Swiss Leaks

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Не знам дали знаеете, но има огромен скандал со швајцарската банка HSBC која овозможила да се спроведе најголемото перење на пари во историјата на светот.

http://www.index.hr/vijesti/clanak/poslovi-teski-100-milijardi-dolara-bankarski-div-hsbc-radio-s-diktatorima-i-svercerima-dijamanata/800093.aspx
http://www.bbc.com/news/business-31248913
http://www.theguardian.com/business/2015/feb/08/hsbc-files-expose-swiss-bank-clients-dodge-taxes-hide-millions

На линкот подолу можете да видите за бројот на банковни сметки по држави и суми кои се спомнуваат.

http://www.icij.org/project/swiss-leaks/explore-swiss-leaks-data
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.188
Поени од реакции
21.329
http://www.telegraf.mk/aktuelno/241795-svajcarska-banka-klienti-od-makedonija-cuvale-164-milioni-dolari

Плус ако клиентите имале и второ државјанство можеле да отворат сметка со другото државјанство, можно е да има и повеќе Македонци. Се надевам некојпат ќе ги дознаеме имињата, не поради данокот туку онака информативно да видиме дали тие личности имале можност тие пари со работа, бизнис итн. да ги заработат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не разбирам зошто пишува дека е швајцарска банка. HSBC дефинитивно не е швајцарска банка.

Сега прочитав, се работи за швајцарската подружница на HSBC. Инаку, кога најголемата швајцарска банка UBS беше во огромни проблеми, токму HSBC притекна во помош. Се разбира, покрај швајцарската влада која по цена на издавање на банкарската тајна не дозволи UBS да пропадне.
 
Грешка моја, во право си, швајцарска филијала на британската банка.

Исто така да се напомени дека не сите затајувале данок или имале незаконски активности.

Плус, во случајот на македонски државјани, со оглед каква ни беше државата тогаш, а и сега додуша, за водење на одреден тип на бизнис мора да имаш банкарски сметки во странство.

Еве сеуште не можеме да примаме пари на Пајпал со што практично ни се врзани рацете како македонси државјани за успех во светскиот екомерц.
 
Последно уредено:

HSBC е банка која е формирана во Хонк Конг. Пред петнаесетина години купи две англиски банки, Мидланд и уште една друга, не се сеќавам точно на името, па од тогаш се рачуна дека е и англиска банка. Се сеќавам дека тогаш бев на студии во Англија, и имав сметка во Мидланд банката, па потоа почнав да добивам материјали со логото на HSBC. Инаку, HSBC е втората најголема банка во светот. Што се однесува на швајцарската филијала, Швајцарците се познати по лов во матно. Кога UBS се обидуваше да го направи истото во САД, даночните служби во Америка ја притиснаа UBS до тој степен што мораше да ги даде имињата на сите американци кои се обидоа да ги исперат парите таму. Тој настан се смета за клучен во историјата на швајцарското банкарство, денот кога банкарската тајна умре. Интересно е што Швајцарците не научија ништо од тој случај па потоа неколку швајцарски банки се обидоа да ги превземат амерканските муштерии на UBS. Тогаш на американските данични служби им пукна филмот, и извршија толкав притисок, што една од најстарите швајцарски банки, Вегелин, буквално пропадна. После тоа, никој од Америка не се обидуваше да пере пари преку швајцарските банки. САД донесе и специјален закон, со кој секоја банка во светот е должна ако американски граѓанин отвори сметка таму, да ја информира американската даночна служба. Затоа верувам дека нема да има многу Американци на овие списоци.
 
Последно уредено:

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Не разбирам зошто пишува дека е швајцарска банка. HSBC дефинитивно не е швајцарска банка.
Хаха и јас истата реакција ја имав, си викам „која црна Швајцарска HSBC, Англиска е таа“, тек после капирав како се мислело..
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.247
Поени од реакции
78.874
ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО 2007 ГОДИНА
ХСБЦ банката ги објави тајните сметки, девет Македонци испрале 164 милиони долари

Република Македонија е лидер меѓу земјите на Балканот и поранешна Југославија во однос на сумите пари испрани преку швајцарскиот дел на британската ХСБЦ банка.

Поединци од нашата земја, преку оваа банка, испрале 164 милиони долари. Македонија е на 89 место на оваа ранг-листа. Во извештајот на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) пишува дека девет клиенти од Македонија отвориле 15 банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ. Податоците се однесуваат на период до 2007 година.......

Кои се овие, да ми је знати....
У ствари, не е тешко да се погоди, а она што стварно ме интересира е, дали има некоја земја од овие на листата од која, во случајов, се испрани повеќе милиони по глава на жител, од Македонија?
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Од тоа што го видов, нема. Водиме во милиони долари по глава на жител, во регионов.
Бугарија 380,0 милиони на 74 жители.
Србија 46,6 милиони на 38 жители.
Хрватска 33,2 милиони на 37 жители.
Словенија 24,5 милиони на 13 жители.
Црна Гора 7,5 милиони на 18 жители.

Македонија 164,1 милиони на 9 жители. Браво македонци, горди сме на вас.
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.006
Поени од реакции
2.043
Од тоа што го видов, нема. Водиме во милиони долари по глава на жител, во регионов.
Бугарија 380,0 милиони на 74 жители.
Србија 46,6 милиони на 38 жители.
Хрватска 33,2 милиони на 37 жители.
Словенија 24,5 милиони на 13 жители.
Црна Гора 7,5 милиони на 18 жители.

Македонија 164,1 милиони на 9 жители. Браво македонци, горди сме на вас.
Bratche kaj nas ne se zaebavaat. Udaraat sagllam.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom