Synthpop

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Synthpop (или Electropop) е жанр во рамките на поп музиката чиј зачеток треба да се бара некаде во осумдесетите години на XX век, во времето кога синтисајзерот полека станувал доминантен музички инструмент, и тоа како жанр кој паралелно (и со одредени дистинкции во формата и комплетниот музички израз) се развивал во Јапонија и Велика Британија. Негови 'ркулци може да се бараат и порано, можеби уште во 60-тите и 70-тите, во употребата на синтисајзерот во некои други музички правци, како Progressive-Rock или Disco. Некои го сметаат за дел од New Wave движењето во периодот на доцните 70-ти и раните 80-ти.

Се карактеризира пред се со употребата на синтисајзерите и електричните удиралки (drum machines), многу често дури и како замена на сите останати инструменти. Дефиниран е како правец чии „синтетички текстури“ и „роботска ригидност“ ја следат музичари со ограничена музикалност и музички вештини кои се потпираат исклучиво на технологијата за да произведат или репродуцираат музика. Резултатот од така продуцираната музика е често минималистички, со groove-ови кои се обично сврзани заедно преку едноставни повторливи рифови, многу често без да стане збор за никаква хармонска прогресија. Најчести теми на текстовите се изолацијата, урбаното беззаконие и чувствата да се биде емоционално ладен и неисполнет. Во втората фаза на развојот на Synthpop-от, текстовите полека стануваат потопли, за теми како романтика, ескапизам и желби. И иако Synthpop-от делумно потекнува од Punk Rock-от, тој го напушта акцентот на автентичноста и често води кон намерна извештаченост повинувајќи се пред се на формите како Disco и Glam Rock. Комплетно се занемарени влијанијата на музичките правци и целата култура кои доаѓаат од американскиот континент, како Jazz, Blues или Country, а наместо тоа, Synthpop-от се ориентира кон Европа, особено источна што се рефлектира пред се во имињата на бендовите и нивните песни. Подоцна, во Synthpop-от од новиот милениум, забележливо е сепак минимално влијание на Soul музиката.

За пионери на Synthpop-от се сметаат јапонската група Yellow Magic Orchestra и британските Ultravox и Human League. Подоцна, по комерцијалниот успех на Tubeway Army и Gary Numan, голем број музичари започнале да го шират звукот кој го опишале како „едноставен и строг“: Soft Cell, Orchestral Manoeuvres in the Dark, Depeche Mode во Велика Британија и P-Model, Plastics и Hikashu во Јапонија.


Кон средината на 80-тите, постепениот развој и поголемата достапност на полифонските синтисајзери, подемот на MTV и употребата на dance ритмите водел кон покомерцијален и подостапен звук на Synthpop-от, а бендовите како Duran Duran, Eurythmics, Japan, Ultravox, Visage, Adam and the Ants, Bow Wow Wow, Soft Cell, Spandau Ballet, ABC, Depeche Mode, па дури и Kraftwerk доживеале сензационален комерцијален успех. Во оваа, втора фаза од развојот на Synthpop-от може да се забележи еден поинаков развој на вокалите: тие се поемотивни, и со многу поизразени вокални атрибути. Пр: Marc Almond, Alison Moyet и Annie Lennox. Друга карактеристика од овој период е што синтизајзерот речиси ги исфрлил сите „непотребни“ членови на бендовите, па така најчесто станува збор за дуа, каде партнерот на пејачот го изведува цел инструментален дел.


Сепак, во последните години на деветтата деценија од XX век, Synthpop-от заминува некаде на маргините. Од тогаш ги имаме Pet Shop Boys, Erasure и The Communards.


Повторно интерес за истиот звук се појавува една деценија подоцна, кон крајот на 90-тите преку движењата како Indietronica и Electroclash, за во првата декада од XXI век да доживее повторна експанзија и огромен комерцијален успех со изведувачи како La Roux, Owl City, Hurts, Little Boots, Ladyhawke, Calvin Harris, Empire of the Sun, Frankmusik, Kaskade, LMFAO и др.


Влијанија на Synthpop како и цели Synthpop песни и албуми може да се забележат и кај Kesha, Britney Spears, Madonna, Nicki Minaj, Katy Perry, Jessie J, Christina Aguilera и Beyonce.


Во Јапонија пак се појавуваат женски Synthpop бендови како Perfume, Aira Mitsuki, immi, Mizca, SAWA, Saori@destiny и Sweet Vacation, а исто и во Кореја: Girls' Generation и Wonder Girls.


Значењето на Synthpop-от во развојот на некои музички правци како House музиката или Detroit Techno е огромен. Тој е правецот кој директно влијаел за да се појават овие музички правци. Synthpop-от е виновникот и за поставувањето на синтисајзерот како главен елемент во поп и рок музиката подоцна.

Сепак, најмногу е критикуван како правец кој не побудува емоции. Што мислите вие? (Секако, споделувањето Synthpop тука е задолжително! ;) )
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Немав место да додавам во почетниот пост на темава, затоа тука: најзначајниот претставник на Synthpop (Electropop) во поранешна Југославија: Denis i Denis (Марина Перазиќ) и Videosex (Ања Рупел):


И кај нас, Bei the Fish:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Мора да буде добро, да буде боље, да буде наааајбољееееееее...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom