Oи,
На фејсбук задњи неколку дена ми излага ликов
Прегледај го приврзокот 480213
И у групен чат другари 3-4 видеа ми шернаа од него, и ок на почеток делуваше смешно, не дека ми беше искрено смешно ама ај, трагично беше тоа што го гледав, тотално недобро за слушање и гледање, ама денес ми пратија видео како вози и пак ги збори истите глупости, а позади имаше мало дете, што би рекол Бранко Илиевски од телма на времето кога коментираше фудбал, веќе ѓаволот ја однесе шегата.
Во кратки црти, мисли дека го следат, дека преку сателити и 5г антени му го уништуваат здравјето, му го контролираат умот, дека имал срцев удар пред некој ден поради ова, мислам, разгледајте му ги видеата ќе сфатите за каква недоброст станува збор, не верувам дека трола, иако добро би било тоа да е случаj.
Него шо ми е поентата и зашто зборам за ова, дај бе некој нека го прибере, нека го провери, дали институции, фамилија, сеедно, дефинитивно треба да се лекува, тоа е едно, второ, овој е темпирана бомба, и ако ескалира не верувам дека тоа ќе биде добро за тие околу него а и за него самиот, дали има шизофренија, за што и самиот говори во видеата, или нешто друго, поим немам, а не е ни битно, друг тоа треба да го установи, ако веќе не е и установено.
Гајле ми е и ако некое правило на форумов поебувам со шернатиот скрин, и баталете смеење и пукање сеир ко тие што му праат на видеава, за човеков треба да се реагира док не биде касно.