Од вчера се чудам зошто никој не отвара тема, или можеби јас не можам да најдам, па еве таман како
одговор на прашањето на ММФ, не одговара владата нели, туку бизнис заедницата:
Објавен долгот кон стопанството за 2011
Само до крајот на минатата година државата му должела на приватниот сектор 226 милиони евра. Ова денеска го објави Европската бизнис асоцијација повикувајќи се на податоците од Централниот регистар за состојбата со краткорочните ненаплатени фактурирани побарувања заклучно со декември 2011 година: „
Бизнис секторот некако континуирано сметаше дека побарувањата во најголем дел доаѓаат од државата, сепак, официјалните податоци од Централниот регистар на Македонија укажуваат на тоа дека 73 проценти од краткорочните побарувања отпаѓаат на побарувања од купувачите кои не спаѓаат во јавниот сектор, а само 4,3 отсто од овие побарувања, сепак во висока вредност од околу 226 милиони евра се должат на побарувања од државата“,рече Александра Наќева Ружин, претседател на Европската бизнис асоцијација.
Во услови на рецесија решението на проблемот со ликвидноста и според ММФ е еден од клучните предизвици. Претставникот на меѓународната финансиска институција во земјава ја поздравува најавата од Владата за раздолжување но нема информации како тоа ќе се реализира:
„Колкава е всушност сумата и долговите јас не знам. Второ прашање е ако имате сума, дали е тоа се`. Тоа исто така не го знам. Каков е планот, видов дека плаќањето ќе биде до крајот на февруари но уште поважно е какви промени ќе се направат за ова да не се повтори“, рече Александар Тиеман, претставник на ММФ во Македонија.
Според ММФ државата води стабилна монетарна и финансиска политика, но предупреди да се внимава на висината на јавниот долг:
„Најавени се зголемувања на пензиите и на платите, сите овие работи чинат пари. Ако сакате да одржите ниско ниво на дефицит и ниски даноци, но и да имате план за трошење, ова се спротиставени страни. Од нешто мора да се откажете, што е тежок избор, но во тоа е успешноста на една влада“, рече Тиеман
Исполнување на ветувањето за раздолжување во дадениот рок очекува и бизнис заедницата. За да не се повторат проблемите со долговите бараат да се донесе законот за финансиска дисциплина што ќе важи и за државата. Проекциите за растот годинава и на ММФ ќе се движат како и на Народната банка, меѓу 0% и 1%. За догодина се прогнозира умерено заздравување на економијата, што сепак главно ќе зависи од движењата во ЕУ која е главен трговски партнер на Македонија.
Останати извори.