Странски рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Предлагајте... Добро е да се знае како се готви и што се јаде во светот. Преку храната може да се научи многу за другите култури а штом ќе завршам со обврскиве ќе ви преведам десетина рецепти од мојава земја којашто како девиза за гурмански муабет ја има поговорката "Dis moi ce que tu manges et je te dirai ce que tu es" или по нашки “Кажи ми како јадиш и ќе ти кажам што човек си“.

Ајт домаќинки и домаќини - оставам на вас.

:wink:
 
Мексиканската кујна според мене:)))
ќе побарам некои рецепти и ќе пишам..

Чили коцки од сирење

Состојки

* 450 g ренадано сирење
* 115 g зелени чили пиперки од тегла (чувајте го сокот)
* 12 јајца

Подготовка

Ја загреваме рерната на 175° C. Го ставаме во тепсија сирењето, го покриваме со пиперките, и од горе ставаме пак сирење. Ги мешаме јајцата со сокот од пиперките, и смесата ја ставаме над сирењето. Печиме во рерна 30-40 минути.. оставаме да се излади пред да направиме коцки.

Рагу со зајак на мексикански


Потребни состојки

- 1 зајак од 1,5 кг во маринада
- 150 гр чадена сланина
- 750 гр мешан зеленчук
- 2 главици кромид
- 200 гр грашок
- 200 гр боранија
- 4-5 лажици хопла
- корен и листови од целер
- 1 кафена лажица босилок
- 1 пилешка коцка за супа
- 1 кафена лажица мајчина душичка
- 1 кафена лажица рузмарин
- 100 мл бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка

Зајакот претходно треба да отстои 48 часа во маринада од целер, пашканат, моркови,кромид, лук ,црвено вино и зачини.
Го вадиме зајакот од маринадата и го ставаме на чинија. Го миеме зајакот со млака вода. На даската за сечење зајакот го сечеме на парчиња. Парчињата месо ги посолуваме. Ги наросуваме со мелен црн пипер. Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Сланината ја сечкаме на коцки. Исечканата сланина ја пржиме во тавата на оган. Мешаме за време на пржењето. Во тенџере на оган налеваме вода. Во тенџерето ја додаваме коцката и оставаме да се вари супа. Испржената сланина ја ставаме на чинија. Кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го додаваме во тавата на оган. Коренот од целер ситно го сечкаме. Исечканиот целер го додаваме во тенџерето со супата. Во тенџерето ги додаваме и мешаниот зеленчук и грашокот. Откако кромидот ќе омекне во тавата ги редиме парчињата месо. Во тенџерето ја додаваме боранијата. Рачките од целерот ги сечкаме на тенки долгнавести парчИња. Ги додаваме во тавата на оган. Парчињата месо ги превртуваме во тавата. Во тавата ги додаваме босилокот, мајчината душичка и рузмаринот. На крајот во тавата го налеваме белото вино. Обарениот зеленчук го вадиме од тенџерето и го ставаме во поголем длабок сад. Со црпалка во тавата на оган налеваме од супата во која се вареше зеленчукот. Ја покриваме тавата со капак и оставаме да се динста 30- тина минути. Во тавата ги додаваме претходно испржената сланина и хоплата. ПромеШуваме. Ја тргаме тавата од оган.
На едната страна на чинијата за сервирање го сервираме мешаниот зеленчук. На другата страна на чинијата ги сервираме парчињата месо од зајак. Со лажица месото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше. Декорираме со неколку млади кромитчиња.
 
Последно уредено од модератор:
Гастрономска разгледница

Грција


Grcko-zname.jpg



Грчката храна е одличен микс од ориентални и европски јадења, подготвени на различни начини, од варени до печени. Храната во оваа земја претежно е сезонска, одредени рецепти се подготвуваат во одредени периоди во годината, и освен што е мошне вкусна е и лесна за подготовка. Се употребуваат многу домати и тоа најчесто во течна форма како доматно пире. Земањето поголемо количество домати покажало дека со тоа се намалува ризикот од рак, па, веројатно, тоа е и главната причина што Грција е земја со низок процент на заболени од од оваа тешка болест. За подготовката на рецептите дадени подолу може да се случи да ви недостасуваат одредени продукти, но тоа и не е толку важно затоа што грчката храна, како што често знаат да речат нашите соседи, го нема истиот вкус подготвена надвор.

Јуварлакиа авголемона

Juvarlakia-avgolemona.jpg


Потребно:
За топчињата од месо:
1/2 кг мелено месо (мешано)
1 јајце
3 лажици ориз
1 главица кромид
1 лажица сечкан магдонос
сол
црн пипер
100 г растопен путер (додаток за посолената вода)
малку брашно за валкање на топчињата
За сосот:
3 јајца
2 лимона (сок)
Подготовка: Кромидот излупете го и ситно исечкајте го и на лажица путер малку пропржете го. Во сад ставете го меленото месо, додајте го во него испржениот кромид, измиениот ориз, сечканиот магдонос, изматеното јајце, солта и пиперот (по вкус). Се изедначете т.е. замесете месно тесто и оставете го во фрижидер да стои 2 часа. Од масата направете мали топчиња, валкајте ги во малку брашно и варете ги во зовриена вода. Во водата додадете малку сол и од горенаведеното количество путер. Кога топчињата ќе бидат готови додадете им го сосот од јајца и лимон, измешајте и веднаш садот тргнете го од огнот. Сосот: Јајцата добро изматете ги, додајте им го лимоновиот сок и лажица по лажица додавајте во врелата течност со постојано мешање. Време за подготовка: повеќе од 2 часа

Тестенини на коринтски начин

Testenina-na-korintski-naci.jpg


Потребно:
300 г вргањи
350 г тесто од јајца
400 г свежи скути
1 kвасец
2 јајца
павлака за готвење
магдонос
рендан пармезан
маслиново масло
Подготовка: Исчистете ги вргањите и исечете ги на парчиња. Исечканиот власец кратко пропржете го на масло. Додајте третина од исечените печурки. По 6-7 минути, додајте ја скутата и оставете да испари течноста. Во сад измешајте две жолчки, две раце рендан пармезан и малку сечкан магдонос, сол и црн пипер. Лесно промешајте, додека не добиете хомогена смеса. Од тесто направете квадрати со димензија 10 на 10 см. Навлажнете ги со вода и на секој од нив ставете доза од преливот. Тогаш секој квадрат завиткајте го и добро затворете ги краевите. Сварете ја тестенината. Преостанатите печурки пропржете ги на маслото и кромидот, па додајте половина чаша павлака за готвење и пржете уште неколку минути. Тестенината наредете ја во сад, претходно намачкан со путер и прелијте со сосот. Посипете со пармезан и потпечете во рерна на 200 степени Целзиусови.

Ѕаѕики

TZAZIKI-1.jpg


Мошне популарен и едноставен сос што одлично оди со риба, компир, месо и слично и едноставно се подготвува.
Потребно: (за 4 порции)
половина чаша кисело млеко
2-3 чешниња лук, истолчен
2 супени лажици маслиново масло
1 супена лажица оцет од бело вино
1 голема краставица
малку сол
црн пипер
босилек
Подготовка: Процедете го киселото млеко низ газа или филтер за кафе. Оставете го да се цеди најмалку еден час. Подоцна измешајте го со истолчениот лук, сечканата краставица, маслиновото масло и оцетот. Зачинете и посолете. Готовиот сос пред сервирање чувајте го во фрижидер.
Време за подготовка: 10 минути

Сефталија

Seftallija.jpg


Потребно:
1 марамица (јагнешка)
1 кг мелено месо (телешко)
1 лажица оцет
2 главици кромид (ситно сечкан)
2 лажици магдонос (ситно сечкан)
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка сушено нане
1 лажичка цимет
6 лажици презли
2 лажици маслиново масло
сол (по вкус)
Подготовка: Во сад измешајте млака вода со оцет. Ставете ја јагнешката марамица во растворот и оставете ја да стои еден час. За тоа време направете фил, односно измешајте ги сите состојки и се убаво измешајте. Од добиената маса со лажица вадете фил и обликувајте мали ролнички. Марамицата извадете ја од растворот, измијте ја со вода и со кујнска крпа малку засушете ја. Со остар нож исечете парчиња 10 на 15 см и на секое парче нанесете од филот со месо. Добро завиткајте и ставете на скара да се пече. Добро испечете од двете страни. Сервирајте топло. Време за подготовка: 90 минути

Грчка баклава

Grcka_baklava.jpg


Потребно:
1/2 кг кори за пита
250 г мелени бадеми
250 г мелени ореви
200 мл маслиново масло
1 лажица цимет
За сирупот:
150 г мед
600 г шеќер
500 мл вода
1 ќесе ванилин шеќер
1 лимон (сок)
Подготовка: Во еден сад измешајте ги бадемите, оревите и циметот. Во подмачкана тава ставете една кора, премачкајте ја со масло, па преку неа ставете уште три (секоја премачкана со масло). Ставете фил, па врз него распоредете две споени кори (секоја премачкана со масло) па фил, две кори и така со ред додека има фил. За последниот ред оставете четири кори. Површината на последните кори премачкајте ја со масло, со остар нож исечете во саканите форми (триаголници, коцки и сл.) и ставете да се пече. Печете на температура од 180 Целзиусови степени околу 40-45 минути, односно додека баклавата не добие убава златно-кафена боја. Прелијте со сирупот и оставете да се олади. Сируп: Во тенџере ставете шеќер, ванилин шеќер, вода и 6-7 минути варете. Тргнете го тенџерето од огнот, додајте сок од лимон, измешајте и додека е врело прелијте врз баклавата. Баклавата може да се посипе и со фстаци.
 
Pasta Carbonara na sicilijanski nacin ( za osobi)
-500gr spageti
-150gr sitno seckana slanina
-1EL maslinovo ulje
-1glavica kromid
-50ml Belo vino
-4 jajca
-2 mali pakovanja solena pavlaka
-200gr rendan parmezan
-biber, sol i sitno seckan magdanos
Spagetite se varat normalno 20 min. vo meguvreme se secka sitno kromidot i se zaprzuva zaedno so slaninata i maslinovoto ulje.
za sosot:
vo eden dlabok sad se mesaat jajcata so pavlakata, se dodava rendaniot parmezan i magdonos, i se zacinuva so sol i biber.
Gi cedime spagetite i gi vrakame nazad vo tendzereto, go dodavame kromidot so slaninata, potoa se dodava veke spremeniot sos, i se mesha na tivok ogan najveke 1min:)))))
Bon apetit:)
 
Школки во бело вино

Состојки:
900гр. Венус школки или оние црните незнам на македонски како се викаат
2 големи лажици путер
1 главица ситно сецкан кромид
3 истолчени чешниња лук
1 голема лажица брашно
300 мл бело вино
225 гр павлака
сол и бибер
4 големи лажици сецкан магдонос


Припрема:
1. Школките под млаз ладна вода темелно да се исчистат.

2. Во тенџере се става путерот да се растопи,му се додаваат кромидот и лукот и при средна температура се динстаат околу 5 мин. Брашното се додава и 2 мин се пржи.

3. Под постојано мешање се просипува белото вино и околу 2 мин се вари.

4. Се додаваат школките се поклопува и повеќепати се протресува. Се варат 15 мин. со повремено протресување се додека не се отворат школките.

5. На најниска температура се додава павлаката, се промешува, се посолува и забиберува и на крај се додава магдоносот.


Се сервираат со шпагети а може и само со лепче да се јадат.


Тип:
Најдобри се свежи школки, ги има во есен т.е. септември и октомври.
Ако се користат школки од конзерва тогаш варењето трае 2 до 3 мин.

Германски називи: Venusmuscheln, а црните школки Miesmuscheln
 
Зелка со јагнешко на истарски начин

потребно:

- 1 кг. јагнешки ребра
- 1 кг. кисела зелка
- 100 гр. чадена сланина
- магдонос
- 6 чешниња лук
- 2ловорови листа
- масло за јадење
- сол и црн пипер

подготовка:

На даската за сечење зелката ја сечеме на четвртинки. Потоа секоја четвртина ја сечкаме на парчиња. Исечканата зелка ја собираме во длабока чинија. Јагнешките ребра со сатар најпрво ги сечеме на половина. Потоа ги сечкаме на парчиња. Парчињата месо ги собираме на чинија. Месото го миеме и го оставаме на работната маса.
Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее. Чешнињата лук ги сечкаме на четвртинки. Парчињата лук ги собираме во сад настрана. На сланината и ја отстрануваме кожата. Потоа сланината ја сечкаме на поголеми коцки.
Во тенџерето со загреано масло ја ставаме исечканата зелка. Го додаваме исечканиот лук. Промешуваме. Во тенџерето ги додаваме ловоровите листови. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Парчињата сланина ги собираме на чинија. И парчињата сланина ги додаваме во тенџерето. Повторно промешуваме. Потоа во тенџерето ги ставаме парчињата јагнешко месо. Налеваме со вода. Го покриваме тенџерето со капак и оставаме да се вари.
Откако месото и зелката ќе се сварат, магдоносот ситно го сечкаме. Исечканиот магдонос го додаваме во тенџерето. Промешуваме со црпалка. Уште еднаш зачинуваме со мелен црн пипер. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Со лажица решетка вадиме од зелката со јагнешко на истарски начин на чинијата за сервирање. Декорираме со ситно сечкан магдонос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom