Ја го имав ова. (секако со додаток за американски и јапонски кертриџи, да може да се пуштаат). Веројатно една од најуспешните конзоли, која со последните игри, го надминуваше својот сопствен хардверски потенцијал (примери се DKC горе десно во сликата со кертриџи). Али тоа е затоа што кертриџите се всушност хардвер.
Интересно за оваа конзола беше фактот што јапонската и европската верзија имаа ист дизајн, а различно име, додека американската верзија имаше посебен робустен дизајн и исто име со европската.
Имињата се Супер Нинтендо (САД & Евр) и Супер Фамикон (Јап).
(горе на сликата во уводниот пост, е СуперФамикон, нешто што е очигледно, за тие што знаат да читаат)
Сега нешто сум невообичаено претерано загреан за New Nintendo 3DS XL. Го пробав и има доста разлика од 3D-то на неNew 3DS-овите, а и amiibo-то сеа може и на новиов 3DS.
Се надевам дека ќе успеам да го протнам у домашниот буџет за одмор и ваљда ќе имаат попуст некаков у Паблик, у Космос, крајот на август, почеток на септември, пошто многу ствари треба да се купат за него.
Се мислам едино дали да купам XL или обична верзија. Инаку ако 3DS-от не е New, нема логика да го купуеш.
Ах, повторно во безмилосниот свет на кертриџ гејмингот. $50 игра - here i come!