Survivor Србија/Хрватска

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
predosadno mi e. bukvalno isto pa isto nisto ne smenale od lani, ke izvubat na gledanost godinava
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Не ми е толку пеивлечна оваа сезона од предходната. Колку можам гледам.
Како што пишав и предходно игрите доста исти. Интересни се учесниците ама нема некој од кај србиве да се издвои, хрвативе некако како тим се подобри иако вчерашната епизода во играта одлични беа србиве.

Некој ја гледа друг сезонава?
Јас ја гледам. За жал ланската не ми е гледана за да споредам, само 2 сезони не ми се гледани од вкупно 6, втората и ланската (петтата), односно гледани ми се со Немања Павлов, Влада, Андреј (и Тони) и оваа сега. Таа сезоната со Немања имаше опасни сплетки, најдобриот натпреварувач според мене (Оги) одма го избација, најдалеку догураа тие што највеќе манипулираа и ги мамеа луѓето како да гласаат, такво нешто немам ни приближно видено другиве сезони до тој степен, се е онака смут, и тоа буцки што има се од водителите, за да не е досадно. Ова со Михаела е преглупо, може да си догура до финале вака повредена, нит смеат да ја гласаат нит ништо, а ништо не се покажала во игрите во кампот, најдобро според мене е да се игра како да е баш преживување, кој не може да издржи се враќа дома, кој се повреди исто се враќа, кој не може болката од повредата да ја издржи или му се комплицира раната исто се враќа, среќа или несреќа тоа е тоа, посурово треба да е малку, да не е само диета шоу и реклама на натпреварувачите. Игрите се ретардирани, понеделикот баш синиве ги прегазија црвените цела игра, на крај ништо не можеа да погодат 6:2 заврши за црвените, со гаѓање на крај се сите, кај се старите игри борење во кал, кошарка во вода, влечење јаже. Од натпреварувачите од женскиве никој не заслужува да победи, евентуално Наташа, од машките Лука, Лазар и Марко, од сините Давид, Денис и Амер се океј, ама не мислам дека имаат доволно во нив за победа. Пресмешен е Давид со изјавите, најјак е убедливо од сите, вика “Драга има голема дуууша“, “Ех што ќе беше да бевме избањати“, “Сега Драга ми падна на третото место, пошто кога победија направи така фаца со забите“
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Oвие сезони на Nova S и хрватската Nova се поразлични од она порано што се емитуваше.

Сега Survivor го работат со турска продукција и има некој измени.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Ги има некаде епизодите онлајн да се гледаат? Не можам во живо.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Ги има некаде епизодите онлајн да се гледаат? Не можам во живо.

Овде е српската верзија. Хрватската има друг водител и нешто минимално ако има измени.

Има и за симнување епизоди и Србија и Хрватска верзија на
balkandownload.org
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Зошто вака ги кратат епизодиве? Не ни го пуштија дуелот вечерва. И сега дуелот треба да го гледаме дури во понеделник.
А исто така вечерва ја немаше емисијата Survivor plus.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Тотално го баталив ова. Многу ми е слично со преходната сезона во полигон игрите.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
@MARCELLO ти ги знеш цакиве, да не има некаков начин да се гледа Нова или Нова с онлајн, бидејќи сите линкови што ги пробав за live stream на тие канали не работеа, пробав и хрватски/српски впн ама не беа добри. За отпосле прикачување на епизоди најдов многу извори, ама ми треба и ресурс каде што ќе можам да гледам во реално време бидејќи често се наоѓам надвор од дома каде што нема Нова, па да гледам на лаптоп сакам.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Некој знае страна за отпосле гледање епизоди кај што ги прикачуваат?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Некој знае страна за отпосле гледање епизоди кај што ги прикачуваат?
Пишано е веќе овде за страната.

Е сега ако сакаш да гледаш и хрватска верзија имаш на форумот Balkandownload.org за симнување и српска и хрватска верзија а ја има и студиската емисија Survivor plus што ја снимаат Nova Србија.

Хрватската верзија се разликува во монтажата на епизодите и во водителот. Дешавањата се истите ама хрватите повеќе предност даваат на хрватскиот тим а србите на српскиот тим.
Автоматски споено мислење:

Ова беше добар Survivor. Денешниов е безвезе.

 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Ова беше добар Survivor. Денешниов е безвезе.

Ова беше можеби и најинтересен, многу повеќе ми се допадна од 4тиот кога беа Накова и Жаре. Е сега за услови и самиот Тони има изјавено дека очекувал многу посурови, дека не го осетиле тој глад од првата и втората сезона. Интересно како полигоните беа пократки, а игрите поинтересни, се беше импровизирано во тие изданија (1-4) ама беше поубав вајб од сегашниве монотони полигони. Овој сега што се емитува се издвојува по непочитување, не памтам да имало други години за време на емитувањето вакви навреди ко смрди ко од континјер/бездомник, не ми се обраќај итн, не знам дали продукција ги буцка драма да прават или стварно се толку терсен карактери дел од учесниците.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Ова беше можеби и најинтересен, многу повеќе ми се допадна од 4тиот кога беа Накова и Жаре. Е сега за услови и самиот Тони има изјавено дека очекувал многу посурови, дека не го осетиле тој глад од првата и втората сезона. Интересно како полигоните беа пократки, а игрите поинтересни, се беше импровизирано во тие изданија (1-4) ама беше поубав вајб од сегашниве монотони полигони. Овој сега што се емитува се издвојува по непочитување, не памтам да имало други години за време на емитувањето вакви навреди ко смрди ко од континјер/бездомник, не ми се обраќај итн, не знам дали продукција ги буцка драма да прават или стварно се толку терсен карактери дел од учесниците.
Затоа и баталив да го гледам оваа сезона. Предходната ајде нешто поразлично па гледав ама оваа сезона игрите исти стил. Највеќе има она гаѓање во нешто.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Само Задруга каков Сурвајвер какви бакрачи.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Не коментирам бидејќи нема нешто многу форумџии што гледаат, но еве пред финалниот стадиум да споделам мислење.

Мој фаворит е Лео, но навивам исто и за Денис и Давид, кој и да земе од нив 3ца ќе е заслужено кај сините. Од црвените апсолутно никој не заслужува, секој секому си заби нож во грбот, овие што се најдоа во полуфинале буквално без пот стигнаа до него, освен Лука што беше пратен на некој дуел. Видете патот и број на дуели на кој биле пратени кај сините останати, додека кај црвениве како црвен тепих со 3/4 членови без ниеден дуел во цела сезона. Тактички одиграно маестрално.

Зошто не го хејтам Лео како многумина? Човекот доаѓа во Survivor и се приклучува во кланот кај девојка му (мислам и Марина/Енеа потврдија ова) или кај личноста што се симпатишат или кај единствената личност со која се знае од порано (имаат и интервју), тоа според мене е продукциски лапсуз, но сепак и Србија и Хрватска се мали земји, така да веројатноста некој со некого да се познава и не е толку мала. Единствените замерки за него се што не гласа во корист на Давид и Денис, туку против нив, што мислам е и разумно, кога женска ти ќе има кавга со некои странци, ти застануваш на нејзина страна, а не против неа, нема простор тука да му се замери. Исто како што Давид не се очекува да гласа за Денис, така и Лео не се очекува да гласа за Антонија. Мене тоа ми е скроз океј да си достоен на првичниот клан, за разлика од црвените кај кои секој на секого нож заби во грб. Почнувајќи од Марко што му заби нож во грб на Калу, потоа Ања и Драга што им забија нож во грб на Марко и Бојан.

Иксрено кај црвените никој не ме разочара, бидејќи апла се гледаше дека кај тие луѓе фејк беше пријателството и дека се беше нашминкано за пред камера, ете исплови тоа на површина. Кај сините единствено сериозно разочарување ми е Сања, бев на нејзина страна во бифот Марина - Сања, ама комплетно ме разочара со дволичноста, подмолноста, егоистичноста. Вкупно останатите имаат 15 дуела зад себе, она ниеден, дојде ред еднаш на дуел да ја пратиме, одма квичење, навреди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom