Светски Македонски Конгрес: ОМД прави штета меѓу Македонците во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Голема грешка е на ОМД што предвреме најави признавање на Австралија на нашето уставно име.Така не се прави во дипломатијата,се работи тивко и без медиуми.Овие растапаа на сите ѕвона и оставија простор на Грција во тие неколку денови да направи притисок на Австралија.

Сите признавања на нашето уставно име дојдоја ненајавено.

За тодор Петров немора да се препираме.Самиот тој доволно си направил антипропаганда
 
Се сложувам, не знам каков аматер треба да бидеш да вака јавно најавуваш дека некој ке те призне под уставно име, посебно кога се работи за Австралија, треба да си бидеш крајно малоумен да веруваш во такво нешто.

Австралија е последна земја од повлијателните што би не признала, мое мислење е дека Австралија нема да направи никаков чекор се додека не се донесе некое решение или се прекинат преговорите/разговорите.
 
Е па не е за џабе како што вика самоук писател Ристо Крле ,,парите се отепувачка`` ;)
 
Треба да се забранат сите алапачки организации како СМК и ОМД или барем да се оградиме он нив и нивните активности и ставови. Не се вредни за внимание. Кур ги боле сите по австралии и нови зеланди за нашава држава и што се случува во неа и со неа. Треба да се укинат и пратеничките места за дијаспората. Што мака има некој од америка или австралија за некој си данок во Македонија кој ние треба да го плаќаме а тој го гласа во парламентот?! Никоја одлука за која тој ке гласа ,,за,, или ,,против,, не го погодува него! Македонскиот јазик им е полош од мојот англиски. Сто стапа по туѓ грб не болат. Па уште треба и да ги плаќаме и да ги сносиме трошоците! Така и со овие и сличните ним организации! Кој кур имаат тие мака па да шлапотат по светот. Нека си гледаат таму за нивните држави...... и онака за некое време ке се стопат со другите кои живеат во тие држави и ке ги снема.
 
Да, да, така е... Тие повеќе пари имаат дадено за изградба и оправување на државата него било кој премиер/патриот кај нас. Груевски ни 1/18 не сјеба за овие неколку години од тоа што тие организации го направиле за Mакедонија. Едуцирај се момче за овие работи, не ја касај раката која те храни. ;) Не заборавај кој највеќе и помага на нашава држава.

Тоа е целата работа што од тука се контролираат тие организации кои што треба да бидат самостојни и да ја работат својата идеологија како што прават албанците. Ние можеме само да им се фатиме за таквото бидејќи отсекогаш сме биле преваранти и лажговци кога пред очите имаме огромна сума на туѓи пари. :)
 
Опомена: престанете со офтопици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom