Super Wood

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ова не е најнова вест. Сепак не сум видел дека некој пишал на форумов во врска со неа. Пред неколку години научници од Универзитетот во Мериленд со помош на хемиска (издвојување на лигнинот од дрвото, меѓу другото) и термо обработка успеале од дрвото да создадат материјал кој по цврстината и и здржливоста не заостанува многу зад челикот, но е доста полесен, а и поисплатлив. Според научните вака обработеното дрво би имало широка примена во градежништвото, во автомобилската, односно во авионската индустрија. Овој дрвен материјал може и да се обликува по желба во текот на одредена фаза на неговата изработка. Понатаму дрвото е неколку пати потенко по обработката, што, исто така, оди во прилог.


Досега не се слуша многу за примената на овој материјал. Можеби е прерано, можеби, на крајот, откритието било преценето, или пак, едноставно, производството на челик, вообичаените производи од дрво се далеку попрофитабилни?
Немам поим. Секако дека е интересно да се дознае што се’ може да се направи со ова дрво, кои карактеристики ги изгубило при обработката, дали и колку е отпорно на влага, дали би можело да послужи и како материјал за изработка на мебел, врати, прозорци итн.

Постојат видеа на YouTube во кои се правени експерименти во домашни услови (третирани се неколку мали парчиња дрво). Резултатите се позитивни, ако се има предвид дека обработката е изведена со алатки кои обично ги имаме, или лесно се набавуваат. Карактеристиките се нешто послаби од очекуваните, ама со оглед на ограниченоста на опремата, и тоа е нормално.
Што мислите за иднината на овој материјал?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom