Стоп за задолжувањата на Владата!

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека владата треба веднаш да престане да се задолжува?

  • ДА

    Гласови: 88 74,6%
  • НЕ

    Гласови: 19 16,1%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 11 9,3%

  • Вкупно гласачи
    118
Намерно направија задолжницата да не важи за државата. Бетер од кумунизмот сме, само луѓе блиски до партијата си ги добиваат парите на време.
Државата се иззема од сите закони и финансиски инструменти, а е најголем работодавач. Која иронија а :)
 
Имав еден муабет за ова со еден економист. Во основа тоа е безкаматно задолжување од макроекономски аспект е сосема исто како издавање на обврзници. Да нема камата ама затоа фирмите имаат потешкоти во работењето а тоа резултира со проблеми при собирањето даноци. А од друга страна и се руши репутацијата на владата како коминтент и сите што можат да ја одбегнат ја одбегнуваат а со тоа плаќа поголеми цени за тоа што го работи со приватниот сектор. Така да и на неа и се фаќа исто срање.
Целиов муабет е чисто малење празна слама и политика.
 
Кажи му го тоа на некој што неможе да си наплати од Владата, а го чекаат неплатени фактури и му шибаат тужби.
Кажи му дека е политика.
 
Сам си преземал ризик. Прво правило во бизнисот. Со држава тикви не се садат. Кој не го научил тоа може БЦ или НГ да му се криви после...
 
На народов уште некој не му кажал дека живееме во капитализам не во комунизам, ако на некој не му се продаде кромидот одма на штрајк пред владата или владата да го купи или ќе блокирале улици, некој не му се свига што не знае да произведе ефтина пченица трк плачи кај владата , и оп владата ќе забрани увоз на ефтина пченица и после пцујте дека ќе поскапел лебот и се чудат сите зошто поскапел лебот. Некој не знае да издава книги и нашол со владата да сади бизнис за нив да штампа божем пред тоа не знаел дека должи со месеци да ги исплати обврските. Сите успешни компании од Македонија не работат за владата ни Алкалоид не работи, ни Макпрогрес, ни леов ни Џонсон Контрол ни Џоносн Мети, , ни Фени, ни ИГМ да не редам стотина компании , сите тие се извозно ориентирани , едини некој потешкотии што имаат е каснењето до 2-3 месеци при враќање на ДДВ. Но на успешните Македонски компании ни доцнењето на ДДВ не им преставуваше проблем да зголемат продажба и да зголемат Приходи и Добивки. Не дека нема последици каснењето со поврат на ДДВ но тоа ги погодува највеќе компаниите кој се на стаклени нозе со години што не инвеситрале ни денар во развој во проширување производство, воведвање технолии итн. А дека треба владата на време да го враќа ДДВ и да си ги сервисира обврските кон компаниите треба, но не државата главен виновник за тоа што многу компании имаат неспособен менаџмент и од Македонскиот пазар подалеку не размислуваат така не се развива економија.
 
Ни Apple не работи со владата. Сервисери, одржување на лифтови, греење, пенџериња и ред други потреби на државните и јавни фирми. Некои буџетски згради немаат лифт заради неодржување додека нивните работодавци правеа некојаси патека за инвалиди кај Собрание. Некои немаат коли, некои немаат гориво...Должат за струја, вода, сервиси...
Државните институции должат над 15 милиони евра за струја и за вода

Покрај домаќинствата, неплаќачи има и меѓу локалните и државните институции кои неофицијално му должат на ЕВН околу 10 милиони евра.

“Бетон“ објави дека државата му должи „најмалку“ 37,6 мил. евра за градскиот стадион во Скопје за да следи демант од Бетон,

Локалните и државните институции должат се повеќе. Како ќе се раздолжуваат не кажува никој. Пресметката за што се должат во моментов е комплицирана, но кога дошло до таму да немаат пари за вода и струја, се чини ситуацијата е јасна

Трошењето државни пари - строго доверливо
 
Многу е паметен овој Лион, а и тие Алкалоид се многу паметни што не соработуваат со Државата, еден бизнис што ќе направеа...

За се ќе најде оправдание... Ало, обврските треба да се подмират навремено, затоа се обврски, не се за да се правдаат на кајгана форумот...
 
ОСМЕЛИ СЕ - СОРАБОТУВАЈ СО ВЛАДА НА РМ!!!
 
На народов уште некој не му кажал дека живееме во капитализам не во комунизам, ако на некој не му се продаде кромидот одма на штрајк пред владата или владата да го купи или ќе блокирале улици, некој не му се свига што не знае да произведе ефтина пченица трк плачи кај владата , и оп владата ќе забрани увоз на ефтина пченица и после пцујте дека ќе поскапел лебот и се чудат сите зошто поскапел лебот. Некој не знае да издава книги и нашол со владата да сади бизнис за нив да штампа божем пред тоа не знаел дека должи со месеци да ги исплати обврските. Сите успешни компании од Македонија не работат за владата ни Алкалоид не работи, ни Макпрогрес, ни леов ни Џонсон Контрол ни Џоносн Мети, , ни Фени, ни ИГМ да не редам стотина компании , сите тие се извозно ориентирани , едини некој потешкотии што имаат е каснењето до 2-3 месеци при враќање на ДДВ. Но на успешните Македонски компании ни доцнењето на ДДВ не им преставуваше проблем да зголемат продажба и да зголемат Приходи и Добивки. Не дека нема последици каснењето со поврат на ДДВ но тоа ги погодува највеќе компаниите кој се на стаклени нозе со години што не инвеситрале ни денар во развој во проширување производство, воведвање технолии итн. А дека треба владата на време да го враќа ДДВ и да си ги сервисира обврските кон компаниите треба, но не државата главен виновник за тоа што многу компании имаат неспособен менаџмент и од Македонскиот пазар подалеку не размислуваат така не се развива економија.

Оти не работат со Влада затоа обврските ги каснат над 90 дена.
Алкалоид ти е од 90 до 120 дена или компензација чај, иди продај го или испиј го после.
Игм над 90 дена. Фени исто.
Џонсон работат само со странски комитенти и основните елементи како превоз ги плаќаат на странци, ни денар за македонска економија.
Макпрогрес се единствени од овие набројани како исклучок и за пофалба до 30 дена плаќање обврски.
Се гледа дека трескаш од ракав и дека немаш поим од реален сектор.
 
Ајде на здравје!
Ставрески во Токио договори заем од 250 милиони евра
zoran-stavreski-568x272.jpg

Нов заем од 250 милиони евра ќе земе Македонија идната година, а парите ќе се трошат за сите буџетски потреби, изјави за Капитал во Токио министерот за финансии, Зоран Ставрески.
„Идната година ќе ни бидат на располагање околу 250 милиони евра, дел од нив од Светската банка, а за останатите оваа меѓународна финансиска институција ќе гарантира кај комерцијалните банки за да добиеме подобри услови за позајмување. Парите ќе ги искористиме за финансирање на сите буџетски потреби идната година“, изјави Ставрески за Капитал по средбите со претставниците на Светска банка и ММФ во Токио.
Министерот за финансии за весникот потврдил дека веќе се крои буџетот.
„Се уште не се знае колку точно пари од Буџетот за 2013 ќе бидат одвоени за инфраструктурни проекти, меѓутоа Владата ги има предвид сите препораки од извршниот директор на ММФ, Кристин Лагард, за зголемување на капиталните инвестиции. Идната година дефинитивно повеќе пари ќе се вложат во гасификацијата на земјата, изградбата на патничките и железничките коридори, Луково Поле и неколку други големи инфраструктурни објекти“, изјави Ставрески.
 
Ова се повеќе и повеќе ми личи на Грчкото сценарио, сега пари ќе ни даваат за глупости и расфрлање, а кога најмногу ќе ни требаат тогаш ќе мора да распродаваме она што ни е неопходно (читај ЕЛЕМ, МЕПСО, автопатишта, водоводи).
Ама битно е дека следните избори мора да се добијат.
 
Добра емисија ВИН-ВИН, гости Трајко Славевски и Зоран Јовановски
 
Оти не работат со Влада затоа обврските ги каснат над 90 дена.
Алкалоид ти е од 90 до 120 дена или компензација чај, иди продај го или испиј го после.
Игм над 90 дена. Фени исто.
Џонсон работат само со странски комитенти и основните елементи како превоз ги плаќаат на странци, ни денар за македонска економија.
Макпрогрес се единствени од овие набројани како исклучок и за пофалба до 30 дена плаќање обврски.
Се гледа дека трескаш од ракав и дека немаш поим од реален сектор.
:facepalm:
Јас едно пишувам ти сосем трето ми кажуваш. Јас ти кажувам без разлика што државата касни со враќање на ДДВ добрите компании пак бележат добри финансиски резултати ти почна да ми кажуваш за колку време компаниите ги плаќале обврските спрема своите комитенти. Што нема врска со мојот пост. Ама важно да реплецираме и да продаваме мозок. А очигледно и Ставревски и Горан Трајковски ќе ти позавидат како на памет за сите компании им го знаеш паричниот тек . А на кајгана , по колку денови им каснат:ROFLMAO:
 
Аналитичаров :facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom