TВ права за спортски настани

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Добро е да се почне од негде, и така Еуроспорт го тргнаа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Дај боже да им текне да откупат и тенис US Open да не се замараме со барање по интернет.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Македонски коментатор на Спорт клуб. Како што пишува во веста ќе биде на натпреварот на Македонија и Ерменија во недела 18 часот Лига на нации.
Бранко Илиевски (екс Телма и Нова) ќе биде коментаторот.

https://sportmedia.mk/fudbal/reprezentacija/sportklub-za-prv-pat-so-prenos-na-makedonski-jazik
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.531
Поени од реакции
693
МТВ НЕМА ДА ПРЕНЕСУВА НИ ФУДБАЛ НИ РАКОМЕТ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Македонската радио телевизија, велат оттаму, не наишла на прифатлива понуда од ЕХФ Маркетинг за откуп на правата на пренос од ракометната Лига на шампиони, така што нашите претставници Вардар и Металург ќе ги гледаме на друго место.




По неколкудневни шпекулации дека Македонската радио телевизија нема да врши преноси од најдобриот европски ракомет и фудбал, сега и официјално стигна потврда за тоа. Во изјава за Офф.нет.мк уредникот на спортската редакција на МРТ и добро познато лице, Драган Николовски вели:

„Точно е, Македонската Телевизија нема да ја пренесува ракометната Лига на шампионите во сезоната којашто почнува деновиве. Во ситуација кога Македонија остана без претставник во женска конкуренција, а машките клубови се во надолна линија, дури и со реална неизвесност околу нивната перспектива во ЛШ, условите за склучување нов двегодишен договор со ЕХФ Маркетинг (а не да се договара сезона по сезона) беа премногу неповолни од финансиски аспект.

Како и во претходните неколку сезони, договорот требаше да ги опфаќа ТВ-правата за пренесување само на натпреварите на нашите претставници, обврската за ТВ-продукција и за сателитскиот аплинк на мечевите коишто ќе се играат во Македонија, како и ТВ-правата за завршните турнири во Будимпешта и во Келн.

Иако елитното европско натпреварување беше заштитен знак на спортската програма, раководството на МРТ процени дека влегување во овој проект под предвидените финансиски услови би било неодржливо во овој деликатен период.“

Договорот кој МРТ го имал со ЕХФ Маркетинг важел на три сезони и истекол со крајот на 2017/2018. За ова Николовски вели:

„Договорот тогаш беше на три сезони но беше во еден друг период во којшто ние наоѓавме логика за влегување во ризик.“

Ракометната Лига на шампиони започнува претстојниов викенд. Вардар во сабота од 17:30 му гостува на Монпеље, а Металург гостува кај Спортинг Лисабон од 19:30 часот.

Освен што сезонава нема традиционално да ги гледаме Вардар и Металург во Лигата на шампионите, јавноста останува со куси ракави и кога е во прашање најдобриот европски фудбал:

„МРТ и за наредниот тригодишен период (2018-2021) достави исклучително висока понуда до Тим Маркетинг, компанијата преку којашто УЕФА ги продава ТВ правата за фудбалската Лига на шампионите и за Лига Европа. Сумата којашто во моментов е незамислива за некоја од комерцијалните ТВ куќи во земјава да ги откупи правата за ексклузивното натпреварување, сепак, не беше доволна за МТВ да обезбеди ексклузивитетот како и во периодот од 2012 до 2018 година. МРТ стори се што е во нејзина моќ за суператрактивниот настан да го задржи на својата програма, но очигледно не можеше да се носи со финансиската супериорност на специјализираните спортски канали во регионот и на нивните овдешни дистрибутери...“, констатира Николовски.

Во ера на телевизиски гиганти со кои традиционалните национални сервиси тешко се носат, изборот на гледачите не е широк. Оние кои не можат да го приуштат задоволството да ги имаат „и тие и оние канали“, ќе одат по комшии, роднини или на места каде ќе се пренесуваат натпреварите од Лига на шампиони.

Македонската радио телевизија за сега останува на натпреварите од ракометната СЕХА лига и македонското кошаркарско првенство со простор за дополнително пополнување на програмата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Oвие во МРТВ ставиле еден документ Предлог годишна програма за работа на ЈРП МРТ за 2019 и тука во текстот си го најавуваат Уефа Лига Шампиони, Формула 1 за 2019 :eek:
http://mrt.interspace.mk/sites/default/files/Предлог годишна програма за работа на ЈРП МРТ за 2019 год.pdf

Но подоле некоја страна кога ќе се сврти во документов има дел спортска програма и таму нема пишано Лига Шампиони нити Формула 1.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Телеком си направиле два свој тв канали за Лига Шампиони.
Телеком спорт 1 и Телеком спорт 2
FB_IMG_1538477274316.jpg

Овие канали се само на MaxTv Go :eek:
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Последно уредено:
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
На арена мислам сите утакмици од СП ќе бидат пренесувани,, барем од тоа што можам да видам во првите два дена.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Dakar ќе пренесува некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom