Tајкун досега заработил 100 000 000 евра од шверц на цигари меѓу Македонија и Србија!

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Познат белградски тајкун, денес сопственик на фабрика, фирми, но и еден медиум, империјата ја направил со шверц на цигари, кој траел од 1998 до 2003 година, а заработил повеќе од 100 милиони евра!
Ова во ексклузивно интервју за српски "Курир" го тврди човек кој бил алка во тој синџир - возач на камион, кој инсистирал на анонимност за да не ги загрози животите на членовите на своето семејство, но како што кажал за весникот, бил подготвен сите тие наводи да ги повтори на суд.
Цигарите се шверцуваа од Македонија преку граничниот премин Табановце, па во Прешево во Србија, а за период од пет години, како што кажал, преку српската граница илегално преминал 100-200 камиони.
- Камион "марлборо" вредеше до милион и пол марки (подоцна евра), а како што не се плаќаше ни царина, ни акцизи затоа што на границите имавме свои луѓе, чистата добивка од еден камион беше околу половина милион евра! Камионите возеа од 10 до 12 тони цигари. Во камион собира 1.200 картони "марлборо", а во картон има 50 боксови цигари. Тој човек на 200 камиони заработи околу 100 милиони евра - им рекол соговорникот.
- Цигарите ги купувавме во "Македонија табак", а како купувач се појавува фирмата "Дошен" од Вуковар. Се разбира, таа фирма не постои, измислена е. Цигарите се плаќаа во кеш. Кога камион со цигари ќе ја премине македонската граница, имаме документација дека превезуваме цигари. Меѓутоа, во меѓузоната ги менуваме таблиците, ставаме лажни босански таблички кои ги носевме со себе од Србија. Кога ќе дојдеме на српската граница, полицаецот го запишува моето име и презиме и прашува што имам во камионот. Откако ќе му кажам дека тоа е ориз, ме проследува до терминалот. Тука не чека врската, а тоа се полицајци кои за еден камион добиваа по 10 илјади евра. Секогаш ја поминувавме границата само во деновите кога тие работеа. Скоро никогаш камините не беа отворани, туку едноставно, не пуштаа да поминеме. Меѓутоа, за не дај боже - ако ме запре полиција во Србија - веднаш штом ја преминам српската граница, повторно ги менувам таблиците. Ставам нови лажни таблички и ги подготвувам лажните документи за превоз на ориз кои сум ги понел кога од Белград тргнав кон Македонија. За секој случај, редевме и по некоја вреќа ориз на почетокот од приколката.Се беше лажно

Како и "Дошен", фирмата која ги купуваше цигарите, така и фирмите од кои, односно за кои, наводно, беше купуван оризот беа измислени.
- Чувам повеќе од 20 печати од различни фирми кои се направени за таа работа. Направивме и печати од царината. Се што имавме беше лажно: документација, фирми, таблички, печати и сообраќајите дозволи. Оризот го увезувавме од наводната фирма "Еурофуд", а увозник беше, исто така измислена фирма, "Хемо-медика". Табличките и сообраќајните дозволи беа босански, а ги добивавме од човек кој работеше во тамошната управа - рекол за "Курир" соговорникот.
Тој додава дека доколку се разгледаат царинските документи од тој период, многу лесно ќе се забележи дека во еден ден тој ја напуштил Македонија со шлепер полн со цигари и влегол во Србија со камион со други таблички и друга стока:
- Се подразбира дека увезував цигари, но тие беа наведени како ориз. Тоа може да го проверите по моите податоци, односно по бројот на пасошот. Само тој е точен, се останато е лажно и фалсификувано. ЧЕКАЛ НА ВРСКАТА 63 ДЕНА
Во една пригода бил во меѓузоната дури 63 дена чекајќи да дојде врската на српската граница.
-Македонската граница ја преминав со камион со цигари на 12 март 1999 година, но врската дојде на 14 мај! Се се искомплицира поради бомбардирањето. Во меѓузоната тогаш стоеја два наши камиони, а бидејќи беа таму два месеци, и македонската власт почнаа да се интересира за нив. Тогаш едвај се извлековме- додава сведокот.

ПОДАТОЦИТЕ СЛУЖБЕНА ТАЈНА
На прашањето упатено до македонската царина за тоа колкава количина цигари има увезено фирмата "Дошен" од Вуковар од Македонија, не добивме одговор. Од хрватската царина не упатија на Хрватскиот завод за статистика, од каде што не информираа дека се работи за службена тајна, исто како што ни одговори и српската Царина. Сепак, тие ни испратија податоци за количеството увезени цигари во периодот од 1997 до 2003 година.

Еее драги мој,еве како до долг живот. :D

Извор
http://vecer.com.mk/?ItemID=4A29ECB42DC860409085BF064ABCB7B3
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Брат извини вака ама форум = место за дискусија, а во вакви теми не гледам што е интересно и дискутабилно, едноставно вакви вести скоро сите ги прескокнуваат (n)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Лаже затоа и сака да остане анонимен.Во камион убаво натоварен собира 15-16 тони а во шлепер 22-27 тони
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.271
Поени од реакции
22.541
Браво,секоја чест се снашол човекот...... :cool:
Убаво викаше еден човек : од поштеност и искреност не се живее ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тоа кажува дека човекот е успешен. Во рокот од 6 години шверц човекот си обезбедил пари за до прапрапрапрапрапра...внуци.
Сега и да го затворат, ништо нема да биде.... ќе се снајде, врски, потплатување, ова, она и пак на слобода.
;):)
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Не ги сфаќам вакви луѓе... и во случај да било вистина ова, зошто излегува баш сега во јавност ? Присилен бил да вози камион 5 години па сега конечно сака да си ја кажи маката ? Сигурен сум дека не, и дека добро заработил и тој самиот. Грижа на совест ? Ептен ми се одбивни вакви гниди, 10 години подоцна кажува јавно во какви нелегални работи бил смешан па бил спремен и на суд да кажува имиња, види види... Да не ги дотрошил парите заработени тогаш ,па сега е спремен да 'пее' . Криво ми е шо вакви ликови добиваат медиумско внимание...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
A што е најжално е во време на сегашнава опозиција која изиграва дева марија и кога министер за внатрешни ако не се лажам беше џуџето со пуцвал коса и цвикери односно фрчковски.

И што ако е јавна тајна ама никој никогаш не презема ништо да се реши тоа
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 01:53 ---
Не ги сфаќам вакви луѓе... и во случај да било вистина ова, зошто излегува баш сега во јавност ? Присилен бил да вози камион 5 години па сега конечно сака да си ја кажи маката ? Сигурен сум дека не, и дека добро заработил и тој самиот. Грижа на совест ? Ептен ми се одбивни вакви гниди, 10 години подоцна кажува јавно во какви нелегални работи бил смешан па бил спремен и на суд да кажува имиња, види види... Да не ги дотрошил парите заработени тогаш ,па сега е спремен да 'пее' . Криво ми е шо вакви ликови добиваат медиумско внимание...
Во крвта лоповска им е тоа.И фрчко кога ќе снема пари излегува и џафка дека има докази за се и сешто
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Лаже затоа и сака да остане анонимен.Во камион убаво натоварен собира 15-16 тони а во шлепер 22-27 тони
Цигарите се прилично лесен товар, немора да значи дека мора да иде преку 22 тони. :)
Една опаковка е околу 20тина грама, не би требало да е повеќе, пресметај горе, толку испаѓа.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Во тие времиња тешки суми на пари се напраја. Доволно беше да имаш мудa за да преминиш граница.
 

DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
A што е најжално е во време на сегашнава опозиција која изиграва дева марија и кога министер за внатрешни ако не се лажам беше џуџето со пуцвал коса и цвикери односно фрчковски.

И што ако е јавна тајна ама никој никогаш не презема ништо да се реши тоа
--- надополнето: 13 февруари 2014 во 01:53 ---

Во крвта лоповска им е тоа.И фрчко кога ќе снема пари излегува и џафка дека има докази за се и сешто
Не дека немаше и во време на Фрчко шверц ама во конкретниов случај пишува дека се работи за 1998 до 2003та година, така да на власт биле истиве што се сега..
 
Последно уредено од модератор:
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Не е битно во чие време било, кој биле на власт, секогаш работите биле исти, тие на врвот, т.е. на власт го добивале најголемиот дел. Тогаш бил шверцот со цигари голем бизнис, денес е нешто друго за кое што ќе се зборува по 10-20 години.Секој да ја има таа шанса да биде на власт ќе ја игра истата игра, затоа што докажано носи голем профит. Може да си прајме ние филмој дека сме чесни, дека не сме такви, ама не е битно пошто 90% од опкружувањето е такво, за брзо време ќе го прифатиш тоа размислување и тој бизнис. Се е голема игра, еден печат од влада е границата меѓу легалното и 'нелегалното', треба само еден поглед да видиш кој го удира тој печат...
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Брат извини вака ама форум = место за дискусија, а во вакви теми не гледам што е интересно и дискутабилно, едноставно вакви вести скоро сите ги прескокнуваат (n)
Извинето е,брат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom