога се исклучив од тогашен Ти-Хоум, кога денес Македонски Телеком нуди Internet & TV пакети со истите карактеристики на поранешниот 3 Max Comfort Plus - за волја на вистината, со малку подобрени карактеристики - по цена од 1.600 денари месечно за Internet & TV M пакетот, или по цена од 2.400 денари месечно за Intern & TV L пакетот.

Треба да не се со сите за да му понудат на постоечкиот корисник продолжување на истата претплата за 3 Max Comfort Plus од 3.000 денари месечно, а и постоечкиот корисник треба да не е со сите за да прифати таков идиотизам, кога за 600 денари помалку ја добива истата услуга, а можеби и за 1.400 денари помалку.
 
Не ми е јансо што потенцираш - сакаш да кажеш. Претплата ми ја намалија они од 3000 денари на 2050 денари поради нови и подобри пакети. Значи одкако еден број префрлив на Вип ми е намалена претплатата (со истите услуги), користам/ев 3 Мах + 2 мобилни броја на таа претплата. Ми викаат доколку сакаш да продолжиш договор на истата претплата нормално можеш да си избереш два телефони по цена на тарифата пензионер, доколку ја зголемиш претплатата на ~2800 денари за истите услуги ќе добиеш буџет од 24,000 денари, и телефоните ќе се ценат по подобра тарифа. Зошто побогу би сакал да плаќам 750 денари повеќе секој месец повеќе за да добијам буџет за телефони.

Она погоре го напишав чисто информативно да се знае како телеком третира долгогодишни корисници, и колку им е грижа истите да ги задржи.

Сега на Вип ќе плаќам само 200 денари повеќе, а ќе добивам некаде дупло, некаде многу повеќе од она што го добивав кај овие.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Не ми е јансо што потенцираш - сакаш да кажеш. Претплата ми ја намалија они од 3000 денари на 2050 денари поради нови и подобри пакети.

...
Е па, значи сепак воделе грижа за твоите потреби, сепак им било до некаде гајле. ;)
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Е па, значи сепак воделе грижа за твоите потреби, сепак им било до некаде гајле. ;)
Значи читаш не дочитуваш, претплатата ми ја намалија зошто еден број од пакетот извадив и го префрлив на Вип. Они го претставија како намалување поради х околности. Сума сумарум ако намалиле, тоа е минимално до 200 денари. Читај другото што го имам пишано и види дали водат грижа за корисници.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
Значи читаш не дочитуваш, претплатата ми ја намалија зошто еден број од пакетот извадив и го префрлив на Вип. Они го претставија како намалување поради х околности. Сума сумарум ако намалиле, тоа е минимално до 200 денари. Читај другото што го имам пишано и види дали водат грижа за корисници.
А бе јас убаво те читам, но изгледа ти не го разбираш тоа што веќе го спомнав погоре во пост #10655.

Ако на корисникот веќе му е истечен одговорот, може да ја откаже услугата кога сака и да премине кај друг оператор, а тоа не е во корист на Македонски Телеком. Конкуренцијата се шири и почнува да нуди се подобри услуги, а тоа не е во корист на компанија која сака да продолжи како и досега да остварува профити. Секако дека ќе мораат да им понудат нови договори на постоечките корисници со пониски месечни претплати, барем за да се обидат некако да ги врзат повторно за нив за уште барем 2 години.

Е сега, ако не им е повеќе приоритет да остваруваат профити, секако дека воопшто нема да им биде гајле за постоечките корисници и нема да им нудат нови договори со пониски месечни претплати или со поквалитетни услуги со досегашните месечни претплати.
 
Епа конечно се разбравме, значи они мене ми немаат понудена пониска претплата или било какви поволности за продолжување, напротив поскапа претплата за потполно истите услуги. Заклучуваме дека не им се приоритет постоечките корисници, само поголем профит.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
како и да е, во моментов ако сакате оптика, единствена оптика нуди телеком, а тоа знаат и да го наплатат!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.502
Поени од реакции
11.570
како и да е, во моментов ако сакате оптика, единствена оптика нуди телеком, а тоа знаат и да го наплатат!
И Вип нуди оптика, со разликата што ја нуди како кабелски Интернет преку коаксијален кабел и без симетрични брзини.

А инаку кабелската мрежа им е` оптичка во повеќето реони во кои нудат кабелски услуги.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
И Вип нуди оптика, со разликата што ја нуди како кабелски Интернет преку коаксијален кабел и без симетрични брзини.

А инаку кабелската мрежа им е` оптичка во повеќето реони во кои нудат кабелски услуги.
е па извини ама не е исто оптичко влакно и коксијален кабел, "башка" телеком има и добар пинг, али катастрофа служба, услуга....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom