На народов уште некој не му кажал дека живееме во капитализам не во комунизам, ако на некој не му се продаде кромидот одма на штрајк пред владата или владата да го купи или ќе блокирале улици, некој не му се свига што не знае да произведе ефтина пченица трк плачи кај владата , и оп владата ќе забрани увоз на ефтина пченица и после пцујте дека ќе поскапел лебот и се чудат сите зошто поскапел лебот. Некој не знае да издава книги и нашол со владата да сади бизнис за нив да штампа божем пред тоа не знаел дека должи со месеци да ги исплати обврските. Сите успешни компании од Македонија не работат за владата ни Алкалоид не работи, ни Макпрогрес, ни леов ни Џонсон Контрол ни Џоносн Мети, , ни Фени, ни ИГМ да не редам стотина компании , сите тие се извозно ориентирани , едини некој потешкотии што имаат е каснењето до 2-3 месеци при враќање на ДДВ. Но на успешните Македонски компании ни доцнењето на ДДВ не им преставуваше проблем да зголемат продажба и да зголемат Приходи и Добивки. Не дека нема последици каснењето со поврат на ДДВ но тоа ги погодува највеќе компаниите кој се на стаклени нозе со години што не инвеситрале ни денар во развој во проширување производство, воведвање технолии итн. А дека треба владата на време да го враќа ДДВ и да си ги сервисира обврските кон компаниите треба, но не државата главен виновник за тоа што многу компании имаат неспособен менаџмент и од Македонскиот пазар подалеку не размислуваат така не се развива економија.